Јагуар го претстави новото лого: Почнуваме со целосен ресет (ВИДЕО) - Канал 5

Јагуар го претстави новото лого: Почнуваме со целосен ресет (ВИДЕО)

Jaguar го претстави својот нов идентитет на брендот, означувајќи го почетокот на својата електрична ера.

Јагуар го претстави новото лого: Почнуваме со целосен ресет (ВИДЕО)

Британската компанија го претстави новото лого пред премиерата на концептот Jaguar Design Vision на 3 декември, автомобил кој е најава за луксузен електричен седан во 2025 година.

Компанијата наведува дека новата насока се базира на филозофијата на основачот Сер Вилијам Лајонс, кој изјавил дека „Јагуар не треба да биде копија на ништо“. Новиот дизајнерски јазик и графика имаат за цел да ја пренесат трансформацијата на Jaguar, како во стил, така и во неговата амбиција да го врати своето место на пазарот на луксузни автомобили.

Освежениот идентитет се фокусира на четири основни елементи на дизајнот. Првиот е „Вирго Марк“, минималистичко ново лого направено со препознатлив фонт, нагласен со симетрија и воздржаност.

Следно е „Strikethrough“, хоризонтален графички мотив кој се чини дека е предодреден да остави свој белег на идните модели. „Exuberant Colors“ ја претставува асоцијацијата на Jaguar со уметноста, додека „Makers Marks“ вклучува два симболи: традиционалниот Jaguar „скокач“ и нов монограм кој ја вклучува буквата „J“ (а можеби и буквата R).

Визуелните новитети ќе дебитираат на претстојниот концепт и ќе красат три електрични сериски автомобили кои Jaguar планира да ги лансира на пазарот пред 2030 година, пишува Klik.ba. Од Jaguar велат дека тоа е „целосно ресетирање“ на компанијата и дека тимот морал да преземе „бестрашен пристап“ во оваа трансформација.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Палента

Во четврток (29.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Александар Терца Мишковски.

„Гответе со Дракче“ - Палента

Состојки за денешниот рецепт:

200 гр. палента

100 гр. кашкавал

50 гр. сирење

1 мала кисела павлака

20 гр. путер

сол, бибер,

сув зачин и свежо нане

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Здружение на млади паравници: За несобран отапд испратете фотографии на [email protected]

Македонското здружение на млади правници со интересна иницијатива, ги повикува граѓаните да пријавуваат локации во Скопје каде има несобран комунален отпад, со цел да се побара инспекциски надзор и реакција од надлежните институции.

Здружение на млади паравници: За несобран отапд испратете фотографии на contact@myla.org.mk

За да се документираат проблемите, граѓаните треба да испратат фотографија или видео од отпадот, точна локација, како и датум и време кога е направена снимката.

Пријавите може да се достават преку приватна порака или на електронската адреса на здружението.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Германски политичар пронајден мртов во хотелска соба! Мистериозна смрт ја потресе нацијата

55 годишниот Хуберт Ивангер, министер за економија и заменик-премиер на германската покраина Баварија, е пронајден мртов во хотелска соба во Берлин.

Германски политичар пронајден мртов во хотелска соба! Мистериозна смрт ја потресе нацијата

Веста прв ја објави германскиот весник „Билд“, повикувајќи се на извори од баварската покраинска влада и берлинската полиција. Ивангер бил пронајден во средата вечерта, на 4 ноември, во хотелот „Нојер Фриц“ (Neuer Fritz) во берлинската населба Мите.

Според весникот „Билд“, Ивангер требало да присуствува на отворањето на новата канцеларија на неговата партија „Слободни гласачи“ (Freie Wähler) во Берлин, но го откажал учеството бидејќи не се чувствувал добро. Германските медиуми пренесуваат дека претходно тој го откажал и планираното интервју. Политичарот престојувал во хотелот, а откако престанал да одговара, бил пронајден мртов во својата соба.

Според информации од весникот „Тагесшпигел“ (Tagesspiegel), Ивангер наводно првично имал симптоми на гастроинтестинална инфекција.

Берлинската полиција и обвинителството покренаа постапка за утврдување на околностите на смртта, со цел да се дознаат точната причина и текот на настаните, како и да се исклучи можноста за вмешаност на трети лица.

Весникот „Тагесшпигел“, повикувајќи се на полициски извори, објави дека засега нема индиции за надворешно влијание и дека се претпоставува оти смртта настапила од здравствени причини.

Според весникот „Билд“, на телото на политичарот не се забележани надворешни повреди, а засега нема ниту првични сомневања дека станува збор за кривично дело. Сепак, истрагата е во тек, а официјалната причина за смртта сè уште не е соопштена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер