Ја нападнале ќерката со секира и ги тепале осумте деца , добија 10 дена затвор - Канал 5

Ја нападнале ќерката со секира и ги тепале осумте деца , добија 10 дена затвор

Хрватскиот суд ги осуди на само десет дена затвор невенчаните сопрузи , кои ги малтретирале своите 8 деца и ја нападнале ќерката со секира.

Ја нападнале ќерката со секира и ги тепале осумте деца , добија 10 дена затвор

Судот во Копривница го осуди невенчаните сопружници на возраст од 36 и 39 години , кои ја тепале својата бремена ќерка , а таткото ја нападнал со секира.

Двајцата се неписмени и без училиште , живеат од социјална помош и имаат осум деца.

Судот ги осуди на 10 дена затвор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжен е мандатот на ЕУФОР во БиХ

Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) донесе одлука за продолжување на мандатот на воената мисија на Европската Унија (ЕУФОР) „Алтеа“ во Босна и Херцеговина за уште една година.

Продолжен е мандатот на ЕУФОР во БиХ

Ова им овозможува на меѓународните сили да продолжат да дејствуваат во БиХ, со задача да одржуваат безбедна средина и стабилност во земјата, објавува RTRS.

Мандатот на мисијата ЕУФОР „Алтеа“ е продолжен за дополнителни 12 месеци, а одлуката е донесена со гласање на членовите на Советот за безбедност на ООН.

Ве потсетуваме дека во несреќата на италијанскиот воен хеликоптер во близина на Брчко, што се случи за време на ангажманот во рамките на мисијата ЕУФОР „Алтеа“, загинаа четири припадници на италијанските сили, додека 11 други лица беа повредени.

Мисијата ЕУФОР „Алтеа“ беше воспоставена во БиХ во 2004 година, по завршувањето на мисијата на НАТО, со задача да одржува безбедна средина и да го спроведува воениот дел од Дејтонскиот мировен договор.

Ова е меѓународна воена мисија на Европската Унија што дејствува низ цела Босна и Херцеговина.

Според податоците од 2026 година, мисијата има околу 1.500 војници од 25 земји, а нејзиното седиште е во кампот Бутмир во близина на Сараево.

Од првичните приближно 7.000 членови, колку што имаше по нејзиното основање, бројот на војници се намалуваше со текот на годините.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тојота подготвува големи измени за своите хибриди- новиот мотор ветува голема заштеда на гориво

Тојота подготвува нова генерација хибридни погонски склопови што би можеле значително да ги намалат трошоците за возење.

Тојота подготвува големи измени за своите хибриди- новиот мотор ветува голема заштеда на гориво

Јапонскиот производител развива целосно нов 1,5-литарски четирицилиндричен бензински мотор, со кој идните хибриди би требало да постигнат повеќе од 15 проценти подобра потрошувачка на гориво.

За разлика од претходниот пристап, Тојота овој пат не го адаптираше постоечкиот бензински мотор на хибридниот систем. Новиот мотор, електричниот мотор и електрониката беа развиени како една единица од самиот почеток, што треба да донесе помала тежина, покомпактни димензии и поголема ефикасност.

Моторот ќе биде достапен во атмосферска и турбо верзија, а атмосферската варијанта треба да ги замени постоечките 1,8-литарски четирицилиндрични и 1,5-литарски трицилиндрични мотори во хибридите на Тојота.

Големи промени доаѓаат и во електричниот дел од погонот. Новите електрични мотори, инвертори и контролна електроника ќе бидат помали и полесни, со употреба на компоненти базирани на силициум карбид, кои ги намалуваат електричните загуби. Со помалку механичко триење, подобро термичко управување и подобрена аеродинамика, Тојота има за цел да ја подобри потрошувачката на гориво за повеќе од 15 проценти.

Интересно е што новата генерација хибриди ќе користи платформа што ја делат електричните и plug-in хибридните автомобили. Покомпактниот погонски склоп ќе овозможи пониска хауба на моторот, подобра аеродинамика и поголема слобода во дизајнот на ентериерот.

Таквиот пристап би требало да го поедностави и производството, бидејќи Тојота ќе може полесно да го прилагоди бројот на електрични и хибридни автомобили според побарувачката на различните пазари.

Сè уште не е потврдено кој модел прв ќе го добие новиот погонски склоп, но следната генерација на Corolla се споменува како еден од главните кандидати. Неофицијално се очекува дека новата технологија би можела да почне да се користи во 2027 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Граѓаните со свои предлози и идеи за Кавадарци во 2027 година

Започнаа посетите и средбите со граѓаните во урбаните и месните заедници на територијата на Општина Кавадарци.

Јанчев: Граѓаните со свои предлози и идеи за Кавадарци во 2027 година

Со голем одзив и во позитивна атмосфера, вечерва ги реализиравме првите средби во УЗ „Браќа Досеви“, УЗ „Задругар“, УЗ „Слога“ и МЗ „Ваташа“. Отворените разговори донесоа бројни предлози, идеи и конкретни иницијативи од граѓаните, насочени кон подобрување на инфраструктурата, комуналните услуги и севкупните услови за живот во нивните населби и населени места.

Токму преку ваквите непосредни средби ги слушаме потребите на граѓаните и ги утврдуваме приоритетите кои ќе бидат дел од годишната програма за работа за 2027 година.

Се гледаме утре - САБОТА

• Ресава – 11:00 часот

• Дабниште – 11:45 часот

• Бегниште – 12:30 часот

Продолжуваме понатаму, со средби во сите урбани и месни заедници!, објави на ФБ градоначалникот Митко Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер