Јаневска: Во февруари идната година ќе се потпише нов колективен договор - Канал 5

Јаневска: Во февруари идната година ќе се потпише нов колективен договор

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче смета дека Владата само симболично ги зголемила платите на наставниците, што било далеку од потребното. 

Јаневска: Во февруари идната година ќе се потпише нов колективен договор

Постигнатиот договор за повисока плата на вработените во образованието за 5 %, која ќе ја добијат идниот месец, е најоптималната моженост која во моментов ја нуди буџетот, вели министерката за обрзавоание Весна Јаневска за Канал 5. Според неа преку партнерски дијалог по речеиси 3 месеци преговори била постигната заедничката цел со СОНК, вели и до оваа бројка од 5 % стигнале на многу тежок начин со оглед на тоа каков буџет затекнале. Очекува новиот колективен договор да биде потпишан во февруари идната година, а во него ќе биде вклучена и спогодбата за континуиран раст на платите во следните 4 години.

„ 3 ипол месеци постојано работиме на ова со СОНК за да најдеме заедничко решение, и во корист на наставниците и во корист на учениците за да не губат насатава. Ова беше партнерски дијалог и постигнавме заедничка цел. Ова е најоптимална моженост која ја нудди буџетот. Но тоа не значи дека во иднина наставниците и останатитот училишен персонал договроот важи за сите нема да добијат повисоки плати.“

Јаневска уверува следната година учениците ќе добијат учебници по странски јазици, а во однос на реформите во образованието, вели ги има многу, но клучни, според неа, сега се промената на делови од концепцијата, воведувањето на едносменска и целодневна настава, промена на матурата, и реорганизација на високото обрзаование.

„Со светска банка правиме анализа на вишокот на наставници и потребите на учиилиштата за инфрастурктура , значи доградба на училници или изградба на училишта што генерално се однесува на Скопје додека во дргуите места нема толкава потреба од сето тоа... “

Покачувањето на платите од само 5% од опозициската СДСМ го оценија како обид на власта за, како што велат, амортизација на незадоволството коешто постои. Првиот човек на партијата Венко Филипче вели власта не го почитува законот, па немасто законски предвидените 12, ги покачи платите за само 5%, што според него е недостоинствено решение и е далеку од потребното.

„Само 5 % и тоа под притисок на јавноста и нашата партија. Ова не е достоинствнео решение, ова е обид само да се смири револтот со симболично зголемување што е далеку од вистинската потреба за нашите наставници. “

По повеќе месечни преговори вчера Владата и СОНК постигнаа договор. Очекувањата на власта се дека до 2028 година година наставниците и професорите ќе имаа повисоки плати за минимум 46%. Следното покачување во март идната година ќе биде за 2 % поголемо, а во март 2026 и 2027 зголемувањето ќе биде помеѓу 7,5% и 10 %, а веќе во март 2028 година растот ќе изнесува од 10 до 12,5 %.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Гратче во Франција е практично збришано преку ноќ, луѓето бесни: Жртвувани сме за да се спасат богатите од пожарот (ВИДЕО)

Малиот град Ле Порж, во департманот Жиронд во југозападна Франција, е тешко погоден од еден од најлошите шумски пожари годинава.

Гратче во Франција е практично збришано преку ноќ, луѓето бесни: Жртвувани сме за да се спасат богатите од пожарот (ВИДЕО)

Неколку дена по избувнувањето на пожарот, местото изгледа како да поминало низ војна. Поранешната железничка станица сè уште чади, изгорени автомобили лежат покрај патот, а километри шума се претворени во црни скелети од борови изгорени до самиот врв. Тука и таму, меѓу јагленисаните дрвја, се гледаат само остатоци од куќи.

Според весникот Ouest-France, атмосферата е апокалиптична. Улиците се речиси целосно празни, а единствениот сообраќај се противпожарни возила кои брзаат кон нови жаришта. Пред магацин кој беше зафатен од пламен, остануваат само остатоци од брод опкружен со стопена пластика.

Меѓу жителите кои останале без покрив е Ингрид, која успеала да ги спаси само своите мачки од шталата за време на евакуацијата во среда вечерта. Неколку дена подоцна, соседката ѝ кажала дека нејзината куќа целосно изгорела.

„Изгубивме сè. Немам зборови“, рече таа низ солзи.

Таа и нејзиниот сопруг морале да бегаат од пожарот неколку пати - прво од својот дом, потоа од местото каде што привремено нашле засолниште, по понатамошните евакуации. На крајот се засолниле кај роднини во Шарант.

Градоначалникот на Ле Порж, Марсијал Занинети, ја сумирал ситуацијата во една реченица: „Ситуацијата е катастрофална“.

Додека пожарникарите продолжувале да се борат со пожарот на периферијата на градот, целото население било евакуирано, а градското собрание привремено било претворено во прифатен центар. Подоцна било потврдено дека во пожарот биле уништени помеѓу 153 и 175 куќи, што е речиси една десетина од сите згради во општината, додека пожарот се проширил на околу половина од нејзината територија.

Општинските власти сега организираат психолошка помош и се обидуваат да најдат сместување за семејствата кои останале без сè, објавува „Ле Монд“.

Една од главните цели на пожарникарите била да се спречи ширењето на пожарот кон заливот Аркашон и туристичките одморалишта Арес, Андернос и Кап-Ферет.

Борбата беше исклучително тешка бидејќи ветерот неколку пати ја менуваше насоката, а тресетната подлога продолжуваше да гори под површината на земјата, од која постојано се појавуваа нови пламени. Командантот на противпожарната служба Салем Маизи предупреди дека ситуацијата е многу неповолна бидејќи пожарот сè уште не е целосно контролиран.

Поради новите опасности, властите мораа да наредат дополнителни евакуации, па вкупниот број на раселени лица во Франција достигна речиси 220.000.

Во исто време, шумските работници користеа машини за да изградат заштитни бариери за да го спречат пожарот да напредува кон Лаканау, каде што во тој момент сè уште имаше голем број туристи. Тракторите донесоа големи резервоари за вода, додека пожарникарите гаснеа нови жаришта кои постојано се разгоруваа меѓу изгорените борови дрвја во текот на ноќта.

„Авенија на очајот“

„Ле Монд“ пишува дека авенијата Басен-д'Аркашон, која до неодамна водеше до плажи, ресторани и фарми за остриги, сега жителите ја нарекуваат „авенија на очајот“.

Повеќе од 50 од вкупно 175 изгорени куќи се наоѓаат таму. Пејзажот е целосно црн. Боровите сè уште стојат, но нивните корени се изгорени, па наскоро ќе паднат. Телефонските кабли висат или лежат на земја, стопени од високата температура, а столбови чад се креваат насекаде од пепелта создадена од таканаречените „зомби пожари“ во тресетната подлога.

Меѓу оние што ги загубија своите домови е и 69-годишниот Ив Бругиергард. Од неговата куќа останаа само поцрнети ѕидови, куп ќерамиди, изгорени греди и стопени рамки за прозорци.

„Во оваа градина и меѓу овие ѕидови, ја напишавме нашата животна приказна, приказна за младешка љубов што животот некогаш ни ја одзеде, а повторно почнавме да ја живееме кога се најдовме еден со друг во 2009 година“, рече тој.

Неколку дена не знаеше што остана од неговиот дом бидејќи не му беше дозволено да влезе во евакуираната област. Кога конечно пристигна, првото нешто што го виде беше целосно уништената куќа на неговите соседи кои ја градеа со свои раце со години.

„Болката на таа жена ќе ми остане во сеќавањето долго време“, рече тој.

Тој накратко зборуваше за својата куќа:

„Сè беше изгорено толку многу што веќе не можев да препознаам каде е кујната, а каде спалната соба. Немаше ништо останато. Огнот проголта сè“, рече тој.

Во пепелта, тој успеа да најде само неколку од неговите скулптури направени од рециклирани материјали.

Ив верува дека властите можеле да реагираат порано. Се сеќава дека чадот веќе бил видлив околу пладне, додека првите воздушни противпожарни сили пристигнале дури кога пожарот веќе станал огромен.

Тој го опиша столбот од чад како „црн облак во форма на нуклеарна печурка“.

Тој, неговата сопруга и внук се евакуирале навечер, носејќи само торба со облека, документи и лекови. Денес признава дека ако знаел што ќе се случи, можеби ќе останел да ја брани куќата, како еден од неговите соседи кој цела ноќ истурал вода врз неа и успеал да ја спаси.

Софи Рош, менаџерка на хотел во Ле Порж, се присети на драматичните моменти кога ѕид од пламен висок повеќе од десет метри се појавил пред хотелот.

„Да ја пресечеше улицата, ќе ги изгубевме животите“, рекла таа, објавува „Монд“.

Хотелот, речиси неверојатно, остана недопрен.

Пожарот двапати го зафати градот. Првиот пат, пламените јазици пристигнаа првата вечер по избувнувањето на пожарот, а следната вечер се вратија и го запалија она што остана.

