Јастремскаја стана петтата квалификантка која стигнала до полуфинале на Грен слем - Канал 5

Јастремскаја стана петтата квалификантка која стигнала до полуфинале на Грен слем

Украинката Дајана Јастремскаја од квалификациите стигнаа до полуфиналето на Австралија опен. 

Јастремскаја стана петтата квалификантка која стигнала до полуфинале на Грен слем

Таа стана петтата квалификантка во опен ерата што успеала да избори место помеѓу четирите најдобри на еден Грен слем турнир.

Претходно тоа им успеа на: Ема Радукану – УС Опен 2021 година; Надја Подорошка – Ролан Гарос 2020 година; Александра Стивенсон - Вимблдон 1999 година; Кристин Матисон – Австралија опен-1978 година.

Од сите нив само Радукану на крајот го освои турнирот. Останатите загубија во полуфиналето.

Јастремскаја во полуфиналето на Грен слемот во Мелбун ќе се соочи со победничката од мечот Ана Калинскаја - Чинвен Женг.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Сабаленка го воодушеви полниот „Сан Сиро“

Втората тенисерка во светот, Арина Сабаленка, беше меѓу присутните на синоќешниот натпревар од Серија А меѓу Милан и Лече (3–0). 

Видео: Сабаленка го воодушеви полниот „Сан Сиро“

Џери Кардинале, првиот човек на „росонерите“, беше домаќин на белоруската тенисерка. Клубот од Милано ѝ подари дрес со нејзиното име и бројот 1.

Таа исто така имаше можност да се запознае со тренерот на Милан, Рубен Аморим.

Како една од најголемите ѕвезди во светскиот тенис, оваа посебна гостинка на „Сан Сиро“ привлече големо внимание на трибините.

Медиумите пренесуваат дека Арина носела луксузен ѓердан од американскиот бренд „Material Good“, чиј официјален амбасадор е таа.

Ако се земат предвид и алките и часовниците што ги носела, вкупната вредност на накитот и другите модни додатоци надминува 100.000 евра.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Божиновска зборува за рубини а граѓаните чекаат одговори за „Руднап“ и милионските бизниси

На министерката Сања Божиновска многу ѝ се зборува за рубини. 

СДСМ: Божиновска зборува за рубини а граѓаните чекаат одговори за „Руднап“ и милионските бизниси

И таа како и Мицкоски се фокусира на националните богатства.

Операцијата за распродажба на Македонија, водата, земјата, рудите е главен фокус на Мицкоски и кримналната банда.

Македонија не е на распродажба а граѓаните кои стравуваат за сметките за струја чекаат Божиновска да проговори за „Руднап“, бизнис-мрежата на Мицкоски и новата зделка од 13,2 милиони евра за броила за српската фирма „METER&CONTROL“ .

Божиновска е клучниот линк во оваа мрежа, била извршен директор во компании на „Rudnap Group“ во Централна и Источна Европа.

„Руднап“ била во сопственичката структира, партнер е и со „Ал Дахра“, компанија која се поврзува со проектот „Белград на вода“.

Во оваа мрежа се појавува и Душан Адамовиќ, функционер на СНС и почесен конзул поставен од Мицкоски.

Затоа Божиновска е поставена за министерка.

Се е бизнис за Мицкоски.

Граѓаните чекаат одговори!

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Аларм поради подморница од Втората Светска војна, не смее да остане на морското дно

Аларм поради подморницата од Втората Светска војна, не смее да остане на морското дно, а никој не се осмелува да ја извлече.

Аларм поради подморница од Втората Светска војна, не смее да остане на морското дно

Норвешките власти се соочуваат со сериозен проблем на морското дно – од потонатата нацистичка подморница „У-864“ (U-864), која завршила на дното пред повеќе од 80 години, истекуваат дури 67 тони токсична жива, а експертите предупредуваат дека обидот за нејзино извлекување би можел да предизвика уште поголема еколошка катастрофа.

Станува збор за германска подморница од типот IXD2, со ознака „У-864“, која била погодена со торпедо од британската подморница „ХМС Венчурер“ (HMS Venturer) во близина на островот Федје на 9 февруари 1945 година. Оттогаш, остатоците од подморницата лежат на длабочина од 149 метри, каде што нејзините 'рѓосани челични резервоари полека испуштаат отровна течна жива.

Поради сè почестите повици за извлекување на подморницата со цел да се заштитат морскиот свет и локалната рибарска индустрија, Норвешката управа за крајбрежје во јуни испрати роботско возило до местото на потонувањето за да ја процени состојбата на терен.

Резултатите се загрижувачки, од 22-та резервоари извадени за анализа, дури 80 проценти активно испуштале жива во морското дно, пренесува Večernji.hr.

Врз основа на тие наоди, во извештајот објавен претходно овој месец се заклучува дека остатоците од подморницата и околниот простор треба да се покријат со заштитна обвивка за да се спречи понатамошно истекување.

Официјалните лица тврдат дека самото подигнување на подморницата би било премногу ризично, бидејќи поместувањето на дотраениот и 'рѓосан труп би можело да предизвика пукање на резервоарите и дополнително, уште поконцентрирано ширење на жива.

Норвешката влада досега потрошила повеќе од 400 милиони норвешки круни за разни студии за судбината на U-864 и, според „Мирор“, моментално ги разгледува наодите од најновиот извештај.

Локалните активисти со години инсистираат на целосно отстранување на остатоците, плашејќи се дека нивното покривање би можело ненамерно да предизвика детонација на германските торпеда за кои се тврди дека сè уште се на бродот или да ги смачка преостанатите резервоари со жива.

Весникот потсетува дека мисијата на подморницата U-864 била откриена благодарение на британските разузнавачки служби.

Подморницата наводно превезувала материјали што Јапонија требало да ги искористи за изградба на напредни млазни ловци и ракети за одбрана на окупираните територии во Азија. Подморницата HMS Venturer испалила четири торпеда кон U-864, од кои последното ја погодило целта и ги усмртило сите 73 члена на екипажот.

Според „Мирор“, ова е единствениот забележан случај во текот на целата Втора светска војна кога една подморница потопила друга подморница, додека сите други такви погодоци се случиле додека целта се наоѓала на површината на морето.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер