МакедонијаЈО: Обвинителен предлог за злоупотреби против поранешен директор на СОЗРПо спроведена истрага, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против поранешен директор на владината Служба за општи и заеднички работи.По спроведена истрага, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против поранешен директор на владината Служба за општи и заеднички работи за продолжено кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 4 во врска со став 1, како и Фалсификување службена исправа од член 361 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, во периодот од 03.07.2021 до март 2024 година го злоупотребил службеното својство како директор, ги пречекорил службените овластувања и без да постои основ за упатување на службен пат надвор од земјата, за себе и за повеќемина вработени во СОЗР потпишувал решенија и патни налози за патување. За приватни потреби и без да постои основ го користел владиниот авион Лирџет 60, а при патувањата од сметката на СОЗР се вршени плаќања по разни основи. Освен тоа, за хотелски и угостителски услуги обвинетиот неосновано користел средства од службената картичка издадена на негово име. На тој начин го оштетил Буџетот на СОЗР за значителен вкупен износ од 2.562.139 денари. Во периодот од 27.10.2023 до 14.06.2024 година тој не ја извршил својата службена должност со намера да прибави имотна корист за друг, односно за пилотот вработен во СОЗР. Иако лично присуствувал на состанокот „Flight Safety Atlanta“ и бил информиран дека пилотот и со дополнителните обуки нема да ги исполни прифатливите стандарди потребни за летање со Лирџет 60, тој не го задолжил пилотот согласно Договорот за вработување да ги надомести трошоците за обуката и не го известил надлежниот сектор за да му го прекине работниот однос. Пилотот продолжил да зема плата за работно место капетан-водач на воздухоплов, а со оваа злоупотреба на службената положба обвинетиот предизвикал штета на Буџетот од 5.431.624 денари. Кривичното дело Фалсификување службена исправа обвинетиот го извршил во постапките за јавни набавки за изнајмување на возила за превоз на делегации и за транспорт на цивилно население од Исламската Република Авганистан во земјава. Сите договори биле склучени со иста рент-а-кар фирма од Скопје, а во службените исправи – изјави за непостоење на судир на интереси, обвинетиот внел невистинити податоци дека нема приватен интерес при реализација на јавната набавка или каква било материјална или нематеријална корист. Наспроти ова, почнувајќи од периодот пред склучување на јавната набавка, за време и по престанокот на неговиот мандат, тој и неговата сопруга користеле возила без надомест од истата фирма за патувања во земјава и во странство. Во овој дел истрага беше поведена и против сопственикот на правното лице за кривично дело – Давање поткуп од член 358 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик. Но од доказите прибавени во истражната постапка јавниот обвинител не утврди дека кај него постоела умисла да издејствува поволност при одлучувањето во конкретните тендери преку давање возила без надомест на сега обвинетиот. Од тие причини јавниот обвинител за ова лице донесе Наредба за запирање на истражната постапка, стои во соопштението од Јавното Обвинителство. Тагови: Основното јавно обвинителство Скопје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Технологија„Google“ во проблеми поради „Android“: Ја отстранија опцијата што им се допаѓаше на сите„Google“ се соочува со проблеми во Швајцарија, а причината е нарушувањето на пазарната конкуренција.Швајцарската комисија за конкуренција (Weko) објави дека започнала прелиминарна истрага против „Google“ поради сомневање дека неговата практика на одредување на стандарден интернет прелистувач ја нарушува пазарната конкуренција и го крши законот. Истрагата е започната поради одлуката на „Google“ да ја елиминира опцијата во Швајцарија што им овозможуваше на корисниците да го изберат стандардниот прелистувач при првото поставување на нов „Android“ уред, објавува „Swiss Info“. По отстранувањето на оваа опција, пребарувањето на „Google“ автоматски се поставува како стандарден прелистувач на новите паметни телефони, така што корисниците повеќе не можат да избираат како порано. „Google“ ја задржа опцијата за избор на стандарден прелистувач за корисниците во Европската