Ја пронашле како полугола прескокнува ограда - Канал 5

Ја пронашле како полугола прескокнува ограда

Некогашната ѕвезда од „Округот Оринџ“ денес е непрепознатлива

Ја пронашле како полугола прескокнува ограда

Познатата актерка Миша Бартон порано важеше за вистинска убавица, а денес скоро никој не ја препознава.

Ѕвездата од серијата „Округот Оринџ“, која денес е родена во Велика Британија, има 34 години, ја занемари глумата и живее повлечен живот во Малибу.

Успехот на серијата „Округот Оринџ“ на Миша и овозможи да купи куќа во Лос Анџелес на 19-годишна возраст, каде живееше со своите родители до 2010 година. Потоа ја следеа низа скандали, еден од нив речиси никој не може да го заборави.

Имено, актерката беше итно хоспитализирана на почетокот на јануари 2017 година, откако полицијата, по дојава на соседот, ја пронајде полугола и хистерична во дворот на куќата каде живее. По напуштање на болницата, Миша се бранеше дека непознати лица ја дрогирале, поради што имала халуцинации, а потоа за тоа искуство зборуваше на телевизија.

-Не се сеќавам на ништо, освен на фрагменти од таа вечер. Во одреден момент, се сеќавам на пријателите кои ми велат да одам да спијам, дека сè ќе помине. Доживеав и аудитивни и визуелни халуцинации - рече Бартон. Сепак, ова не беше единствениот проблем со кој се соочи Миша од почетокот на таа година.

Имено, само неколку недели откако беше пуштена од болница, актерката ја чекаше уште една лоша вест. Едно од поранешните момчиња, без нејзино знаење ги снимил нивните интимни моменти, а снимката потоа се обидел да ја продаде на порно-страници.

Извор: www.srbijadanas.com

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Кисела Вода: Нови услови, нови можности за среќен училишен почеток на нашите ученици!

Со нови инвестиции во дигитализацијата, инфраструктурата и училишниот мебел, основните училишта „Партенија Зографски“ и „Кирил Пејчиновиќ“ започнуваат нова училишна година со значително подобрени услови за учење и работа.

Општина Кисела Вода: Нови услови, нови можности за среќен училишен почеток на нашите ученици!

Во основното училиште „Партенија Зографски“ фокусот е ставен на современите образовни стандарди преку целосна дигитализација и опремување на просториите. Училиштето доби нова информатичка опрема која вклучува лаптопи, смарт панели, таблети и гигабитни рутери за стабилна интернет мрежа во целиот објект. Дополнително, целосно се заменети клупите и столчињата во одделенската настава (од I до IV одделение), набавен е нов мебел за предметната настава, како и нови шкафчиња за наставниците и техничкиот персонал.

Инвестицискиот бран опфаќа и сериозни зафати во основното училиште „Кирил Пејчиновиќ“. За потребите на учениците набавени се 150 нови столчиња, 75 училишни клупи и катедри, а училниците се збогатени со телевизори и бели табли. Во рамките на овие активности реконструирани и свежо обоени се 7.500 квадратни метри ѕидови во десет училници и соодветните ходници. Како поддршка за семејствата и учениците, обезбедени се и бесплатни ранци со прибор за секое прваче, како и училишни униформи за сите ученици.

Овие вложувања се дел од континуираната стратегија за создавање современа, безбедна и стимулирачка средина во која учениците ќе можат квалитетно да го стекнуваат своето знаење и да го развиваат својот целокупен потенцијал.

Општина Кисела Вода

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Учениците од ООУ „Киро Глигоров“ од 4. до 9. одделение времено ќе следат онлајн настава

Учениците од четврто до деветто одделение во ООУ „Киро Глигоров“ новата учебна 2026/2027 година ќе ја започнат со настава од далечина, поради градежните активности што Министерството за образование и наука ги изведува во дел од училишниот објект.

Герасимовски: Учениците од ООУ „Киро Глигоров“ од 4. до 9. одделение времено ќе следат онлајн настава

Станува збор за инвестиција што се реализира во рамки на Проектот за унапредување на основното образование (ПЕИП), чиј носител е Министерството за образование и наука. Министерството ги обезбедува финансиските средства, основниот проект и ревизијата, го координира процесот, го обезбедува изведувачот и надзорот и ја следи реализацијата на градежните активности до нивното завршување.

Согласно првично предвидената динамика, градежните активности требаше да завршат пред почетокот на новата учебна година. Со оглед дека работите сè уште се во тек, ООУ „Киро Глигоров“ побара организирање на онлајн настава за учениците од четврто до деветто одделение.

Министерството за образование и наука даде согласност овие ученици времено да следат настава од далечина, до создавање услови за безбедно одвивање на наставата со физичко присуство.

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, истакна дека во моментов најважно е да се обезбеди непречено започнување на учебната година.

„Најважно е децата да бидат безбедни и наставата да започне без дополнителни одложувања. Бидејќи градежните активности што ги реализира Министерството за образование и наука сè уште не се завршени, учениците од четврто до деветто одделение времено ќе следат онлајн настава. Од МОН побаравме и информација за точниот рок и динамиката за завршување на работите, затоа што очекуваме тие да бидат завршени во најкус можен рок и учениците што побрзо да се вратат во училишните клупи“, изјави Герасимовски.

Општина Центар ќе ја следи состојбата во училиштето и ќе биде во постојана комуникација со раководството на ООУ „Киро Глигоров“, родителите и Министерството за образование и наука, со цел учениците што поскоро да продолжат со редовна настава во безбедни услови.

Општина Центар - Скопје

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јаневска: Со оптимизирана училишна мрежа, подобрени услови за настава и учебници за сите ученици, утре започнува новата учебна година

Новата учебна 2026-2027 година започнува утре и наставата за сите ученици ќе трае до 10 јуни, освен за матурантите кои завршуваат на 17 мај.

Јаневска: Со оптимизирана училишна мрежа, подобрени услови за настава и учебници за сите ученици, утре започнува новата учебна година

Оптимизирана е училипната мрежа и во голем број училишта условите се значително подобрени. Обезбедени се учебници за сите, а за учениците со посебни образовни потреби, ангажирани се најмногу образовни асистенти досега.

За ова денес на прес конференција, информираше министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска, која им посака успех на сите ученици, наставници и стручни соработници.

„Трета година по ред, учебниците се навремено набавени во тираж кој го побараа училиштата. Истите се испорачани и уште утре можат да им бидат поделени на учениците. Задоволство ми е што прашањето за учебници повеќе не е предизвик како во минатото. Годинава, набавени се 622 илјади учебници и остварени се заштеди од 50 милиони денари споредбено со годината пред да го преземам раководењето со оваа институција“, рече Јаневска.

Информираше дека целосно нови учебници во полн тираж се набавени за прво, втор и трето одделение, со оглед дека тоа се учебници во кои има и работни листови, како и за осмо одделение и за втор клас во гимназиско образование, каде ќе се учи по нови наставни програми.

Во 620 училишни објекти од вкупно 1023 во основното и средното образование ќе има едносменска настава. Јаневска рече дека тоа е концепт за кој се залага Владата, затоа што обезбедува повеќе придобивки, а најважни се интересите на децата – поголема концентрација на часовите, поголема социјализација, задржување на училиште доволно за да се совлада целиот материјал и да се стекнат соодветни вештини.

„Ги поддржуваме општините да воведуваат едносменска настава во што повеќе училишта и во таа насока градиме објекти и доградуваме училници. Во моментов министерството и Владата ги прошируваат капацитетите на 14 училишта во Центар, Карпош, Аеродром, Ѓорче, Бутел, Илинден, Гази Баба и Градско, а уште 15 проекти ќе започнеме етапно во следните неколку месеци“, рече министерката.

Додаде дека завршени се реконструктивни активности во 20тина училишни објекти и спортски сали. Се градат и четири нови сали кои многу скоро ќе бидат пуштени во употреба, а потсети и дека преку програмата на Владата за финансирање на капитални проекти во општините, во тек е реализација на 50тина инвестиции за изградби и реконструкции на училишта, за нови спортски сали и училишни базени.

„За да им се олесни процесот на образование на учениците со посебни образовни потреби, ангажираме 1358 образовни асистенти во основното и 166 во средното образование. За учениците кои се на подолго болничко или домашно лекување, ќе потсетам дека е достапна можноста која законски ја уредивме минатата година - да се вклучат онлајн во наставата во класот или пак, наставникот индивидуално да работи со нив“, нагласи Јаневска.

Наставниците и сите други вработени во училиштата, во март 2027 ќе добијат ново покачување на платите помеѓу 7,5 и 10% во зависност од стапката на инфлација. Како што рече министерката, покачувањето е согласно договорот со СОНК од пред две години, а преку кој досега платите пораснаа за над 20%, додека околу 300 наставници и стручни соработници напредуваа во звања ментор и советник, што исто така подразбира зголемен личен приход. Јаневска им се заблагодари за посветеноста кон учениците и рече дека очекува партнерскиот однос да продолжи за да се создаваат сé подобри и подобри генерации.

Укажа дека трендот на намалување на бројот на ученици продолжува. Според пристигнатите податоци во МОН, учебната година ќе ја почнат 238 илјади ученици, од кои 174 илјади основци и 64 илјади средношколци. За прв пат во училишните клупи ќе седнат 14.952 првачиња.

Поради тоа што немаат запишано ученици, од септември времено се затворат 26 подрачни училишта. Вкупната бројка на празни училишни објекти во Македонија, претежно во руралните средини е 148. Негативниот тренд, поттикнува и реорганизација на училишната мрежа и работата на училиштата.

„Процес за кој се заложивме во изминатите неколку месеци е оптимизација на паралелките во постојните училишта, што значи спојување на помалите паралелки една со друга или приклучување кон поголемите, а во интерес на учениците – да бидат во поголемо друштво, да можат подобро да се социјализираат и да се натпреваруваат. Не е тајна дека со години опстојуваа, на пример 2 паралелки со по 2 ученика на иста возраст и во исто училиште. Сега таквите ги обединивме и затоа во образовниот систем ќе имаме 433 паралелки помалку годинава - 222 во основното образование и 211 во средното“, објасни министерката.

Додаде дека иако одредени политички субјекти се обидоа тоа да го претстават како страшен потег и крах на образованието, всушност е позитивна промена во интерес на учениците. Притоа, како што рече - ниту еден редовно вработен наставник не е отпуштен од работа.

Во новата учебна година продолжува грижата за талентираните ученици, која во минатото недостасуваше - министерството ќе ги покрива целосно трошоците за пат и учество на меѓународни научни олимпијади. Во септември семејствата на учениците ќе можат да купуваат училишен прибор со намалена малопродажна цена за најмалку 15%, за што е донесена одлука од страна на Владата. Во октомври ќе бидат објавени конкурсите за ученички стипендии.

Министерство за образование и наука

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер