3ВМРО-ДПМНЕ: Разликата меѓу Алта банка и Еуростандард е тоа што Заевци ја уништија и испокрадоа Еуростандард
СветЈапонците и по 3 дена не можат да го извлечат возачот на камион, кој пропадна во огромна дупка Спасителите во Јапонија се обидуваат да извлечат возач на камион од дупка што се појави завчера и оттогаш се прошири.Во градот Јашио во префектурата Саитама, недалеку од главниот град Токио, се појавила дупка и проголтала камион, јавува Би-Би-Си. Спасувачките напори се отежнати поради урнатиот пат, а властите наредиле евакуација на десетици домаќинства во областа. Според локалните медиуми, 74-годишниот возач последен пат им одговорил на спасувачите завчера попладне. Иако службите за итни случаи успеале да го отстранат товарниот дел од камионот од дупката со големина на базен, кабината на возачот е сè уште затрупана во нечистотија и урнатини. Дупката со дијаметар од околу 10 метри и длабока 5 метри првпат се појави завчера наутро на раскрсница на пат. Најверојатно е предизвикана од пукање на подземна канализациона цевка. Japan sinkhole doubles in width as crews work to free truck driver pic.twitter.com/lNz7Mds61y — Orin Ulysses Rascal (@ourascal) January 30, 2025 Властите соопштија дека отпадните води од оштетената цевка се излеале од дупката, поради што денеска се појавила втора дупка. Снимките покажаа како за време на уривањето се урна електричен столб и знак од ресторан, по што следеше дополнително уривање на патот што ги поврза двете длабнатини во огромен кратер широк 20 метри, што дополнително ја отежна спасувачката операција. Во дупката има и гасовод, што ги зголеми стравувањата за можно истекување на гас. Властите наредија евакуација на 200 домаќинства во околината. Тие ги повикаа и жителите на градот и околните места да ја намалат потрошувачката на вода. Огромните дупки се сè почеста појава во јапонските градови, бидејќи многу од нив имаат застарена канализациона инфраструктура. Огромна дупка проголта улица со пет ленти во градот Фукуока во 2016 година, предизвикувајќи прекини во сообраќајот и снабдување со електрична енергија и вода. За среќа немало сериозни повреди. Минатиот август, потрагата по жена која исчезна во бездна на тротоар во центарот на Куала Лумпур беше прекината по една недела. Во тоа време, властите сметале дека е премногу ризично да продолжат да испраќаат нуркачи во подземната канализациона мрежа, која имала силни струи и остатоци.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
МакедонијаДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?Дали Бугарија го даде конечниот одговор за идејата за вклучување европски претставници како посредници во дијалогот меѓу Скопје и Софија? Дали Бугарија го даде својот конечен одговор по предлогот европски претставници да се вклучат како посредници во дијалогот меѓу Скопје и Софија? Оваа дилема се отвори по вчерашната изјава на шефицата на бугарската дипломатија Петрова-Чамова, која како нетипични ги квалификуваше сите предлози да своевидно посредништо меѓу Македонија и Бугарија. Според Претседателот на Институтот за демократија, Марко Трошановски, ваквата изјава е јасен индикатор дека можат „да пропадне во вода“ нашиот обид да се вклулчиу директно Брисел во дијалогот. Вели Бугарија во овој случај има многу по комотна улога и може да ја диктира динамиката и форматот на разговорите. На сличен став е и аналитичарпт Петар Арсовски, кој смета дека и покрај ваквиот став на официјална Софија, напорите за дијалог да продолжат и ова да не предизвика никакво разочарување во Македонија. Инаку, вчера одговорајќи на новинарско прашање, бугарскта министерка за нодворешни работи.. кажа дека Бугарија не гледа потреба од посредник во разговорите со Македонија и дека прашањата поврзани со евроинтегративниот процес веќе се утврдени на европско ниво.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
МетеоУХМР: Променливо време за викендот, од вторник затоплувањеПроменливо облачно за викендот и во понеделник, а од вторник затоплување – покажуваат прогновите на УХМР. Облачно време со сончеви периоди се очекува денеска утре и во понеделник, кога се очекуваат и локални врнежи од дожд. Од вторник пак следува стабилизирање на времето и пораст на температурите, а нови врнежи од дожд се најавуваат од петок. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеВременски шокови и во ноември: Просекот на колапси на јавни места ист како во летните месециНаглите температурни промени земаат сериозен данок, па така во ноември просекот на колапси на јавни места останува висок со пет до шест лица дневно. Времето не бира кого ќе кутне, наглите температурни разлики земаат данок во здравје, па колапс на улица повеќе не е слика само за летните горештини, бидејќи и во ноември просекот на колабирања е ист како во август – пет до шест лица губат свест на јавни места во текот на 24 часовната смена на службата за Итна помош. И овој период, атмосферскиот притисок и влажноста на воздухот влијаат врз здравјето, па најчесто на удар се хронично болните, за нив наглите промени знаат да имаат посилни последици, вели д-р Елена Карева Пиловска. Од Итната медицинска помош нотираат дека освен за колапси, имаат повеќе интервенции за случаи на срцев удар, но и повици кога граѓаните се жалат на слабост, вртоглавица, тресење и конфузија, што се симптоми на хипогликемија, или „паѓање на шеќерот“. При нагло заладување се стеснуваат крвни садови што може да доведе до покачен крвен притисок и оптоварување на срцето, објаснуваат лекарите и апелираат дека хронично болните кои секако се почувствителни на промените на време да ја земаат својата терапија, а претходно редовно да го мерат притисокот. Сепак, главната препораката до сите граѓани е да се води поголема грижа за општата состојба, бидејќи само со здрави навики, спортувања и грижа за себе може да се влијае организмот полесно да ги поднесува временските шокови. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook