Јаревски: Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ по скратена постапка го менува Законот за јавен ред - Канал 5

Јаревски: Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ по скратена постапка го менува Законот за јавен ред

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ по скратена постапка го менува Законот за јавен ред и мир, со што се става ред за употреба на пиротехнички средства во затворен простор.

Јаревски: Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ по скратена постапка го менува Законот за јавен ред

Изминатава недела бевме посветени на изнаоѓање на решенија кои во иднина нема да дозволат да ни се случат нови трагедии или хаварии.

За оваа цел, по скратена постапка го менуваме законот за јавен ред и мир, кој ќе создаде нови механизми за воведување ред, заштита и поголема безбедност за секого.

Предлог законот го стеснува обрачот околу оние кои создаваат ризици преку злоупотреба и незаконско користење на пиротехнички средства, особено во затворен простор.

Се заострува регулацијата за приредување огномет, факелијада и слични приредби на кои се користат експлозивни материи.

Се заоструваат и казните за правни и физички лица кои ќе ги прекршат одредбите од овој закон. Дел од казните се двојно повисоки, а за некои, законот предвидува и притвор.

Преку ова законско решение ги прошируваме и надлежноста на полицијата. Механизам преку кој ќе овозможиме поголема контрола при користење на експлозиви, како и побрзо и поефикасно спроведување на овој закон.

Почитувани,

Ова е само едно од законските решенија со кои ќе направиме значајни подобрувања за зголемена безбедност. Во периодот кој следи, во Собранието ќе се поднесат и други предлози кои се подготвуваа изминативе 2 недели.

Ги повикувам сите мои колеги пратеници, без разлика на политичката припадност, да го поддржат овој предлог-закон, бидејќи станува збор за суштинска промена која не засега сите.

Ја охрабрувам и пошироката јавност, активно да се вклучи во дискусијата и да даде свои сугестии, заедно да донесеме подобри закони и решенија, за да создадеме подобро и побезбедно општество за сите нас.

Тони Јаревски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Камавинга и Алаба нема да играат против Барселона во финалето на Копа дел Реј

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, објави дека играчот од средниот ред Едуардо Камавинга и дефанзивецот Давид Алаба нема да играат во финалето на Купот на Кралот против Барселона.

Камавинга и Алаба нема да играат против Барселона во финалето на Копа дел Реј

-Камавинга и Давид Алаба имаат мускулни повреди. Никој не очекува и двајцата да бидат подготвени за натпреварот против Барселона, објави тренерот на „Кралскиот клуб“ Карло Анчелоти.

Тој исто така истакна дека дефанзивецот Ферланд Менди нема да може да му помогне на тимот од Мадрид.

Финалето на Копа дел Реј 2025 година помеѓу Барселона и Реал Мадрид ќе се одржи во сабота на 26 април.

Песков: Оставката на Зеленски не е меѓу барањата на Русија

Оставката на украинскиот претседател Володимир Зеленски не е меѓу барањата на Русија, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков во интервју за францускиот магазин „ Поан“.

Песков: Оставката на Зеленски не е меѓу барањата на Русија

„Но, дури и ако договорот (мировен) со Зеленски беше потпишан денеска, подоцна во Украина може да се појават луѓе кои би можеле да го оспорат, доведувајќи го во прашање неговиот легитимитет“, рече Песков, кој верува дека сите документи потпишани од Зеленски може да бидат непризнаени поради проблеми со неговиот легитимитет.

Според Песков, сомнежите „се поврзани со воената ситуација и некои членови од украинскиот Устав“, пренесуваат руските медиуми.

Тој тврди дека Зеленски „не ги контролира сите формации на вооружените сили на Украина“.

„Зеленски, а тоа е добро познато, не ги контролира сите негови дивизии“, рече тој и додаде дека „некои националистички баталјони не му се покоруваат и тоа е голем проблем“.

Песков додаде дека Зеленски ги вовлекол Европа и САД во војна против Русија и го претставува Киев како центар на се што е „антируско“ на Земјата.

„Зеленски беше избран за претседател благодарение на неговото ветување дека ќе стави крај на граѓанската војна. Дали го направи тоа? Не. Украина не тргна по овој пат. Напротив, тие решија да ги вовлечат Европа и Америка во војната и да се претстават како центар на сè што е „антируско“ на оваа Земја“, рече Песков во интервјуто за „Поан“.

Хјустон израмни во серијата со Голден Стејт

Хјустон ноќеска го победи го победи Голден Стејт со 109:94 во вториот натпревар од првото коло на НБА плејофот.

Хјустон израмни во серијата со Голден Стејт

Најефикасен кошаркар на натпреварот беше Џејлен Грин, кој постигна 38 поени и тој е најзаслужен за триумфот на домашниот тим.

Третиот натпревар од серијата ќе се одигра на теренот на Голден Стејт на 27 април.

Резултатот во серијата прв до четири победи сега е 1:1.

На другите две средби одиграни ноќта среда кон четврток постигнати се овие резултати:

Бостон селтикс – Орландо меџик 109:100 (2:0 во серијата)

Кливленд кавалирс – Мајами хит 121:112 (2:0 во серијата).

притисни ентер