Жителот Пјер Хароар го спореди пожарот со рендал што оди во еден правец, а потоа во друг, оставајќи целосно уништен пејзаж зад себе.

Во средината на катастрофата, многу жители решија да им помогнат на другите. Алексис Фонтен, чија куќа остана недопрена благодарение на добрата изолација што го спречи пожарот да навлезе внатре, подготви храна за пожарникарите и волонтерите во спортска сала претворена во логистички центар.

Неговиот свекор, чија куќа беше тешко оштетена, исто така помогна на терен, наместо да се справи со сопствената загуба.

Сепак, меѓу жителите се прошири чувство на горчина. Многумина веруваат дека Ле Порж бил жртвуван за да се заштити луксузот на Кап-Ферет и неговите вили.

Неколку локални жители тврдат дека пожарникарите морале да ја напуштат одбраната на своите домови во еден момент за да го заштитат полуостровот. Градоначалникот не сакаше да коментира за обвинувањата, но чувството дека нивниот град претрпел најголема жртва остана многу силно кај жителите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сидни Свини пука од пушка- фановите разочарани: Нема веќе да те следам (ВИДЕО)

Актерката Сидни Свини, позната по улогата во серијата „Еуфорија“, објави серија фотографии од патувањето во Нов Зеланд со својот партнер Скутер Браун на Инстаграм. 

Сидни Свини пука од пушка- фановите разочарани: Нема веќе да те следам (ВИДЕО)

На фотографиите и видеата, двојката може да се види во разни активности - од возење со хеликоптер и брод до банџи скокање и пукање со оружје. Токму овој последен дел предизвика поделени реакции.

Негативни коментари под објавата

Додека фотографиите од пејзажот и активностите полни со адреналин собраа многу позитивни коментари, некои од следбениците го критикуваа видеото во кое актерката пука со пушка. Тие го оценија како несоодветно, а некои претпоставија дека станува збор за лов. „Одлична си, но дали штотуку пукаше во птица?“, праша еден корисник. Друг твитна: „Се откажувам од следење“.

Еден следбеник саркастично го сумираше целото патување: „Добро, значи резиме на патувањето: лет со хеликоптер, снежен голф (како ги зедовте топчињата?), огнено оружје (благодарение во име на животните), возење со баги и речен брод“.

Не е прв пат таа да користи оружје

Ова не е прв пат Свини да биде критикувана за оружје. Минатата година, видео од нејзиното вежбање на стрелиште стана вирално на интернет, за што таа беше јавно пофалена од американскиот претседател Доналд Трамп, како и од неговото движење MAGA.

Видеото доби ново внимание откако Трамп ја пофали нејзината реклама за фармерките American Eagle, која ја нарече „анти-будна“. Во тоа време, медиумите објавија и дека актерката е регистрирана како гласач на Републиканската партија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сопругата на Дмитриј Песков сака ЕУ да ѝ ги укине санкциите

Татјана Навка, сопруга на портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, бара да ги оспори санкциите на ЕУ што ѝ се наметнати поради војната во Украина пред Европскиот суд на правдата, според податоците објавени на веб-страницата на ЕУ.

Сопругата на Дмитриј Песков сака ЕУ да ѝ ги укине санкциите

Навка, поранешна олимписка шампионка во уметничко лизгање, беше додадена на списокот на санкции на ЕУ во јуни 2022 година против лица поврзани со агресијата во Украина. Ќерката на Песков, Елизавета, и синот Николај, исто така беа на истиот список.

Брисел соопшти дека при усвојувањето на мерките, кои вклучуваат забрана за патување во ЕУ и финансиски ограничувања, тие биле воведени „за дејствија што го поткопуваат или загрозуваат територијалниот интегритет, суверенитетот и независноста на Украина“.

Податоците објавени на порталот EUR-Lex на ЕУ покажуваат дека 51-годишната Навка, која е родена во советска Украина, но сега има руско државјанство, бара укинување на санкциите преку Судот на правдата на Европската Унија.

Во правниот поднесок се наведува дека Навка тврди дека причините за санкциите не биле правилно објаснети, дека биле направени правни грешки и неточни проценки на фактите и дека ЕУ не докажала доволна врска помеѓу тоа и наведената цел на санкциите. Тој бара од Советот на Европската Унија отштета во износ од нешто повеќе од два милиони евра, пишува Ројтерс.

Друга официјална база на податоци на ЕУ покажува дека Екатерина Игнатова, сопругата на Сергеј Чемезов, раководител на државната одбранбено-индустриска корпорација Ростек, се обидува да ги оспори санкциите со истите правни средства.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер