Ја малтретирав Ребека, се уби и баш ме заболе - малолетнички натерале девојче во смрт! - Канал 5

Ја малтретирав Ребека, се уби и баш ме заболе - малолетнички натерале девојче во смрт!

Пораката со оваа бездушна содржина била објавена на Фејсбук од 14 годишната Гвадалупе Шо, откако 12 годишната Ребека се фрлила од напуштена фабрика за бетон во Флорида.

Ја малтретирав Ребека, се уби и баш ме заболе - малолетнички натерале девојче во смрт!
На самоубиството на 12 годишната Ребека Ен Седвик на 10 септември годинава, му претходел едногодишен сајбер терор од нејзината врсничка Кетлин Роман и 14 годишната Гвадалупе Шо - соопшти полицијата во Флорида.

Двете малолетнички кои го навредувале девојчето на сите можни начини, секојдневно, и барем еднаш физички ја нападнале, биле уапсени, и обвинети за најтежок облик на прогонување. По притворот во поправна установа за малолетници, неделава се пуштени дома.

Бандата која тие ја организирале да ја малтретира Ребека била поголема. Дури 15 деца му се окомиле на девојчето. Секојдневно и испраќале навредливи пораки, дека е грда, треба да се напие варакина и да умре и слично на тоа. И се заканувале дека ќе ја претепаат а најмалку еднаш и навистина била физички нападната.

Полицијата претпоставува дека малтретирањето почнало кога Шо почнала да се забавува со поранешното момче на Ребека.

Гвадалупе Шо сама признала на Фејсбук дека ја малтретирала Ребека.

- Ја малтретирав Ребека, се уби и баш ме заболе - напишала таа по што била уапсена.

Во компјутерот на несреќната Ребека е пронајдена порака - ќе скокнам , која таа ја испратила до едно момче.

Полицијата алармира дека ова станува честа појава и ги повика уште еднаш родителите добро да внимаваат со што се соочуваат нивните деца на интернет!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерството за здравство го осудува насилството врз здравствените работници

Министерството за здравство најостро го осудува инцидентот пред поликлиниката „Јане Сандански“ во Скопје, при кој се нападнати здравствени работници додека ја извршувале својата професионална должност.

Министерството за здравство го осудува насилството врз здравствените работници

Секој облик на насилство, закани или попречување на здравствените работници во извршувањето на нивните работни задачи е недозволив и мора да биде соодветно санкциониран.

Напоменуваме дека напад врз здравствен работник и здравствен соработник претставува кривично дело . Согласно член 304-г од Законот за здравствената заштита, за напад или сериозна закана кон здравствен работник и здравствен соработник при вршење здравствена дејност е предвидена парична казна или казна затвор, а во зависност од околностите и последиците од нападот, и построги казни.

Здравствените работници секојдневно се на првата линија во грижата за здравјето и животот на граѓаните. Насилството нема место во здравствените установи. Почитувањето и заштитата на здравствените работници мора да бидат заеднички приоритет, реагираат од МЗ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Руски бродови погодени од украински беспилотни летала покрај брегот на Либија, Москва најави одговор

Украина стои зад нападот во кој потона рускиот брод „Меркури“ во близина на либискиот брег, потврди украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Руски бродови погодени од украински беспилотни летала покрај брегот на Либија, Москва најави одговор

Тој ја опиша операцијата како пример за украински одговор на руската војна, а во официјална изјава наведе дека украинските сили погодиле и втора цел, рускиот товарен брод, кој русија го користела за транспорт на оружје. Според Зеленски, руската корвета „Меркури“, еден од поновите бродови во флотата на Москва потонала по напад изведен од седум поморски дронови од украинско производство. И властите во источна Либија потврдија дека дошло до експлозија на руски брод кој бил застанат во поморска база во градот бенгази за да наполни гориво и да се врати кон Русија. Засега не е позната судбината на екипажот. Портпаролот на Кремљ, Песков изјави дека овие акции ќе резултираат со многу болни последици за режимот во Киев. Потонувањето на руски воен брод крај брегот на Либија претставува голем удар за путин и значително проширување на конфликтот, со оглед дека украина е оддалечена 1.600 милји од Бенгази.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Анима бара итна истрага: Во Бутел пронајдени повеќе мртви кучиња, кои веројатно биле отруени

Над осум тела на мртви кучиња биле пронајдени на јавен простор во скопската населба Бутел. 

„Анима бара итна истрага: Во Бутел пронајдени повеќе мртви  кучиња, кои веројатно биле отруени

Од здружението „Анима Мунди“ се сомневаат дека кучињата биле отруени и дека станува збор за кучиња од исто леглно и се пронајдени на исто место. Од здружението бараат поведување на истрага за овој случај и веруваат дека убиените кучиња имаат и сопственик.

Од полицијата за Канал 5 потврдија дека нема официјлна потврда за овој случај, исто и од Агенцијата за храна и ветеринарство. По објавувањето на снимките инспектори од АХВ излегле на терен да го проверат целиот случај. Но, мртвите тела на кучињата ги нема, а засега не потврди ниту една институции дека ги тргнала кучињата од местото каде биле најдени мртви. Од Анима Мунди објаснуваат дека најголем проблем со негрижата кон милениците води кон создавање на улични кучиња, а труењето е проблем и за луѓето, особено за децата.

Според, Член 233 од Кривичниот законик се предвидува парична казна или затвор до три години за неоправдано усмртување, грубо злоупотребување или мачење животно.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер