Јотовски напредуваше на АТП листата - Канал 5

Јотовски напредуваше на АТП листата

Македонскиот тенисер Томислав Јотовски направи скок од 37 места на АТП листата и сега го има најдобриот ранг во кариерата и се наоѓа на 532 место со вкупно 64 поени. Ова е за пет позиции подобро од неговиот најдобар ранг досега (537).

Јотовски напредуваше на АТП листата
Од другите македонски тенисери Димитар Грабул со 36 поени остана 681 место, а Шендрит Дераи (1.395 место), Бесир Дургути (1.400 место) и Стефан Мицов (1.406 место) имаат по 4 поени.

Кај жените Лина Ѓорческа е рангирана на 391 место со 87 поени, додека во двојки се наоѓа на 330 место , што е нејзин најдобар ранг.
Магдалена Стоилковска со 3 поени е на 1.211 место во поединечна конкуренција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Аматери“ со награда за најдобра колективна актерска игра – вечер во Куманово што ќе се памети

Понекогаш театарската награда не доаѓа само како признание за добро одиграна претстава, туку како потврда дека на сцената се случило нешто што ја надминало самата изведба. 

„Аматери“ со награда за најдобра колективна актерска игра – вечер во Куманово што ќе се памети

Токму таква вечер беа „Аматери“ на Театар Комедија на 29. Меѓународен театарски фестивал „Денови на комедијата“ во Куманово, каде ансамблот беше награден за најдобра актерска колективна игра.

Во полна сала, „Аматери“ не ја остави публиката само во улога на набљудувач. Напротив – уште од првите сцени воспостави жив сценско-публицитетен нерв, во кој секоја реплика, гест, пауза и актерска реакција го наоѓаа својот точен одглас во салата.

Комичниот материјал беше пласиран со прецизност, но она што особено се наметна беше компактноста на ансамблот – чувството дека актерите дишат во ист ритам и дека секоја сцена е градена како заеднички механизам, во кој ниту еден елемент не останува изолиран.

Фото: Facebook НУЦК "Трајко Прокопиев" Куманово/Никола Ивановски и Неда Арсениевска

„Аматери“, во режија, авторство и музика на Синиша Евтимов, е поставена врз намерно хибриден сценски јазик, во кој историјата, поп-културата, апсурдот и фарсичната игра се судираат и меѓусебно се надополнуваат.

Таа постојано ја поместува границата меѓу реалното и фиктивното, меѓу препознатливото и апсурдното, создавајќи динамична сценска структура во која актерот е истовремено лик, коментатор и двигател на комичкиот настан.

Фото: Facebook НУЦК "Трајко Прокопиев" Куманово/Никола Ивановски и Неда Арсениевска

Но кумановската изведба покажа и нешто дополнително – моќта на непосредниот контакт со публика.

Особено силен сценски одѕив предизвика сцената со Куманово, во која играат Атанас Атанасовски, Валентин Костадиновски – Тино, Виктор Арсов, Столе Мицов, Тони Денковски, Илија Илиоски и Сергеј Димоски.

Кумановскиот дијалект, внесен како органски дел од актерската игра, не функционираше само како јазична досетка, туку како драматуршки инструмент – му даде на материјалот локална препознатливост, дополнителна боја и еден вид непосредност што публиката веднаш ја препозна.

Актерите со сигурност и прецизност го носеа дијалектот, без тој да стане површна имитација. Напротив, јазикот се претвори во составен дел од карактеризацијата и комичниот ритам на сцената.

А потоа дојде кулминацијата.

Во завршницата на сцената, една реплика ја доведе актерската игра до точката на вриење.

Реакцијата на публиката беше речиси физички опиплива – целата сала во ист миг експлодираше во смеа, толку компактна и силна што индивидуалните гласови престанаа да постојат и се претворија во еден единствен звучен бран.

За миг, смеата веќе не беше само реакција на комедијата. Таа стана сценски настан сама по себе.

Фото: Facebook НУЦК "Трајко Прокопиев" Куманово/Никола Ивановски и Неда Арсениевска

Ѕидовите и сцената буквално пулсираа од звукот на публиката, а интензитетот на реакцијата беше таков што во еден момент наместо препознатливата смеа се слушаше само висок, продорен звук – како салата колективно да ја проби звучната бариера.

Токму во ваквите мигови театарот ја покажува својата најголема моќ. Не онаа што може да се измери со аплауз, туку онаа што се случува во заедничкиот простор меѓу актерот и гледачот, кога сценската енергија се враќа назад кон сцената и создава нешто што не може да се репродуцира со ист интензитет ниту на следната изведба.

Актерите по претставата сведочеа дека одамна немале доживеано ваква реакција од публика – а токму ваквите непредвидливи, колективни и речиси катарзични моменти се оние поради кои театарот останува жив и неповторлив.

Целиот ансамбл на „Аматери“ – Атанас Атанасовски, Валентин Костадиновски, Сергеј Димоски, Тони Денковски, Виктор Арсов, Јаков Спасов, Столе Мицов, Илија Илиоски, Жаклина Петровска, Маја Љутков и Елена Кузманов – го носи товарот на една необична и актерски исклучително захтевна форма, во која брзината, промените, жанровските пресврти и прецизното темпирање на комичниот импулс бараат висока сценска концентрација.

Но токму во моќта на целината, а не во издвоениот момент, лежи најголемиот квалитет на оваа изведба – секој од актерите, независно од сцената во која настапува, го носи својот дел од ритамот, прецизноста и сценската енергија што ја направија „Аматери“ исклучително силна претстава.

Токму затоа наградата за најдобра актерска колективна игра е особено соодветно признание. Таа не издвојува еден актер од ансамблот, туку ја препознава силата на заедничката сценска архитектура – способноста повеќе различни актерски индивидуалности да функционираат како една прецизно усогласена целина.

Во Куманово, „Аматери“ ја доби и онаа највредна потврда што не ја доделува ниту едно жири: публиката ја препозна претставата, ѝ се препушти и ѝ возврати со смеа каква што долго ќе се прераскажува.

Фото: Facebook НУЦК "Трајко Прокопиев" Куманово/Никола Ивановски и Неда Арсениевска

А кога сцената и салата ќе се сретнат во таков миг, театарот престанува да биде само изведба.

Станува спомен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Сексапилната Ирина Шајк се уште ужива во бикини

Летната сезона сè уште трае за руската манекенка атрактивната Ирина Шајк, а судејќи според фотографиите, таа нема намера да се откаже од бикините.

Фото: Сексапилната Ирина Шајк се уште ужива во бикини

Иако летната сезона одамна заврши, некои ѕвезди одбиваат да се разделат од своето омилено летно парче – бикините.

Убавата Ирина Шајк неодамна привлече внимание позирајќи во неколку впечатливи костими за капење за едно фотосесија.

Таа беше модел за колекцијата „Resort '27“ на брендот „Hunza G“, а модниот едиторијал беше снимен на Ибица. Според фотките таа гордо носи неколку впечатливи модели на бикини кои на уникатен начин ја истакнаа нејзината препознатлива убавина.

На сликите јасно дојдоа до израз нејзината витка фигура и заводливиот поглед, а вреди да се истакне и акцентот на природната убавина, која таа дополнително ја покажа на фотографија на која е без горен дел од костимот за капење.

„Со години го сакам брендот 'Hunza G', па соработката со нив ми дојде сосема природно. Целата колекција е секси и има разигран дух со нота на носталгија по 2000-тите – детал што навистина го обожавам. Снимањето на Ибица, опкружена со пријатели, беше посебен момент за мене“, изјави моделот.

На официјалниот профил на брендот на Инстаграм беше објавена компилација од фотографии од снимањето, а бројни фанови упатија само пофалби за колекцијата костими за капење, како и за прекрасниот изглед на познатата Русинка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Шакира започна нова правна битка со Пике: Музичката ѕвезда бара измена на договорот за старателство

Светската музичка ѕвезда Шакира и  легендарниот фудбалер Жерар Пике повторно се појавија пред суд во Барселона во врска со договорот за нивните синови, Милан и Саша. 

Видео: Шакира започна нова правна битка со Пике: Музичката ѕвезда бара измена на договорот за старателство

Новата постапка произлегува од барањето на колумбиската пејачка да се изменат условите за патување на момчињата, кои се движат меѓу Мајами и Барселона за да поминуваат време со својот татко.

Шакира и Пике постигнаа договор за старателство по разделбата во 2022 година, но пејачката сега бара измени што првенствено се однесуваат на логистиката на меѓународните патувања на нивните синови, кои сега имаат 13 и 11 години.

Според изјавата на претставникот на пејачката, пренесена од шпанските медиуми, Шакира не сака Милан и Саша да поминуваат помалку време со својот татко.

Нејзиното барање се однесува на поинаков договор околу обврските за патување меѓу САД и Шпанија, со цел товарот од долгите патувања порамномерно да се распредели меѓу родителите. „Целта е да се осигура дека напорот и тешкотиите при патувањето меѓу Мајами и Барселона нема да паднат исклучиво врз децата“, се наведува во соопштението.

Во основата на барањето лежи практичен проблем што произлегува од големото растојание меѓу местата на живеење на родителите, како и од временската разлика.

Момчињата живеат со мајка им во Мајами, додека Пике живее во Барселона. Следствено, патувањето меѓу двете земји може да биде особено напорно, особено за време на кратките училишни распусти.

Шакира предлага во такви ситуации Пике да патува во Мајами за да помине време со своите синови, наместо момчињата да патуваат во Барселона. Таа сака да ја заштити нивната рутина.

Правниот тим на пејачката смета дека таквата промена би им овозможила на Милан и Саша да ги одржуваат своите вообичаени училишни, социјални и семејни рутини за време на пократките распусти. Тие наведуваат дека овој пристап подобро би ја заштитил емоционалната, физичката и академската благосостојба на момчињата.

Посебен акцент се става на фактот дека самото патување меѓу Флорида и Шпанија може да одземе значителен дел од времето со кое момчињата располагаат за време на училишните распусти.

Тимот на Шакира нагласува дека целта не е да се ограничи времето што синовите го поминуваат со својот татко, туку поинаку да се организира логистиката на нивните посети.

Новата правна постапка доаѓа речиси четири години откако Шакира и Пике постигнаа договор за старателството над Милан и Саша по нивната разделба.

Откако се пресели во Мајами во 2023 година, Шакира јавно апелираше до медиумите и фотографите да им овозможат поголем мир и приватност на нејзините синови, по периодот на силен медиумски интерес.

Тогаш таа нагласи дека, покрај својата јавна кариера, таа пред сè е мајка посветена на заштитата на менталната и емоционалната благосостојба на своите деца.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер