Јапонскиот гигант „Нидек“ влегува во Србија!

Сè поизвесно е дека јапонската компанија „Нидек“, производител на електрични мотори, доаѓа во Србија. Како што дознава „Блиц“, во петокот е потпишан Меморандум за инвестиција, а следните клучни чекори се очекуваат многу наскоро.

„Наскоро очекуваме посета на првиот човек на компанијата и потпишување на договорот за инвестиција“, изјави добро информиран извор за „Блиц“.

Пристигнувањето на овој гигант во Нови Сад беше најавено како „револуција во реиндустријализацијата“, а компанијата, според претходните најави, треба да инвестира околу 1,9 милијарди долари во изградбата на фабриката!

Јапонските медиуми неодамна пишуваа за доаѓањето на Нидек во Србија. Така, на почетокот на ноември, токискиот дневен весник „Никеи“, изјави дека компанијата ќе инвестира 200 милијарди јени (1,9 милијарди долари) во изградба на фабрика за мотори на електрични возила.

Еден месец подоцна, градоначалникот на Нови Сад, Милош Вучевиќ, изјави дека „сигурно е дека ќе пристигне уште една странска инвестиција во Нови Сад, јапонската компанија Нидек, која произведува електромотори за разни потреби“.

„Нови Сад е во конкуренција со уште два европски града за кои е заинтересиран Нидек“, рече Вучевиќ во декември минатата година, наведувајќи дека конечната одлука треба да биде донесена на почетокот на оваа година.

Вучевиќ тогаш рече дека Нидек размислува за купување на 25 хектари земјиште во индустриската зона Север 4 во Нови Сад.

Извор: blic.rs

Видео: Алек Болдвин вознемируван од пропалестинска активистка

Глумецот Алек Болдвин се соочи со вознемирување од пропалестинска активистка, а видеото од тој настан на „Х“ е прегледано над три милиони пати.

На снимката направена во некое кафуле, додека Болдвин плаќа за својата нарачка и го држи мобилниот телефон на увото, жената со својот телефон го снима и неколкупати настојчиво бара од него да каже „Слобода за Палестина“ и да го опцуе Израел и ционизмот. Кога активистката сфаќа дека глумецот ја игнорира, таа ја менува темата. Следното прашање е: „Зошто ја уби таа жена? Ја уби жената и не доби затворска казна? Нема затвор, Алек!“

Активистката тука ја има предвид смртта на кинематограферката Халина Хачинс на снимањето на каубојскиот филм „’Рѓа“. За потсетување, Болдвин се соочува со обвиненија за ненамерното убиство на Хачинс во 2021 година. Продолжението на судењето за убиство од небрежност е закажано за 10 јули.

На видеоснимката, натаму глумецот почнува да се заканува со полиција, но девојката е упорна во своето вознемирување и на крајот, Болдвин ѝ го исфрла мобилниот телефон од рака.

Алек Болдвин ја отфрли одговорноста за ненамерното убиство на Хачинс. /МИА

Oштетена гумената брана за наводнување на оризовите површини кај кочанското село Грдовци

Вработените во водостопанската подружница „Брегалница“ од Кочани утрово забележале намерно оштетување на гумената брана кај селото Грдовци, што се користи за зафаќање на водата од реката Брегалница и наводнување на околните оризови ниви.

Непознат сторител со остар предмет ја исекол гумената обвивка во должина од околу половина метар, по што дошло до истекување на акумулираната вода и празнење на помошниот канал од водозафатот.

-Во изминатите седум дена имаше шест обиди за сечење на гумата и конечно, во текот на доцните вечерни или раните утрински часови, сторителот успеал во намерата. Несфатливо е зошто некој, токму на почетокот на сезоната за сеење на оризот, се одлучил на ваква постапка со која прави повеќекратна штета. Во прашање е доведено наводнувањето на околу 100 хектари оризови површини. Освен тоа, наместо средствата со кои располагаме да ги инвестираме во одржување на каналската мрежа, ќе мора дел да потрошиме за ангажирање служба за чување на гумената преграда. Настанот веќе е пријавен во полиција и очекуваме разоткривање на сторителот и на неговите мотиви за ова кривично дело, истакна Станче Стефанов, техничко лице во водостопанскта подружница „Брегалница“.

Во тек се активности за санирање на оштетувањето на гумената преграда, но постапката е отежната поради зголемената количина вода. Вработените во подружницата очекуваат до крајот на денот да ја нормализираат состојбата со наводнувањето, за да се избегне прекин на сеидбената сезона во овој регион, но и да не дојде до исушување на нивите кои веќе се посеани со ориз.

Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај

Претседател на Комитетот за уставно законодавство и државност во Горниот дом на Советот на Руската Федерација, Андреј Клишас денеска изјави дека инаугурацијата на рускиот претседател Владимир Путин ќе се одржи на 7 мај.

Согласно руските закони, новоизбраниот претседател ја презема функцијата со мандат од шест години.

Инаугурацијата на Путин и во 2018 година се одржа на 7 мај. /МИА

притисни ентер