Јанчев: О. Кавадарци започнува со поставување информативни табли со QR-кодови на колективните станбени згради
2Јанчев: О. Кавадарци започнува со поставување информативни табли со QR-кодови на колективните станбени згради
Македонската репрезентација во традиционално карате ќе учествува на 38. ЕТКФ Европско првенство за сениори, јуниори и кадети
1Македонската репрезентација во традиционално карате ќе учествува на 38. ЕТКФ Европско првенство за сениори, јуниори и кадети
МакедонијаЈавна расправа во Собранието за предлог законот за оружје заради усогласување со ЕУ регулативата Физичките лица ќе може да поседуваат најмногу 10 парчиња оружје и да купат до 500 куршуми годишноФизичките лица ќе може да поседуваат најмногу 10 парчиња оружје и да купат до 500 куршуми годишно, ерсофт и пејнтбол направите за спортски игри ќе мора да се пријават, листата на забранети оружја ќе се прошири, а ќе се воведат и построги правила за трговија и трансфер.. Ова се дел од новините кои се предвидени со новиот закон за оружје кој го предлага Владата со европско знаменце. На јавната расправа со собранието од МВР порачаа дека целиот текст е скроен за усогласување со ЕУ регулативата, да се намалат ризиците за јавната безбедност и да се стави крај на досегашните проблеми во пракса. -Овој закон не е пишуван зад затворени врати. Гласот на луѓето кои секојдневно работат со оружјето – ловците, стрелците, стопанствениците, е вграден во решението што го предлагаме. Главните придобивки може да ги сублимираме во три зборови – побрзи процедури, зајакната безбедност и подобри услуги за граѓаните.Јован Алтанџиев помошник министер за граѓански работи. Засегнатите организации како комората за приватно обезбедување, стрелачката и ловечката федерација, ги кажаа своите критики во Собранието. Дел од нив целат дека воопшто не биле повикани за консултација кога се пишувал законот, други пак забележаа дека се воведуваат неприменливи правила. -Зошто за некое оружје за кое се бара само потврда а не и дозвола за набавка, треба да има дозвола за носење? Во овој случај ние сметаме дека е сосема доволен налогот за носење оружје и легитимацијата бидејќи работниците за приватно обезбедување додека стигнат до моментот на легитимација тие веќе ја поминале обуката за ракување со оружје.Верица Милевска Стефановска - Комора за приватно обезбедување. -Успеавме да се зголеми годишната количина на муниција и истата да се купува без одобренија за имателите на оружје, додека истата да биде неограничена за активните спортски натпреварувачи. Исто така голем бенефит е дигитализацијата за поднесување барање за оружје и муниција.Јордан Тасевски –Македонска спортска стрелачка федерација. -После неколку децении исчезнаа зборовите пневматско и тетивно оружје, а останаа само зборовите огнено оружје, што не е фактичка ситуација бидејќи во оплимписките спортови се употребува и огнено и пневматско и тетивно и ладно оружје,-Владимир Пандовски – дипломиран детектив. Постоечкиот закон за оружје е донесен во 2005 година и е менуван 15 пати. МВР одлучило овојпат да изготви целосно нов текст бидејќи поголемиот дел не бил во согласност со европските критериуми. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Други спортовиМакедонската репрезентација во традиционално карате ќе учествува на 38. ЕТКФ Европско првенство за сениори, јуниори и кадетиМакедонската репрезентација во традиционално карате ќе учествува на 38. ЕТКФ Европско првенство за сениори, јуниори и кадети и 8. ЕТКФ Европски куп за деца, кои ќе се одржат од 3 до 5 јули во Софија, Бугарија. Македонската репрезентација е составена од 30 натпреварувачи, кои ќе настапат во сите возрасни категории. Репрезентацијата ќе ја предводат тренерите Дејан Недев и Аљоша Недев, кои воедно ќе ја извршуваат и функцијата на судии на натпреварите. Во сабота на програмата се натпреварите за деца, додека во недела ќе настапат сениорите, јуниорите и кадетите. Европското првенство ќе се одржи во Овергас Арена во Софија. Македонска традиционална карате федерација (МТКФ)Тагови: карате Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалРепрезентативец на Сенегал се прости од националниот тимХаос по елиминацијата на Сенегал од Светското првенство – репрезентативец се прости