Македонија на Медитеранските игри: Од Мерсин 2013 до Таранто 2026 – три учества, три златни медали и спортска приказна што продолжува
1Македонија на Медитеранските игри: Од Мерсин 2013 до Таранто 2026 – три учества, три златни медали и спортска приказна што продолжува
3Аријана Гранде се повлекува од јавноста – не може повеќе да ги поднесе коментарите за својата тежина: „Ѝ се гледаат коските“
МакедонијаЈанчев: Увид во градежните работи на ,,Дневниот центар за лица со телесна или ментална попреченост'' Гртадоначалникот на Кавадљарци, Митко Јанчев изврши увид во градежните работи на ,,Дневниот центар за лица со телесна или ментална попреченост'', кој е во завршна фаза.Градоначалникот Митко Јанчев заедно со претседателот на Совет на Општина Кавадарци д-р Стојанчо Рамов и служби од Локалната самоуправа, беа на увид во градежните активности на ,,Дневиот центар за лица со телесна или ментална попреченост'' кој е во завршна фаза и ќе располага со капацитет од 40 корисници. Вкупната вредност на проектот е 40.856.910 денари. Овој објект е инспирација и поттик за уште поголема поддршка и инклузија на лицата со телесна или ментална попреченост во нашата општина!, објави на ФБ градоначалникот Митко Јанчев. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПревентивни активности за безбеден сообраќај и заштита од пожариДенеска (04.08.2026) полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај при ОВР Кавадарци, на подрачје на Кавадарци, реализираа превентивна активности под мотото „Возете безбедно со технички исправно возило“. Целта на активноста беше да се подигне степенот на сообраќајна култура, а посебен акцент беше ставен на потребата за свесност кај возачите за обврската за редовно одржување и техничка исправност на возилата, како клучен предуслов за безбедно учество во сообраќајот. Одделението за превенција при СВР Скопје, ОВР Берово и ПС БПС Штип пак, во Скопје, Берово и Штип реализираа превентивни активности, при што на возачите им беше укажано за важноста од задолжително почитување на сообраќајните правила и прописи. Акцент беше ставен на возачите на мотоцикли, електрични тротинети и велосипеди, при што возачите беа потсетени на правилата и обврските за внимателно и одговорно учество во сообраќајот, особено за обврската за носење заштитен шлем. Во рамки на сообраќајните активности беше поделен печатен едукативен материјал изработен во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Факултетот за безбедност Скопје. Полициски службеници од ОВР Македонски Брод при СВР Битола во с.Пласница и Македонски Брод реализираа превентивни активности за спречување на пожари. Полициските службеници преку непосредна комуникација со граѓаните им укажаа на потребата од одговорно однесување во природа, со посебен акцент на избегнување на палење оган, да не фрлаат отпушоци од цигари и доколку забележат пожар веднаш да пријават на телефонскиот број 112. На земјоделците пак, им беше потенцирана потребата од внимателно извршување на земјоделските работи, со акцент на опасностите од предизвикување пожари од палење на меѓи, стрништа со сува трева и смет на ниви. Исто така, им беше укажано дека предизвикувањето пожари е кривично дело, што соодветно законски се санкционира. На граѓаните им беше поделен и печатен едукативен материјал, изработен во соработка со ЈП „Национални шуми“, со напомена за почитување на забраната за движење во шуми која е активна до 31.08.2026 година.Тагови: Превентивни активности Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНиколоски: Очекувам во дадениот рок да бидат завршени работите на автопатот Охрид-Кичево Очекувам во наредните неколку месеци да се завршат најголемиот дел од работите и автопатот Охрид-Кичево да биде пуштен во употреба согласно воспоставениот рок идната година Ова во „Вести Плус“ го порача вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈанчев: Пожарот во село Раец е целосно изгаснатПо три дена непрекината, макотрпна и пожртвувана работа, пожарот во село Раец е целосно изгаснат, соопшти првиот човек на Општина Кавадарци, Митко Јанчев.Во овие исклучително тешки моменти уште еднаш се потврди силата на солидарноста и несебичната посветеност на сите служби и поединци кои деноноќно беа на терен во борбата со огнената стихија. Упатуваме искрена и огромна благодарност до ТППЕ Кавадарци, ТППЕ Неготино, ЈП Комуналец Кавадарци, Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Центарот за управување со кризи (ЦУК), Општата болница Кавадарци, Шумско стопанство „Бор“, Министерството за внатрешни работи, Армијата на Република Македонија, ОВР Кавадарци, Гранична полиција – Југ, доброволните противпожарни друштва, како и на сите доброволци и жители од с.Раец и с.Дреново, кои на различни начини помогнаа во справувањето со пожарот. Вашата храброст, пожртвуваност и несебична поддршка беа од непроценливо значење за успешно надминување на оваа сериозна состојба. Благодарност до сите што дадоа свој придонес. Заедно покажавме дека кога сме обединети можеме да се справиме и со најголемите предизвици, додаде Јанчев во објавата. Тагови: Митко Јанчев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook