МакедонијаЈанчев: Во овие 100 дена започнавме проекти кои со години биле најавувани, а денес се реалностОтчет на градоначаникот на Општина Кавадарци Митко Јанчев .„Почитувани сограѓани, Денес не зборуваме само за бројка. Не зборуваме само за 100 дена. Денес зборуваме за енергија што се чувствува на секоја улица, за динамика што се гледа на секое градилиште и за визија што го движи Кавадарци напред, сигурно, одлучно и достоинствено. „100 дена отчет – Кавадарци, град во постојан развој.“ Ова не е слоган. Ова е определба. Ова е систем на работа. Во изминатите 100 дена покажавме дека кога постои јасна визија, дисциплина во реализацијата и партнерство со граѓаните – резултатите не доаѓаат случајно, туку се создаваат. Кавадарци денес не е град што чека. Кавадарци е град што иницира. Град што инвестира. Град што гради. Како градоначалник, заедно со советниците и раководителите на секторите во општината, поставивме нов стандард: работа со рокови, работа со мерливи резултати и работа со една и единствена цел – квалитетен живот за секој граѓанин. Нашата економска стабилност не е привилегија, туку одговорност. Нашата инфраструктурна динамика не е случајност, туку стратегија. Нашата модернизација не е тренд, туку потреба. Во овие 100 дена започнавме проекти кои со години биле најавувани, а денес се реалност. Реализиравме зафати што директно го подобруваат секојдневието на граѓаните – од патна инфраструктура, урбано уредување, комунални услуги, до инвестиции во образованието, спортот и локалниот економски развој. Работиме плански. Работиме одржливо. Работиме долгорочно. Кавадарци денес е препознаено како еден од најразвиените и економски најстабилни градови во државата – град со силен стопански потенцијал, модерна инфраструктура и амбиција која не познава граници. Ова се 100 дена во кои: – не ветувавме – туку реализиравме, – не импровизиравме – туку планиравме, – не застанавме – туку забрзавме. Но ова е само почеток. Ќе се задржам на капитални и големи проекти (започнати или реализирани): – Изградба и целосна реконструкција на клучни сообраќајници и булевари – Модернизација и проширување на водоводната и канализационата мрежа – Нови инвестиции во индустриски и економски зони – Реконструкција и енергетска ефикасност на училишта и јавни објекти – Уредување на нови паркови и јавни урбани простори – Подобрување на уличното осветлување со енергетски ефикасни системи – Поддршка и проширување на спортска инфраструктура Значајни проекти и интервенции: – Асфалтирање и реконструкција на локални улици – Уредување на тротоари и паркинг-простори – Хортикултурно уредување на повеќе локации – Поддршка на културни и спортски настани – Зголемена транспарентност и дигитализација на општинските услуги – Интервенции во руралните средини и месните заедници Ова е дел од поголемите капитални отпочнати и реализирани проекти: - Комплетна реконструкција на Градски базен Кавадарци. Инвестиција во висина од 48.000.000,00 ден од Влада на РМ. - Доградбата на спортско-рекреативниот објект – затворен базен и Спа центар. Проект финансиран од Министерството за спорт во вредност од 100,5 милиони денари. - Картинг зона и картинг центар - Нов, модерен спортски објект во рамките на Спортскиот центар „Јасмин“, на површина од 1.000 м² - Спортска сала во село Марена – модерен простор во рамки на основното училиште, со соблекувални, тоалети и просторија за наставници. Инвестиција на Општина Кавадарци во висина од 22.000.000 денари. - Нова велосипедско пешачка патека Глишиќ – Марена која е во должина од 860 метри. Инвестицијата од 11.000.000 денари е на Општина Кавадарци, - Био пазар во Кавадарци – инвестиција во здравјето, земјоделието и локалниот развој. Инвестиција на Општина Кавадарци во вредност од 26.500.000 ден плус ДДВ. -Реконструкција на колектор на потегот од бул. Видое Смилевски до Северен Булевар. Проектот е финансиран во висина од 9 милиони денари преку Владата на РМ. -Реконструкција на делница од колекторскиот систем, на потегот од Северен булевар до спојот на левиот и десниот колектор. -Изградба на нов мост преку Луда Мара –од с. Марена до с. Сопот. Проект со финансиска поддршка од Министерството за транспорт во износ од 12 милиони денари. - Инфраструктурен проект за краците 1, 2, 3, 5 и 6 на ул. „Ѓорѓи Соколов“ во Кавадарци. Со инвестиција од 26.000.000 денари, обезбедени преку Министерство за транспорт. -Изградба на фекална канализација на ул. ,,Бел Камен''. Со финансиска конструкција од 860.000 денари и должина од 160 метри. -Изградба на кружен тек на Северен Булевар со финаниска конструкција од 33.000.000ден а за кратко време Кавадарци ќе добие и нова трговска единица за прехранбени производи - Лидл. -Во завршна фаза е Дневниот центар за лица со телесна или ментална попреченост кој ќе располага со капацитет од 40 корисници. Вкупната вредност на проектот е 40.856.910 денари. -Поставување нова водоводна и канализациона мрежа во месноста Моклиште. Проект вреден 1 милион евра – финансиран од Министерството за животна средина и просторно планирање и Локалната самоуправа. -Реконструкција на главниот цевковод за вода за пиење на потегот Страгово – Крњево. Проектот е финансиран од Министерство за транспорт, а финансиската вредност е 20 милиони денари. - Изградба на Јавна општинска установа за вон семејна социјална заштита на стари лица во општина Кавадарци! -Повеќенаменски објект во село Дреново на површина од 530м2. Инвестицијата во висина од 30 милиони денари е на Општина Кавадарци. -Проект за намалување на загуба на вода со 2000 водомери обезбедени од страна на Министерството за животна средина, а со Општина Кавадарци како официјален нарачател. - Нов дел на кејот на потегот од Булевар Видое Смилевски до Општа болница Кавадарци и ново улично осветлување и урбана опрема, со што комплетно е завршено и продолжувањето на кеј-шеталиштето, кое претходно беше најзапуштениот дел во нашиот град. Финансиската конструкција за овој проект изнесува 1 милион евра. 100 дена се доволни за да се види правецот. А правецот на Кавадарци е јасен – Кавадарци, град во постојан развој. Продолжуваме со уште поголема динамика, уште посилна реализација и уште појасна цел: Кавадарци да биде пример за модерен, економски моќен и инфраструктурно напреден град. Затоа што ние не управуваме само со мандат. Ние градиме иднина. 100 дена отчет. Кавадарци – град во постојан развој.“ Со почит, Градоначалник Митко Јанчев Тагови: Митко Јанчев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотЗаборавете на изгледот и мускулите – Еве какви мажи посакуваат женитеМаж со овие особини кај жената буди најголема страст.На сексуалното задоволство кај жената не влијаат само физичкиот изглед на партнерот или неговите сексуални вештини; туку за успешно сексуално задоволство заслужни се и други особини... Според истражувањата на оваа тема, важна улога играат личните квалитети на мажот, начинот на кој се однесува кон својата партнерка, како и чувството на блискост и сигурност што тој ги создава. Издвојуваме неколку карактеристики кои често се поврзуваат со поголемо сексуално задоволство кај жените. Хуморот е привлечен Честопати на жените им се привлечни мажите кои знаат да ги насмеат. Добрата смисла за хумор може да биде знак дека е друштвен, самоуверен и способен да ѝ посвети внимание на партнерката во конкретна ситуација. Исто така, важно е да се знае кога да се пошегува, а кога да биде сериозен. Токму ваквата комбинација создава поопуштена атмосфера меѓу партнерите. Креативност и спонтаност Монотонијата може негативно да влијае на врската, додека креативноста и подготвеноста за прифаќање промени можат да донесат повеќе возбуда. Не е неопходно мажот да биде физички совршен за да биде привлечен. Жените можат особено да ја ценат неговата креативност, спонтаност и подготвеност заедно со партнерката да истражуваат што најдобро им одговара. Креативноста често се поврзува и со одредена доза на мистериозност, што за некои жени може да биде особено привлечно. Топлината создава чувство на сигурност Љубезноста, вниманието, чувството на блискост можат да бидат многу важни за сексуалното задоволство. Кога жената се чувствува сигурно и прифатено од својот партнер, полесно може да се опушти и препушти на моментот. На тој начин, довербата игра значајна улога во сексуалниот однос. Сигурната и опуштена атмосфера, исто така, им овозможува на партнерите поотворено да разговараат за своите желби, граници и за она што им причинува задоволство. Верноста гради блискост Довербата и чувството на посветеност можат дополнително да ја зајакнат врската меѓу партнерите. Кога жената знае дека нејзиниот партнер е верен и ја цени, таа може да се чувствува посакувана и сакана. Таквата емоционална поврзаност може да биде клучна за сексуалното задоволство. За некои жени, ова чувство на блискост и доверба игра поголема улога од физичкиот изглед на партнерот. Мирисот исто така може да игра улога Мирисот може да влијае на привлечноста и да предизвика разни емоционални реакции. Затоа природниот мирис на партнерот може да игра важна улога во создавањето привлечност. Кога постои привлечност, доверба и емоционална блискост меѓу партнерите, поверојатно е сексуалната интимност да биде попријатна и поисполнета. На крајот, не постои еден единствен тип на маж кој гарантира најдобро сексуално задоволство. Привлечноста и сексуалното задоволство зависат од бројни фактори, вклучувајќи емоции, доверба, комуникација и меѓусебна поврзаност. Извор: una.rsКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БизарноБосанката Мирнеса украла над милион евра од фирма во Германија, па ја пуштиле на слобода- парите не се пронајдени Мирнеса С, попозната по прекарот Мики, која украла дури 1,25 милиони евра од германска компанија за готовински трансфер во Штутгарт, повторно е во центарот на вниманието. Откако отслужила дел од тригодишната затворска казна, таа била ослободена на почетокот на 2025 година, но најголемата мистерија во случајот останува нерешена - каде завршиле парите што исчезнале пред повеќе од четири години? Кражбата се случила на 14 октомври 2022 година, кога Мирнеса, која во тоа време била вработена во компанијата за готовински трансфер, однела огромна сума пари од просториите на компанијата, објави 24 сата. Според информациите што подоцна ги објавија медиумите, таа ги ставила парите во спортска торба, ја покрила со крпи и го напуштила своето работно место. Бидејќи имала пристап до парите како вработена, кражбата била извршена без класичен грабеж или употреба на сила. Нејзиното исчезнување предизвикало обемна потрага од страна на германската полиција, која понудила награда од 37.500 евра за информации што довеле до нејзино апсење. Мирнеса, сепак, доброволно се предаде на властите во Германија на почетокот на 2023 година, откако преку својот адвокат го најави своето пристигнување на аеродромот во Штутгарт. Во јули истата година, таа беше осудена на три години затвор за кражба, а за време на постапката тврдеше дека нејзиниот тогашен партнер Роберт С. го смислил целиот план и ја убедил да учествува во кражбата. Според неа, таа добила само 20.000 евра од вкупната сума. Нејзиниот поранешен партнер, од друга страна, ги негираше обвинувањата дека ја организирал кражбата и тврдеше дека само играл улога на возач. Случајот достигна нов епилог во февруари 2026 година, кога Роберт С. беше осуден на три години и девет месеци затвор за учество во кражбата. Судот, исто така, нареди конфискација на приносите од криминал во износ од 1,25 милиони евра, но парите не беа пронајдени ни тогаш. Пресудата не беше конечна во времето на објавувањето на извештајот. Мирнеса се појави и како сведок на судењето на нејзиниот поранешен партнер, каде што зборуваше за желбата да започне нов живот. Иако е повторно слободна, прашањето за судбината на парите останува неодговорено. Во последните месеци, таа привлече внимание и на социјалните мрежи, каде што се појавува во хумористични видеа со босанскиот инфлуенсер Сермед Мактоуф. Иако двајцата поминаа низ судски процес и добија затворски казни, повеќе од еден милион евра сè уште не се пронајдени, а останува непознато кој во моментов ги контролира парите од една од најпознатите кражби во Германија.Тагови: Германија парите Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаХоланѓанец си го убил таткото и го исекол телото на 238 парчиња, а потоа направил нешто пострашно Холандските обвинители побараа 12-годишна затворска казна за маж кој го убил својот татко, а потоа го исекол неговото тело на 238 парчиња!Осомничениот ги ставил останките од својот татко во 19 вреќи за ѓубре, кои ги чувал во два замрзнувачи и кутија за складирање повеќе од три години. „Тој го отстранил телото и ги лажел полицијата и луѓето околу него со години“, изјавил јавниот обвинител пред судот, објави Сан. Тајмен В., 33, е обвинет за убиство на својот татко на 10 јануари 2021 година. Полицијата ги пронашла останките во куќата на осомничениот повеќе од три и пол години подоцна, во ноември 2024 година. Обвинителството изнесе тврдења пред судот во Алкмар дека таткото и синот биле во насилен конфликт. Жртвата била удирана во главата осум пати со тврд предмет, можеби статуа на Буда, што самиот осомничен го споменал. Според патолог од Холандскиот форензички институт (NFI), постои и можност жртвата да била задавена. Осомничениот тврди дека дејствувал во самоодбрана откако неговиот татко го нападнал со нож. Обвинителството ја отфрли оваа верзија на настаните, нагласувајќи дека осомничениот не контактирал со полицијата по смртта на неговиот татко, туку им кажал на луѓето околу него дека заминал во странство. Son, 33, ‘chopped dad into 238 pieces & hid body in freezer over poison plot' https://t.co/BRh99bhBrf — The US Sun (@TheSunUS) November 3, 2026 Обвинителот посочи дека осомничениот се однесувал кон својот татко „на ужасен и крајно дехуманизирачки начин“. Психијатар и психолог процениле дека имал благо нарушен ментален капацитет, констатација што обвинителството ја прифатило. Обвинетиот изјавил дека целосно го потиснал и самото убиство и криењето на телото, и дека неговите сеќавања за настанот се појавиле дури околу еден месец по неговото апсење. Меѓу другото, му е дијагностицирано гранично растројство на личноста. Неговиот адвокат изјавил дека физичкото насилство се случило меѓу татко и син во неколку наврати и дека било взаемно. Тој додаде дека неговиот клиент ја изгубил довербата во полицијата по претходен инцидент, кога неговиот татко го нападнал со секира, а полицајците не пристигнале веднаш на местото на настанот.Тагови: татко телото Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44