Унија. Комисијата за конкуренција истакнува дека отстранувањето на оваа опција во Швајцарија би можело да ја намали видливоста на конкурентските пребарувачи и да им го отежни влегувањето на пазарот. Целта на прелиминарната истрага е да се утврди дали постојат основи за сомневање дека „Google“ го прекршил швајцарскиот закон за картели со ограничување на пазарната конкуренција. Регулаторот изјави дека резултатите од истрагата би можеле да бидат значајни и за проценка на слични практики во врска со стандардните поставки на други мобилни уреди. Извор: Б92Тагови: Android Google Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Левица има јавен договор со МицкоскиЛевица повторно ја игра улогата на сателитска партија на ВМРО-ОКГ. Наместо да биде дел од опозицијата, таа продолжува да ја штити власта на Христијан Мицкоски со напади врз СДСМ и со спречување на секој обид за опозициско обединување. Левица не е опозиција. Тоа е партија за ништо. -Партија против НАТО во земја членка на НАТО. -Партија против ЕУ во земја кандидат за членство во Европската унија. -Проруска партија во земја чиј стратешки партнер е Соединетите Американски Држави. Во земја каде што 77 отсто од граѓаните се за ЕУ интеграција, а 72 отсто се за НАТО, Левица отворено се позиционира против волјата на мнозинството граѓани. Тоа е нејзината единствена улога, да создава поделби во опозицијата и да му помага на Мицкоски да остане на власт. Се знаат сите кои од Левица одеа на средби со Мицкоски. Се знае и кои пратеници останаа во собраниската сала заедно со ВМРО-ОКГ во моментот кога опозицијата ја напушти седницата по напредите на Мицкоски. Тоа не е опозициско однесување. Тоа е јавна и јасна соработка со власта. Левица нема таен договор со Мицкоски. Договорот е јавен и јасен. Левица е создадена и финансирана за да ја разбие опозицијата, да ја напаѓа СДСМ и да му обезбеди на Мицкоски дополнителен глас во Собранието кога му е потребен. Кога ВМРО-ОКГ нема одговори за реформите и за европскиот пат, Левица излегува со лажни обвинувања за да го одбрани режимот. Левица не е опозиција. Таа е продолжена рака на Мицкоски. Граѓаните веќе ја препознаа оваа улога. Сателитските партии како Левица постојат само додека трае потребата од нив. Кога ќе заврши таа потреба, ќе исчезнат исто како што исчезна и ЗНАМ. Скопје, 15.07.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаЖена убиена на улица во Германија: Сведоците го задржале осомничениот сопругЖена е убиена во центарот на Келхајм, Германија, а нејзиниот сопруг, кој е осомничен за нападот, е уапсен откако сведоците го совладале и го држеле додека не пристигнала полицијата, соопштија денес властите.Според полицијата во Хесен, маж ја нападнал својата сопруга со нож синоќа на улица, нанесувајќи и смртоносни повреди, а жената починала на местото на настанот, објавува „Дер Шпигел“. Сведоците на нападот интервенирале и го задржале осомничениот додека не пристигнале брзата помош и полицијата, кои потоа го уапсиле. Мажот бил повреден за време на апсењето, соопштија полицијата и обвинителите во Франкфурт. Мотивот и околностите на злосторството сè уште не се познати. Истражителите спроведоа истрага на лице место и форензичка работа во текот на ноќта, а полицијата соопшти дека имало многу сведоци бидејќи нападот се случил на прометна локација во близина на пазар, каде што има неколку продавници и објекти. Свештеници биле и на местото на настанот за да им дадат поддршка на присутните, а полицијата нагласила дека сведочењето на таков настан претставува голем психолошки товар за очевидците. Entsetzliche Momente in hessischen Kelkheim! Auf offener Straße hat ein Mann gegen 21 Uhr seine Ehefrau mit einer „Schnittwaffe“ getötet. Passanten mussten alles mitansehen. https://t.co/CJlOAcL9KQ pic.twitter.com/O65LNetmir — NIUS (@niusde_) July 15, 2026 Келкхајм, град со околу 28.000 жители, се наоѓа во округот Мајна-Таунус, во близина на Франкфурт на Мајна. Извор: Б92Тагови: Германија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08Седница за опозициски прашања во Собранието08:38Ослободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36Собранието ги избра новите 8 министри23:39
Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08
Ослободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00
Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36