Јана Бурческа ги освојува срцата на европската публика - Канал 5

Јана Бурческа ги освојува срцата на европската публика

Таа е млада, искрена, разиграна, не се преправа дека е нешто што не е. Весела е, убаво отпеа на втората проба пред евровизискиот настап, изгледа извонрендо. Јана ги има сите шанси да влезе во финалето!

Вака изгледаше втората проба пред евровизискиот настап на Јана Бурческа во Киев.

YouTube video


И во интервјуата таа е спонтана и шармантна.


YouTube video



А еве какви се некои од оценките за нејзините шанси за финале.


YouTube video


Јана настапува на полуфиналната вечер на 11 мај. Финалето е на 13 мај - можеби ќе ја видиме и таму! Со среќа Јана!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рубио: „Договорот на САД со Данска и Гренланд е победа за американскиот народ“

Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави дека договорот на САД со Данска и Гренланд претставува голема победа за американскиот народ.

Рубио: „Договорот на САД со Данска и Гренланд е победа за американскиот народ“

„Овој историски договор претставува голема победа за Соединетите Држави и за американскиот народ. Благодарение на визијата и лидерството на претседателот Трамп, овој историски договор трајно ги гарантира безбедносните интереси на САД на Арктикот, без никаков трошок за американските даночни обврзници“, изјави Рубио во објава на социјалната мрежа „Икс“ (X).

Како што наведе тој, Гренланд засекогаш ќе биде дел од стратешката одбранбена зона на Северна Америка, што ќе го спречи присуството на кој било противник на таа територија и во нејзината околина.

„Овој договор трајно и целосно ги решава прашањата за нашата национална безбедност поврзани со Гренланд“, заклучи Рубио.

Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Соединетите Американски Држави постигнале договор со Данска и Гренланд, кој, како што наведе, му обезбедува на Вашингтон трајна контрола врз безбедноста и други прашања поврзани со Гренланд.

Според него, договорот предвидува дека ниту еден противник на САД нема да може да воспостави база или воено присуство, ниту пак да реализира чувствителни инвестиции на Гренланд, без изречно писмено одобрение од Вашингтон.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Првиот список на Манчини – девет дебитанти

 Италија е подготвена да започне нова ера по фијаското со Џенаро Гатузо, а сега Роберто Манчини повторно е на чело.

Првиот список на Манчини – девет дебитанти

Искусниот стручњак ја презеде должноста во исклучително деликатен момент, со задача да ги подигне четирикратните светски шампиони кои се најдоа во криза, откако Италија претрпе трет последователен дебакл и не успеа да се пласира на Светското првенство.

За Италија во Лигата на нации претстои исклучително збиен и напорен распоред од четири натпревари за помалку од две недели.

На 25 септември „Аѕурите“ ја пречекуваат Белгија, три дена подоцна гостуваат во Турција, потоа на 2 октомври играат дерби против Франција, додека циклусот го заокружуваат на 6 октомври со уште еден натпревар против Турција.

Манчини прв го објави својот список, на кој се наоѓаат дури девет дебитанти: Мохамед Али Зома, Антонио Вергара, Алесандро Романо, Иса Думбија, Мајкл Кајоде, Масимо Песина, Самуеле Инасио, Себастијано Еспозито и Даниеле Џиларди.

Голмани: Марко Карнесеки (Аталанта), Џанлуиџи Донарума (Манчестер Сити), Масимо Песина (Болоња), Гиљермо Викарио (Јувентус).

Одбрана: Онест Ачанор (Кристал Палас), Алесандро Бастони (Интер), Рикардо Калафиори (Арсенал), Диего Копола (Париз), Џовани ди Лоренцо (Наполи), Федерико Димарко (Интер), Даниеле Џиларди (Рома), Мајкл Кајоде (Брентфорд), Еди Квадиома (Брентфорд), Еди Квадиома Џорџо Скалвини. (Аталанта).

Среден ред: Николо Барела (Интер), Брајан Кристанте (Рома), Иса Думбија (Спортинг Лисабон), Николо Фаџоли (Фиорентина), Давиде Фратези (Лацио), Роландо Мандрагора (Торино), Алесандро Романо (Каљари), Сандро Тонали (Тотенхем).

Напад: Николо Камбијаги (Болоња), Франческо Пио Еспосито (Интер), Себастиано Еспосито (Сасуоло), Самуеле Инасио (Борусија Дортмунд), Мојсе Кин (Комо), Даниел Малдини (Каљари), Џакомо Распадори (Аталанта), Џанлукаталакалап (Аталанта), Антонио (Аталанта) Заниоло (Удинезе), Мохамед Али Зома (Нирнберг).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Венко Филипче, чиракот на Заев, со кој го сменија името за провизии, зграда и стан во Дубаи, вели дека Македонија не е на продажба

Венко Филипче, чиракот на Заев, со кој го сменија името за провизии, зграда и стан во Дубаи, вели дека Македонија не е на продажба

ВМРО-ДПМНЕ: Венко Филипче, чиракот на Заев, со кој го сменија името за провизии, зграда и стан во Дубаи, вели дека Македонија не е на продажба

Венко Филипче, чиракот на Зоран Заев, во обид да глуми патриот, поита да каже дека Македонија не е на продажба.

Но се прашуваме, каде беше Венко Филипче кога неговиот ментор Зоран Заев со него во влада го менуваа името, прифатија ултиматуми од Бугарија и ги распродаваа државните интереси.

Одговорот е многу едноставен, како министер Филипче ги користеше сите привилегии кои му ги овозможуваше власта и мудро си молчеше за сите предавства направени врз државата.

Човекот кој со својот ментор Заев, кому му ја чува фотелјата во СДС, го менуваа името и јавноста ја убедуваа дека така ќе станеме членка на ЕУ. Но, тоа што граѓаните го добија е само лажната вест со сликата од авионот, каде со дигнати палци, лажеа дека се државата ги отворила преговорите.

Тогаш Филипче гледаше провизиите за вакцините да му поминат, тендерите да врват, а кај него и Заев процентот да стигне, за сега да имаат за луксузни одмори и јахти во Грција, за згради, станови и златни визи во Дубаи.

Венко Филипче, исто така, премолче и кога неговиот ментор Заев кога го менуваа името, дека така Македонија ќе ја омажи за богата фамилија. Но, веројатно богатството го мислеле за нив, зошто единствени кои се офајдиле се токму Филипче и Заев, додека народот го осиромашија, а државата ја опљачкаа.

Затоа сега се и против се што значи развој и напредок на државата. Не сакаат во Македонија да има инвестиции од напредни технологии, индустријата да расте, рударството да се развива.

Колку и да се обидуваат СДС, Филипче и Заев да го спречат напредокот на државата, тоа нема да им успее. Граѓаните веќе ги препознаа и знаат дека нив единствено ги интересира нивниот џеб, ништо друго.

Затоа уште долго ќе останат таму каде што се, во длабока опозиција и на прагот од биолошкиот минимум.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер