МакедонијаКузеска: Контролирано судство- Мицкоски го спаси Груевски за „Талир 2“ и го врати криминалниот имотСудството и обвинителството под контрола на Мицкоски го спаси Никола Груевски од одговорност за предметот Талир 2 и го одмрзна криминалниот имот на ВМРО.“Белата палата“, вредна 14 милиони евра и останатиот партиски имот во вредност од 2 милиони евра се повторно во рацете на ВМРО. Така изгледа кога криминална организација е на власт и го контролира судството, таа се грижи само за себе и да ги спаси своите од одговорност. Реформи во правосудството нема. Правда нема! Има криминална власт. Сега на сите граѓани им е јасно зошто ја тргнаa Ленче Ристовска, зошто и беа одземени овластувања, зошто таргет беа судии и обвинители, сите поврзани со предметите „Талир 1“ и „Талир 2“. На сите им е јасно зошто беше поставена обвинителка од тефтерчето на Сашо Мијаков, зошто се менуваат и се назначуваат судии блиски до Мицкоски. Кога беа во опозиција, ВМРО постојано ја напаѓаше судијката што го водеше предметот и бараше нејзино разрешување, јавно вршејќи притисок. Како власт им успеа. Прво се отстрани обвинителката која со години ги водеше предметите за незаконското финансирање и криминалниот имот на ВМРО. Потоа се постави обвинителство по мерка на власта, на телефонска линија со Мицкоски. Како што Мицкоски им диктираше насоки по телефон, како што им делеше задачи со чувства од собраниската говорница, од телевизија. Ете така. Сега Груевски – човекот кој избега во Унгарија и понатаму продолжува да ужива, без да се соочи со одговорноста само поради Христијан Мицкоски. Мицкоски не бара негова екстрадиција, не ги испраќа документите кои со месеции патуваа од една до друга институциија и никогаш не беа испратени. Намерно. Ова е свесна заштита на Никола Груевски, најголемиот симбол на криминалот и корупцијата во Македонија. Вистината излегува на виделина. Но, наскоро доаѓа времето на правдата и одговорноста. Наскоро државата повторно ќе им припадне на граѓаните. Фронтот за вистина и правда ќе се погрижи да одговара не само Груевски, туку и сите негови ученици и продолжувачи на неговото дело. Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СудбинаУжас на грчки остров: Жена задавила мачка со јаже, добила казна од 30.000 евраШеесет и тригодишна жена е уапсена откако убила мачка на Закинтос и е казнета со 30.000 евра, соопшти локалната полиција.Жената од Ромири на Закинтос била пријавена од сопственикот на мачката, објавува „Катимерини“. Според Здружението за заштита на животните на Закинтос (ЗОМЗ), жената задавила возрасна мачка со јаже. Телото на животното, според упатствата на властите, е во замрзнувачот на сопственикот и таму ќе остане до вторник, 25 август, поради локалниот празник Свети Дионисиј, кој се слави на 24 август и е слободен ден за жителите на островот.Тагови: мачката остров Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаОд идната недела целосно се забрануваат мобилните во средните училишта во Франција Од почетокот на новата учебна година, која започнува следната недела во Франција, во сите средни училишта ќе стапи на сила целосна забрана за употреба на мобилни телефони. Одлуката денеска ја потврди портпаролката на владата Мод Брежеон, која објави дека францускиот претседател Емануел Макрон одлучил да го прогласи законот со кој се воведува мерката, пишува Euronews. „Уставниот совет ја потврди забраната за мобилни телефони во средните училишта. Претседателот на Републиката затоа одлучи да го прогласи законот, се разбира без членовите што се сметаат за неуставни. Целта е веќе потврдените правила да почнат да се применуваат во стабилна правна рамка. Едноставно кажано, забраната за мобилни телефони во средните училишта може да стапи на сила од почетокот на новата учебна година, врз основа на закон заснован на закон“, рече Брежеон. Исклучоци за часови и посебни програми Законот предвидува можност за исклучоци за употреба на мобилни телефони за образовни цели за време на часовите или за одредени административни потреби. Исклучоци би можеле да важат и за ученици што посетуваат посебни програми, како што се подготвителни часови за прием на елитни француски универзитети, таканаречените grandes écoles. Сепак, оваа мерка се воведува без претходно планираната забрана за пристап до социјалните мрежи за лица под 15 години. Тој дел од законот беше отфрлен од Уставниот совет претходно овој месец. Премиерот Себастијан Лекорну објави дека владата веќе подготвува нова верзија на законот што ќе биде усогласена со одлуката на највисокото правно тело во земјата.Тагови: мобилните средните училишта Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаНова анкета во Франција: Води Ле Пен, главе ривал ѝ е радикален левичар Лидерот на француската радикална левица, Жан-Лук Меланшон, е најверојатниот противник на кандидатката на десницата Марин Ле Пен во вториот круг од претседателските избори следната година. Ова го покажа анкета објавена денес, која исто така ја потврдува длабоката поделба на францускиот електорат на крајот од мандатот на Емануел Макрон, пишува Ројтерс. Спој на левицата и десницата во анкетите Според резултатите, Меланшон, кандидатот на партијата Неосвоена Франција (LFI), влегува во вториот круг во три од петте испитувани сценарија, додека во четвртиот е изедначен на второто место. Сепак, истата анкета предвидува дека Ле Пен би го победила убедливо во конечната пресметка. Проекциите покажуваат дека Меланшон би можел да добие помеѓу 16 и 17 проценти од гласовите во првиот круг, а Ле Пен помеѓу 35 и 38 проценти. Во вториот круг, Ле Пен би победила против Меланшон со 64 проценти од гласовите. Ослабениот центар отвора простор Резултатите се неповолни за кандидатите на политичкиот центар, на кои им е тешко да се позиционираат во атмосфера на растечка поларизација. Како што вториот и последен мандат на Макрон се ближи кон крајот, неговото заминување остава ослабен центар и кревка економија. Ова отвора простор за радикални опции, како што се LFI на Меланшон и Националното собирање на Марин Ле Пен. „Ризикот дека г-ѓа Ле Пен и г-дин Меланшон ќе се соочат еден со друг во вториот круг е реален и сериозен“, изјави кандидатот на центарот Едуар Филип за новинарите. Жан-Лук Меланшон досега се кандидираше за претседател три пати, во 2012, 2017 и 2022 година, но никогаш не успеа да влезе во вториот круг.Тагови: Марин Ле Пен Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСлучајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа15:00Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16Денеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30Пожарите кај Бигла и Пехчево ставени под контрола, во гасењето вклучени над 300 луѓе20:30Од палење гуми во двор избил голем пожар кај делчевско Бигла19:15