3Евростат: Со минимална плата во Македонија може да се купи повеќе отколку во Србија, Црна Гора, Албанија
Македонија на Медитеранските игри: Од Мерсин 2013 до Таранто 2026 – три учества, три златни медали и спортска приказна што продолжува
1Македонија на Медитеранските игри: Од Мерсин 2013 до Таранто 2026 – три учества, три златни медали и спортска приказна што продолжува
Аријана Гранде се повлекува од јавноста – не може повеќе да ги поднесе коментарите за својата тежина: „Ѝ се гледаат коските“
2Аријана Гранде се повлекува од јавноста – не може повеќе да ги поднесе коментарите за својата тежина: „Ѝ се гледаат коските“
ФудбалДе ла Фуенте: „Игравме против една од најдобрите репрезентации, но победи најдобриот тим во светот“ Селекторот на Шпанија, Луис де ла Фуенте, не ја криеше гордоста по големата победа на неговиот тим во мундијалското полуфиунале против Франција, истакнувајќи дека неговите играчи уште еднаш покажале зошто тој смета дека тие се најдобриот тим в. Селекторот на Шпанија, Луис де ла Фуенте, не ја криеше гордоста по големата победа на неговиот тим во мундијалското полуфиунале против Франција, истакнувајќи дека неговите играчи уште еднаш покажале зошто тој смета дека тие се најдобриот тим во светот во моментов. Шпанија ја победи Франција со 2:0 во полуфиналето на Светското првенство и се пласираше во финалето – второ во нејзината историја. „Пред речиси четири години започнавме со една идеја и останавме доследни на неа во текот на целиот тој период. Токму таа идеја нè доведе овде. Денес игравме против една од најдобрите репрезентации во светот, но наспроти себе тие ја имаа најдобрата екипа во светот. Во тоа е разликата“, изјави Де ла Фуенте. Шпанскиот стратег особено ги пофали своите играчи, нагласувајќи дека тие го заслужиле успехот со секојдневна работа и посветеност. „Овие играчи заслужуваат сè. Ден по ден покажуваат посветеност, солидарност, несебичност и огромен талент. Тие го прават она што е тешко да изгледа лесно“, рече Де ла Фуенте.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Мицкоски и Клековски ја отруја и болницата во ГостиварКризата со водата во Гостивар премина во здравствена катастрофа.Пациентите од Гостивар се пренесуваат во Тетово за операции и породување. Стерилизаторите не работат поради загадената вода. Операции, ортопедија, гинекологија, урологија - сѐ е блокирано. Здравјето и животите на граѓаните се директно загрозени. Мицкоски и Клековски сѐ уште одбиваат да ја кажат вистина. Нема официјален документ со кој се потврдува дека водата е чиста - затоа што никој не сака да потпише и да преземе кривична одговорност. Водата беше прогласена за „технички исправна“ само затоа што Мицкоски тоа го рече. Сакаше да изгледа како спасител. Резултатот: граѓаните се капеа и ги миеја садовите со вода во која има опасна бактерија. Три цистерни вода за град од 50.000 жители. Тоа е сѐ што понудија. Сега ја отруја и болницата. Го загрозија целото население. Одговорноста е јасна: Христијан Мицкоски и министерот Клековски. Обвинителството мора веднаш да реагира. Ова повеќе не е само неспособност. Ова е загрозување на здравјето и животите на илјадници граѓани. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАлбански „Топ ченел“: Двајца државјани на Македонија прогласени за „персона нон грата“ во АлбанијаМинистерството за внатрешни работи на Албанија прогласи за „персона нон грата“ двајца Албанци од Македонија, поради сомневања дека вршеле активности спротивни на интересите на албанската држава.Станува збор за имамот Бекир Халими и Ваљон Белја. Според информациите објавени од албански Топ ченел, одлуката за нивното прогласување за „нон грата“ следувала по информации на антитерористичките служби дека тие претставуваат закана за безбедноста на земјата и граѓаните на албанија. Наредбата на министерот за внатрешни работи, Бесфорт Ламалари, била испратена до државната полиција и граничните структури за спроведување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеНов случај на Западнонилска треска, тројца пациенти се во критична состојбаНов сомнителен случај на западно-нилска треска е пријавен на Клиниката за инфективни болести во Скопје. Во моментов на инфективна се хоспитализирани десет пациенти кај кои е потврдено присуство на вирусот западен нил, и уште седум пациенти кои се водат како клинички суспектни иако резултатите од ПСР тестовите се негативни, информира директорот на Инфективна, Фадил Цана. Инкубацијата на болеста, како што информира инфектологот Цана трае до 14 дена, и тешко е да се предвиди како ќе се одвива болеста. Но според досегашното искуство помладите и здрави луѓе каснувањето од комарецот го поминуваат без никакви симптоми. Тројцата пациенти се уште се во критична состојба, со воспаление на мозокот и се приклучени на машина за механичка вентилација. Најголем дел од нив се на возраст околу 60 години и не патувале надвор од државата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook