Ја продала невиноста за 1,2 милиони евра, а сега објави како ќе ги троши парите

Екатерина, 19-годишна девојка која наводно ја продала својата невиност за 1,2 милиони евра преку веб-страницата  Cinderella Escorts, раскажува зошто го сторила тоа.

Таа се појави на страницата под името Катја, а потекнува од североисточна Украина, иако во моментот живее во САД. Дека е девица било потврдено од лекар, а таа барала најмалку 100.000 евра за невиноста.

Оваа недела беше објавено дека нејзината невиност ја купил бизнисмен во Минхен. Втората најголема понуда била милион евра, од адвокат од Њујорк. Пејач од Токио понудил 800.000 евра. Имињата на понудувачите и деталите остануваат доверливи.

Екатерина планира да ги потроши парите на „патувања и луксузен живот“.Човекот кој ја купил нејзината невиност, рече дека е подготвен да се ожени со неа и финансиски да ја поддржи со 8.500 евра месечно.

За да ја понудат невиноста на продажба, девојките треба да ја докажат девственоста со извештај од гинеколог. За да можат мажите да конкурираат, мора да докажат дека имаат најмалку 10 милиони евра на сметката. Секој што сака да се натпреварува за одредена девојка, мора да депонира десет проценти од минималниот износ како аванс.

Инфантино најави голема промена во користењето на ВАР системот

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, ја објави големата вест во врска со употребата на ВАР на конгресот на светската фудбалска федерација во Бангкок. 

Тој изјави дека сега тренерите ќе имаат право да бараат проверка со ВАР системот два пати по натпревар.

-Ќе го развиваме и подобруваме ВАР. Овој систем го користат 65 национални асоцијации, но сега ќе го подобриме. Создадовме поосновна технологија со помалку камери и без судии да одлучуваат, така што е достапен за сите и полесен за имплементација Овој систем веќе се тестира, започна Инфантино.

Тоа ќе функционира така што тренерот на секој тим има право да бара помош од ВАР двапати по натпревар. Ако првобитната одлука на судијата се смени по таквата барана ревизија, тимот што бара преглед сè уште има право на два прегледи.

-Доколку по ваквата барана проверка, ВАР ја потврди одлуката на судијата на теренот, тогаш тимот што го побарал го губи правото на проверка на негово барање, изјави Инфантино. /МИА

Тухел: Не се договоривме со Баерн, ова е мојата последна прес-конференција овде

Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел денеска и официјално соопшти дека нема да остане на кормилото на баварците.

Во последните неколку дена имаше информации дека тој би можел да продолжи да го води тимот, иако веќе во февруари клубот објави дека двете страни ќе се разделат на крајот од сезоната.

„Ова е мојата последна прес-конференција на Зебенер Штрасе (клупската база на Баерн). Водевме разговори, но не постигнавме договор, така што одлуката од февруари останува на сила. Очигледно е тешко. Резултатите како оние во Лигата на шампионите против Лацио, Арсенал и Реал Мадрид не сплотуваат. Повратните информации од последните недели беа основа за да имаме дискусија. Но, не можевме да постигнеме договор. Причините нема да ги именувам. Договорот од февруари останува на сила, објасни Тухел

Бербок: На Украина и е потребно оружје со долг дострел

На Украина и треба повеќе оружје со долг дострел за да се бори против руското напредување во регионот Харков, каде ситуацијата на бојното поле е „многу драматична“, изјави денеска шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок.

На маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на Советот на Европа во Стразбур, таа потенцира дека е важно да се прекинат руските патишта за снабдување и да ѝ се даде на Украина оружје „што може да се користи на средни и долги растојанија“.

Таа наведе дека Берлин соработува со своите партнери по ова прашање и дека ситуацијата на фронтот е „исклучително тешка“.

притисни ентер