18 загинати во руски воздушни напади врз Киев – Зеленски алармира на недостиг на пресретнувачки ракети
118 загинати во руски воздушни напади врз Киев – Зеленски алармира на недостиг на пресретнувачки ракети
3Кузеска: Мицкоски не се откажува од изборен грабеж, гласањето по пошта е само новиот обид за манипулација
ТенисЈотовски стартуваше со победа во БрчкоМакедонскиот тенисер Томислав Јотовски стартуваше со победа на фјучрс турнирот во Брчко. Тој во мечот од 1.коло го победи Унгарецот Габор Боршош со 2:0 во сетови. Првиот сет нашиот тенисер го доби на убедлив начин со 6:0 во гемови, а во вториот сет имаше повеќе неизвесност. До 4:4 во гемови беше нерешено, а во следниот гем Јотовски ја искористи шансата и направи брејк за водство до 5:4 и сетот го доби со 6:4. Во следниот меч Јотовски ќе игра со победникот од дуелот Лукас Јастрауниг и Оливер Наѓ. Попладнево македонскиот тенисер ќе игра и во игра на двојки.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07Мицкоски на потпишување на договор за изградба на автопат Скопје-Блаце08:50Мицкоски: Опозицијата бега од реформи во Изборните законик поради страв од пораз15:00Мицкоски од Кавадарци: Владата продолжува со поддршка на проектите во општините кои ќе го подобрат квалитетот на живот 13:20
Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43
Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07
Мицкоски од Кавадарци: Владата продолжува со поддршка на проектите во општините кои ќе го подобрат квалитетот на живот 13:20
Свет18 загинати во руски воздушни напади врз Киев – Зеленски алармира на недостиг на пресретнувачки ракетиНајмалку 18 луѓе загинаа, а повеќе десетици се ранети во најновите жестоки руски водзушни напади врз Киев, само неколку дена откако во слични напади беа убиени над 30 цивили. Како што соопштија украинските власти, мета на нападите биле повеќе згради во главниот град, каде што избувнале пожари, а меѓу повредените има и деца. Според информациите, Русија употребила 350 беспилотни летала, 40 крстосувачки ракети, но и речиси 30 балистички и суперсонични проектили, од кои безмалку ниту еден не бил соборен. Киев призна дека украинската одбрана претрпела огромен удар поради сериозниот недостиг на пресретнувачки ракети за системот патриот, кој единствено може да соборува балистички проектили. Украинскиот претседател Зеленски апелираше до сојузниците да донесат силни одлуки на самитот на нато утре и задутре за да и обезбедат на украина воздушна одбрана. Додека ракетите „Патриот“ се во магацините на нашите сојузници, Русија е само охрабрена да продолжи да уништува станбени згради“, напиша Зеленски на социјалните мрежи..Тагови: Киев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07Мицкоски на потпишување на договор за изградба на автопат Скопје-Блаце08:50Мицкоски: Опозицијата бега од реформи во Изборните законик поради страв од пораз15:00Мицкоски од Кавадарци: Владата продолжува со поддршка на проектите во општините кои ќе го подобрат квалитетот на живот 13:20
Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43
Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07
Мицкоски од Кавадарци: Владата продолжува со поддршка на проектите во општините кои ќе го подобрат квалитетот на живот 13:20
ЕвропаГолеми пожари беснеат во јужна Европа – во Франција евакуирани 10 илјади луѓеШумските пожари продолжуваат да беснеат низ јужна Европа, принудувајќи илјадници жители да ги напуштат своите домови, додека високите температури и силниот ветер дополнително ја влошуваат состојбата.Најкритично е во југозападниот дел на Франција, во близина на Перпињан, каде што се евакуирани повеќе од 10.000 жители. Повеќе од 700 пожарникари, со поддршка од специјализирани авиони, се борат со огнената стихија, што досега зафати околу пет илјади хектари. ALERTE - La situation est maintenant catastrophique dans les Pyrénées-Orientales. Des villages sont cernés par les flammes. https://t.co/kkegcPR0sK pic.twitter.com/nODqyxpMtz — Infos Françaises (@InfosFrancaises) July 5, 2026 Поради опасноста, француските власти донесоа одлука третата етапа од велосипедската трка тур де франс низ пиринеите да се одржи без присуство на публика. Пожари се активни и во Португалија, Шпанија и Грција. Токсичниот облак предизвикан од пожарот во Орео-Кастро кај Солун со помош на ветерот се прошири на југ кон Атика и стигна дури до Пелопонез поради променливите ветрови.Тагови: пожари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКузеска: Мицкоски не се откажува од изборен грабеж, гласањето по пошта е само новиот обид за манипулацијаМицкоски и ВМРО немаат намера да се откажат од обидите за манипулација и злоупотреби со над 200.000 гласови од дијаспората.Откако сфати дека не може да го протнешверцерскиот начин за електронско гласање на дијаспората без никака контрола, сега се обидува со некакво гласање по пошта. И повторно без никаква контрола и гаранција за почитување на слободната волја на граѓаните - нов модел и можност за изборни манипулации и нерегуларности. Не му е важна на Мицкоски реформската агенда - тоа му е само изговор. Важен му е само изборниот грабеж. Позициите на СДСМ за Изборниот законик не се радикалистички како што сака Мицкоски да ги прикаже. Радикалистички е начинот на кој тој сака да го спроведе изборениот грабеж. СДСМ не е против дијаспората да гласа, дијаспората гласа и сега. Тоа е лага на ВМРО. Но, сме против начин на гласање кој не обезбедува сигурност, транспарентност и заштита на изборната волја. Предлогот електронското гласање да се замени со гласање по пошта, без Државната изборна комисија да има можност со консензус да ги утврдува правилата и механизмите на контрола, не ја подобрува демократијата во изборниот процес. Тоа создава нови ризици за нерегуларности, злоупотреби и изборни манипулации. Опасно и загрижувачки е тоа што ВМРО категорично одбива ДИК, со консензус, да ги регулира процедурите за гласањето на дијаспората. Од што се плаши власта? Ако навистина нивната цел е фер и демократски изборен процес, тогаш зошто бегаат од механизам што обезбедува контрола, доверба и согласност меѓу сите политички чинители? Но, вистината е дека нивната цел не е подобар изборен процес, туку отворање простор за изборен инженеринг и манипулација. СДСМ нема да дозволи изборен грабеж, ние имаме обврска да го заштитиме гласањето и овие игри на ВМРО не ги прифаќаме. Власта треба да се откаже од овие намери, да се повлече и да се достави предлог ДИК со консенсуз да може да го регулира гласањето на дијаспората. Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска - портпаролка и членка на ИО на СДСМТагови: Богданка Кузеска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07Мицкоски на потпишување на договор за изградба на автопат Скопје-Блаце08:50Мицкоски: Опозицијата бега од реформи во Изборните законик поради страв од пораз15:00Мицкоски од Кавадарци: Владата продолжува со поддршка на проектите во општините кои ќе го подобрат квалитетот на живот 13:20
Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43
Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07
Мицкоски од Кавадарци: Владата продолжува со поддршка на проектите во општините кои ќе го подобрат квалитетот на живот 13:20