од националниот тим. Репрезентативниот играч за врска Пап Геј објави дека повеќе нема да настапува за националниот тим сè додека на чело на селекцијата е актуелниот стручен штаб. Фудбалерот на Сенегал ја донесе оваа одлука по елиминацијата од Белгија во нокаут фазата на Светското првенство, а се обрати до јавноста преку социјалните мрежи. „Ќе се вратам да кажам неколку зборови за испаѓањето... Но, веќе денес објавувам дека, сè додека овој стучен штаб е на чело на репрезентацијата, ќе направам пауза од играње за националниот тим“, напиша Геј. Неговата одлука уследи откако тренерот го замени во 66-тата минута од натпреварот против Белгија. „Физички се чувствував добро кога излегов од игра. Но, на крајот на краиштата, одлуките се на тренерот. Мора да ги почитувате“, изјави Геј по натпреварот, без притоа да навести дека ќе повлече толку радикален потег. Според актуелните информации, нема индиции дека тренерот Папе Тиао би можел да ја напушти клупата на Сенегал.Што значи дека Геј би можел долго време да биде надвор од селекцијата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМВР најави кривични пријави за малолетничките и родителите за бруталното насилство во Аеродром15:00 По силното невреме: УХМР најавува пороен дожд, грмежи, ветер и град08:37Ѓорѓиевски: Булеварите се проодни, состојбата се стабилизира20:45Поплавени подвозници, заглавени возила и блокирани кружни текови по обилните врнежи во Скопје18:11Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10
Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10
АвтомобилизамШкода подготвува автомобил од 7.000 евра за Европа?Шкода подготвува автомобил од 7.000 евра за Европа? Еве за кој модел станува збор.Чешкиот производител на автомобили „Шкода“ размислува за воведување на попристапни модели - со мотори со внатрешно согорување и електрични погони - на европскиот пазар. Сегментот на градски автомобили во Европа речиси исчезна во последните години по прекинувањето на производството на модели како што се „Форд Ка“, „Пежо 108“ и „Шкода Ситиго“. Следствено, купувачите кои се свесни за буџетот во голема мера се принудени да се одлучат за поголеми модели од Б-сегментот, како што е „Шкода Фабија“. Сепак, „Шкода“ сега повторно размислува за влез во сегментот на мали автомобили. Покрај електричните градски автомобили, чешкиот производител ја истражува можноста за воведување на кросоверот „Килак“ - првично развиен за индискиот пазар - во Европа, објавува „Аутокар“. Извршниот директор на „Шкода“, Клаус Зелмер, потврди дека компанијата работи на проект што вклучува употреба на високо економични компоненти за да понуди возило со конкурентна цена, објавува „Б92“. Иако „Škoda“ учествуваше во развојот на сестринскиот модел „Volkswagen ID Every1“ – кој треба да го наследи моделот Up! следната година – чешкиот бренд во меѓувреме се повлече од проектот. Целмер смета дека побавниот раст на пазарот на електрични автомобили ѝ оди во прилог на Škoda, бидејќи компанијата може и понатаму да се потпира на своите модели со бензински мотори – Fabia, Scala и Kamiq – кои сè уште бележат одлични резултати во продажбата. Според него, Volkswagen Group го доверила развојот на своите најевтини електрични модели – сегмент што се карактеризира со многу ниски профитни маржи – на самиот бренд Volkswagen. Како резултат на тоа, нов електричен модел од почетната класа со логото на Škoda нема да се појави пред крајот на оваа деценија. Од друга страна, Целмер гледа значителен потенцијал во модел позициониран под Fabia. Škoda Kylaq се издвојува како главен кандидат, со оглед на тоа што во Индија се продава за околу 7.000 евра. Сепак, доколку пристигне во Европа, Kylaq ќе треба да се прилагоди за да ги задоволи построгите европски стандарди во однос на безбедноста, технологијата и квалитетот на изработка. Според Целмер, со оглед на тоа што е многу тешко да се спушти цената на „Фабија“ (Fabia) под 20.000 евра, овој модел би можел да пополни голема празнина на пазарот. „Килак“ (Kylaq) е развиен врз приспособена верзија на платформата MQB A0, која „Шкода“ (Škoda) ја користи и за моделите „Кушак“ (Kushaq) и „Славија“ (Slavia), наменети за индискиот пазар.Тагови: Шкода Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter