Ја поправале канализацијата во Рим и откриле мермерна статуа, стара две илјади години (ВИДЕО)

При поправка на канализациониот систем под еден парк во Рим, пронајдена е античка римска статуа на Херкулес, која најверојатно датира од римскиот царски период (27 п.н.е. до 476 г. н.е.).

„Ова место ни приреди големо изненадување: мермерна статуа во природна големина. Поради палката и наметката од лавовска кожа, знаеме дека станува збор за фигура што го претставува Херкулес“, објави на Фејсбук Археолошкиот парк Апија Антика.

Статуата е откриена при работа на канализациони цевки кои што биле пропаднати, предизвикувајќи лизгање на земјиштето. Работниците ископувале на длабочина од 20 метри и нивните активности, како што често се случува во Рим, биле следени од археолози, пишува The Guardian.

Ваквите наоди не се изненадувачки за подрачјето на Италија, лулката на дрвеното Римско Царство. Во ноември минатата година беше откриена неверојатна група бронзени статуи кои биле илјадници години зачувани во калта. Археолозите открија 24 статуи под урнатините од кал на античка бања во Сан Касијано деи Бањи, град на врвот на ридот во провинцијата Сиена.

Статуите ги прикажуваат Хигиеја, Аполон и други грчко-римски богови, а се проценува дека се стари околу 2300 години. Повеќето од статуите пронајдени под бањите, заедно со околу 6.000 бронзени, сребрени и златни монети, датираат помеѓу 2 век п.н.е. и 1 век од нашата ера. Во тој период областа преминала од етрурско во римско владеење.

Барселона ја тужи шпанската федерација, судот одлучува за голот на Јамал против Реал

Барселона не дозволува да стивне бурата по „Ел Класико“ во кое Реал победи со 3:2.

„Фантомскиот гол“ на Ламин Јамал ​​и понатаму е тема на шпанските медиуми. Барселона не дозволува да престане да се зборува за тоа.

И по самиот меч имаше остри критики за судењето, немањето технологија за гол-линијата и „злоупотребата на ВАР системот“.

Првиот човек на клубот, Жоан Лапорта, најави дека Барселона ќе ги искористи сите средства да ја истражи ситуацијата и да утврди дали тоа било гол или не.

Барселона сега отиде чекор подалеку и најави дека ќе ја тужи Шпанската фудбалска федерација и дека решение на оваа ситуација ќе бара на суд.

Ден по натпреварот беше објавена и комуникацијата на главниот судија со играчите и судиите од ВАР-салата, но изостана делот од видеото поврзан со ситуацијата околу голот на Јамал ​​кој не беше признат.

Федерацијата го одби барањето на Барселона да му ја даде на клубот целосната снимка од комуникацијата помеѓу судијата и ВАР-собата и Каталонците сега сакаат да ја добијат преку судовите.

Лапорта останува на ставот дека доколку се покаже дека Барселона е оштетена, ќе бара реприза. /МИА

ДИК: Излезноста до 17 часот е 44,18 %, поголема за 9% е во однос на минатите избори

Претседателот на ДИК ги соопшти најновите резултати од претседателските избори. 

Најголема излезност е во Новаци од 67,19 % , а најамала во Пласница само 19%, рече Даштевски.

Видео: Коњи трчаат низ центарот на Лондон, еден е облеан во крв

Жителите на Лондон утринава забележале два коња без сопственик во центарот на градот, од кои едниот изгледал облеан во крв. Носеле седла и узди.

„Околу 8 часот и 40 минути добивме пријава дека коњи без сопственици трчаат низ градот. Полицајците ги запреа на автопатот кај Лајмхаус. Чекаме возило за да ги однесеме на ветеринар“, соопшти полицијата.

Скај њуз вели дека коњите припаѓаат на дворската коњаница, дел од британската армија. На социјалните мрежи се појавија видеа од настанот на кои се гледа како црн и бел коњ трчаат по улицата. Набрзо зборуваше портпаролот на армијата.

„Одреден број воени коњи се олабавиле за време на рутинска вежба. Сите коњи сега се вратени во кампот. За време на инцидентот се повредени одреден број вработени, како и коњите. На сите им била укажана лекарска помош ," вели тој .

Извор: Индекс.хр

притисни ентер