Јаневска: Во најголем дел од училиштата во земјава постои исправна противпожарна опрема - Канал 5

Јаневска: Во најголем дел од училиштата во земјава постои исправна противпожарна опрема

Во најголем дел од училиштата во земјава постои противпожарна опрема, но некаде ќе треба да се дообнови и досреди на што активно се работи, порача денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска. 

Јаневска: Во најголем дел од училиштата во земјава постои исправна противпожарна опрема

Прецизира дека противпожарна опрема има во сите училишта, но во некои од училиштата, претежно во внатрешноста, се случува противпожарните апарати да не биле проверени во текот на годината иако има обврска еднаш годишно да се проверуваат.

-Тие ќе се проверат, а треба да се проверат и цревата за хидрантите дали се на соодветното место и дали се исправни. Тоа е сега во тек, а во тоа голема улога имаат општините зашто со процесот на децентрализација за училиштата се одговорни локалните самоуправи, рече Јаневска во одговор на новинарско прашање каква е состојбата со хидрантите и противпожарните апарати во основните и средните училишта во земјава, при посетата на основното училиште „Партенија Зографски“ во Кисела Вода заедно со градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Прашана дали се предвидуваат обуки за учениците за справување со кризни ситуации како во клубот „Пулс“ во Кочани, рече дека организацијата на такви обуки е во тек.

-Во изминатите неколку денови освен што се грижевме за прва психолошка помош во кризните подрачја остварив неколку средби со Црвен крст, Меѓаши и други институции со кои се договоривме да го зајакнеме делот на образованието на учениците како да постапуваат во кризна ситуација. Се надевам нема да ни треба, но знаењето е бесценето и почнуваме да работиме и на тоа, прецизира Јаневска.

Посочи дека и во изминатиот период Црвен крст работеше на образование на младите за давање на прва помош, но не во кризни ситуации како што се пожар, земјотрес,...

-Сега ќе го прошириме тоа и ќе го направиме да биде баш така како што треба. Имаме понуда од Германската амбасада да помогне во тоа, секако ќе ја прифатиме и сме во тек на организацијата. Првичниот договор е дека прво треба да ги обучиме наставниците да знаат како да се однесуваат во кризна состојба, а потоа тоа знаење да го пренесат на учениците. Важно е што е почнат процесот и ќе продолжи се додека не биде завршен на територијата на целата земја, посочи Јаневска.

ММФ не предвидува рецесија годинава и покрај царините на Трамп

Трамп воведе царини од најмалку 10 отсто за сите стоки што влегуваат во САД почнувајќи од 5 април, и до 145 отсто за кинески стоки, покрај постојните царини воведени пред тој да се врати во Белата куќа.

ММФ не предвидува рецесија годинава и покрај царините на Трамп

Царинските мерки на американскиот претседател Доналд Трамп ќе влијаат на глобалната економија и ќе предизвикаат големо забавување на економскиот раст годинава, но без транзиција во рецесија, изјави денеска извршната директорка на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева.

И покрај несигурноста предизвикана од трговската политика, „нашите проекции за раст се во голема мера намалени, но не укажуваат на рецесија“, рече Георгиева во својот традиционален воведен говор пред пролетните состаноци на ММФ и Светската банка.

Состаноците почнуваат следната недела, кога меѓународните финансиски институции ќе ги претстават своите ажурирани прогнози за светската економија.

Трамп воведе царини од најмалку 10 отсто за сите стоки што влегуваат во САД почнувајќи од 5 април, и до 145 отсто за кинески стоки, покрај постојните царини воведени пред тој да се врати во Белата куќа.

Трамп се закани со оставка на Џером Пауел, шефот на Фед

Претседателот на САД, Доналд Трамп, ја критикуваше работата на првиот човек на Федералните резерви (Фед), Џером Пауел, нарекувајќи го „вечно задоцнет и во заблуда“ и изјави дека неговата оставка треба да дојде „што е можно побрзо“.

Трамп се закани со оставка на Џером Пауел, шефот на Фед

Трамп ова го напиша денеска на една од социјалните мрежи.

- Предоцна е да се намалат каматните стапки по примерот на ЕЦБ (Европска централна банка) која тоа одамна го направи. Но сепак, Пауел треба да ги намали сега, напиша Трамп, и порача дека тој е созреан за оставка.

Во говор одржан во Економскиот клуб во Чикаго синоќа, Пауел изрази загриженост заради високите царини воведени од Трамп, предупредувајќи дека тоа можат да доведат до забавен економскиот раст и зголемена инфлација. Тој потенцираше дека ценовната стабилност и вработеноста може да бидат загрозени.

Ова не е првпат Трамп да го критикува Пауел. Неговиот мандат како претседател на Фед истекува во мај 2026 година. Оваа институција која се грижи за фискалната стабилност на САД се смета за независна и обично Белата куќа не се меша во нејзината работа.

Гризман, сепак, останува во Атлетико

Иако се шпекулираше дека летово ќе се пресели во американската МЛС лига, 34-годишниот француски крилен напаѓач Антоан Гризман ќе остане во Атлетико Мадрид, објавија денеска шпанските медиуми.

Гризман, сепак, останува во Атлетико

Актуелниот договор на Гризман истекува во јуни следната година, но се шпекулираше дека тој ќе замине во МЛС лигашот Лос Анџелес во летниот преоден рок.

Сепак, според шпанските медиуми, миленикот на тренерот Диего Симеоне треба да го продолжи договорот до јуни 2027 година, што значи дека ќе игра за Атлетико барем уште една сезона.

Францускиот фудбалер се согласил и на намалување на платата, а неговата нето заработка по оданочување изнесува осум милиони евра по сезона.

Гризман дојде во Атлетико во јули 2014 година од Реал Сосиедад во трансфер вреден 30 милиони евра. По пет сезони минати во мадридскиот клуб, во летото 2019 година беше купен од Барселона, која плати отштета од 120 милиони евра. Францускиот напаѓач не ги исполни очекувањата и по две години се врати во Атлетико, прво на позајмица, пред мадридскиот клуб да го откупи неговиот договор во јули 2023 година за 22 милиони евра. /МИА

притисни ентер