Јованчев: Лозарите се изманипулирани и излажани, лозјето скапува по нивите

Владата на СДСМ и Зоран Заев ги опустошија лозарите. 

Иако ветуваа дека целото грозје во Тиквешијата ќе се откупи по минимум лански цени, во овој момент можеме да заклучиме дека лозарите се целосно изманипулирани, излажани и оставени на цедило од оваа ненародна и мафијашка власт.

Милиони килограми на грозје од сортата вранец кои се наоѓаат на стотици хектари лозови насади во моментов се необрани и скапуваат по нивите. Лозарите се оштетени со илјадници евра по домаќинство. Оваа година им се случува целосен економски колапс. Има фамилии на кои главната егзистенција им е лозарството. Во наредниот период стотици фамилии нема да имаат средства за да егзистираат воопшто, а најверојатно нема да можат да ги подмират и долговите кои ги имаат направено спрема земјоделските аптеки и водостопанство во оваа реколта.

Пред дваесет дена кога се гласаше за избор на новата влада, на новото собраниско мнозинство му предложив под итно да се закажи собраниска седница на која ќе разговараме за проблемите во лозарството, меѓутоа нивниот шеф Зоран Заев во реплика ме убедуваше дека целото грозје ќе се откупи по лански цени, но Зоран Заев не би бил тој доколку тоа што го вети го реализира. Не знам веќе по кој пат ги излажа, па малку му беше што ги излажа на собраниска говорница, туку минатата недела дојде во Кавадарци и гледајќи ги во очи лозарите ги излажа, ги изманипулира и со своите постапки целосно ги уништува измачените и напатени лозари.

Во една од винариите блиска до власта грозјето од сортата вранец се откупува за седум и пол денари, а Смедеревката за шест и пол денари. Тоа е животот за сите кои им го ветуваа на лозарите во предизборието, а сега го реализираат на дело.

Затоа почитувани граѓани, оваа ненародна власт мора да си замине што поскоро за да повторно лозарите се чувствуваат сигурно и кога ќе дојде бербата на грозјето да биде празник за сите, а не да не знаат кој пат да го фатат. На лозарите и сите земјоделци главна обврска треба да им биде да направат добро произвоство, а на Владата треба да им биде обврска да им овозможат услови на сите земјоделци без проблем со пристојни цени да го продадат својот род. Со оваа ненародна власт, пристојните цени и сигурниот пласман се само утопија.

Зоран Јованчев, Пратеник од ВМРО-ДПМНЕ

Локалните избори во Србија и изборите во Белград ќе се одржат на 2 јуни

Претседателката на српскиот парламент, Ана Брнабиќ, за недела, 2 јуни, распиша локални избори во 66 единици на локалната самоуправа во Србија.

Во своето обраќање во српскиот парламент, Брнабиќ рече дека распишувањето на локалните избори за 2 јуни, кога ќе се одржат и изборите во Белград, е резултат на „успешниот дијалог“ и усвојувањето со двотретинско мнозинство во парламентот на измените и дополнувањата на законот за локални избори.

- Среќна сум што испративме порака од парламентот до сите наши граѓани дека како нивни избрани претставници сме способни да постигнеме договор и покрај сите наши разлики. Ваквиот договор е победа на сите одговорни луѓе, рече претседателката на српскиот парламент.

Веднаш потоа, претседателот на привремената управа на Белград, Александар Шапиќ, за недела, 2 јуни, распиша избори во 17 белградски општини.

Шапиќ рече дека од денеска почнуваат роковите за спроведување на изборните дејствија.

- Им посакувам среќа на сите учесници на изборите и на граѓаните кои покрај претставниците во собранијата на градските општини избираат и свои претставници за Собранието на град Белград, рече Шапиќ.

Украина ги повлекува американските тенкови „Абрамс“ од првата борбена линија

Украина ги отстрани борбените тенкови „Абрамс М1А1“ од фронтот, потврдија двајца американски воени претставници. 

Ваквиот потег тие го објаснија со тоа што руските беспилотни летала ја отежнале операцијата на тенковите.

Украина ги отстрани борбените тенкови „Абрамс М1А1“ од фронтот, потврдија двајца американски воени претставници. Ваквиот потег тие го објаснија со тоа што руските беспилотни летала ја отежнале операцијата на тенковите.

САД се согласија да испратат 31 „Абрамс“ во Украина во јануари 2023 година по агресивната повеќемесечна кампања на Киев. Украинците тврдат дека тенковите, кои чинат околу 10 милиони долари по парче, се клучни за нивната способност да ги пробијат руските линии.

Пет од 31 тенк веќе се изгубени во руските напади. Висок американски воен функционер, кој сакаше да остане анонимен, истакна дека ширењето на беспилотните летала на украинското бојно поле значи дека „нема отворен терен преку кој можете само да возите без страв дека ќе бидете откриени“.

Дека тенковите се поместени од линијата на фронтот потврди и потпретседателот на Здружениот Генералштаб Кристофер Грејди, но најави и дека Вашингтон ќе му помогне на Киев да подготви нова тактика.

-Кога размислувате за начинот на кој борбата еволуирала, масивниот оклоп во средина каде што се присутни беспилотни воздушни системи може да биде изложен на ризик. Ќе работиме со нашите украински партнери и другите партнери на теренот, за да им помогнеме да размислат како можат да ги користат, во таква променета средина, каде што сè е веднаш видливо, рече тој, додавајќи дека тенковите се сè уште важни.

Кривична пријава против велешанка за употреба на исправа со невистинита содржина

Велешката полиција поднесе кривична пријава против М.В.(44) од Велес, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“. 

Како што информираат денеска од МВР, пријавената, на функција директор во општинска јавна установа за деца - детска градинка во Велес, прибавила меѓународно признаен сертификат за познавање на англиски јазик со нејзино име, издадена од училиште за јазици од Пловдив, Бугарија.

Иако знаела дека исправата е со невистинита содржина, М.В. ја употребила како доказ дека поседува меѓународно признаен сертификат при нејзиното аплицирање на Јавен оглас за избор на директор на детската градинка, по што и била именувана на функцијата.

притисни ентер