3Лефков: Филипче да не се фали со постапки на обвинител на СДС и ДУИ, да го потсетиме вакви одлуки му штетат на патот на Македонија кон ЕУ
2Тензии во Ал Наср. Постекоглу го замени бесниот Роналдо и го пресвртна резултатот од негатива од 0–2
БалканИзвозот на оружје од Србија е зголемен за четвртина во однос на ланиОд увоз ќе го добие првиот Ербас Ц-295.Српскиот помошник на министерот за одбрана Ненад Милорадовиќ изјави дека извозот на српското оружје е за 25 отсто поголем од 2022 година.Тој додаде и дека Војската на Србија в понеделник ќе го добие и првиот транспортен авион Ербас Ц-295, јави дописникот на МИА од Белград. Милорадовиќ за денешното издание на весникот „Политика“ изјави дека вкупната вредност на издадените дозволи за извоз на српско оружје и воена опрема е за 25 отсто поголема од 2022 година кога вредноста на издадените дозволи изнесувала 1,3 милијарди долари, а годинава се очекува извозот да биде повеќе од 1,6 милијарди долари. Милорадовиќ говорејќи за српското вооружување изјави и дека на Војската на Србија наскоро ќе и биде испорачан првиот Ербас Ц-295. -Испораката на првиот транспортен авион Ербас Ц-295 на Војската на Србија ќе се изврши в понеделник. Ова ќе се случи визуелно над Белград во попладневните часови над Белградскиот саем. Поточно, прелетот ќе се изврши по повод отворањето на саемот за оружје и воена опрема Партнер 2023, рече Милорадовиќ за РТС. Порталот Танго сикс (Т6) соопшти дека фабричкото прифаќање на првиот авион Ербас Ц-295 се одржал во Севиља во јули. Официјалниот коментар од Војската на Србија ја дефинираше мисијата за Ц-295 како „превоз на луѓе и товар, ВИП и медицински транспорт“. Милорадовиќ најави дека оваа година на саемот „Партнер“ премиерно ќе бидат прикажани 26 нови вооружени системи од домашен развој. Тој најави премиери на новиот артилериски систем со долг дострел „Перун“ за потребите на вооружените сили на Србија, еден „нов тежок противвоздушен систем“ и неколку „нови лесни противвоздушни системи“. На овогодинешниот саем за оружје и воена опрема Партнер 2023 ќе се претстават 154 излагачи од 74 земји. Се очекува присуство на 30 странски делегации, што е за 25 отсто повеќе од минатиот саем. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26Трајановски: Денес поставуваме камен-темелник на најсложениот и најтешкиот автопат11:53 Одбележување на роденденот на Мајка Тереза11:05Мицкоски на поставување на камен темелник за изградба на автопатот Скопје-Блаце09:00
Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56
Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26
МакедонијаОпштина Аеродром отстранува хаварисани возила од јавните површиниОпштина Аеродром продолжува со активности за ослободување на јавните паркинзи и подобрување на комуналниот ред. По спроведена постапка и претходно известување на сопствениците, општинскиот Инспекторат започна со подигнување и отстранување на хаварисани, отпадни и нерегистрирани возила од јавните површини. Возилата се подигаат со шлеп-транспортна служба и се транспортираат на собирно место - депо на Општината, со што се ослободуваат паркинг-места и простор што треба да им биде достапен на граѓаните. Инспекторатот продолжува со спроведување постапка за отпадни, хаварисани и возила што се нерегистрирани повеќе од три години. По завршувањето на соодветните постапки, ќе следува нивно отстранување од јавните површини, како и соодветни санкции согласно со Законот за управување со дополнителни текови на отпад и Одлуката за комунален ред на Општина Аеродром. Истото важи и за камп-приколките и чамците оставени на јавни паркинзи и на други јавни површини. Јавниот простор не смее да биде долгорочно зафатен со предмети и возила што не се во функција. Целта е јасна – повеќе слободни паркинг-места, поголема безбедност, подобар комунален ред и почист и поуреден Аеродром. Апелираме до сопствениците навремено да ги отстранат хаварисаните, отпадните и возилата што подолг период не се регистрирани, како и камп-приколките и чамците. Како Општина ќе продолжиме со засилени контроли и постапување на целата територија на Аеродром. Јавниот простор е на граѓаните и мора да биде достапен за сите. Општина АеродромТагови: Општина Аеродром Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛДП: Државниот долг секојдневно расте, а сметките за граѓаните стануваат сѐ поскапиЛиберално-демократската партија (ЛДП) изразува сериозна загриженост поради растот на доспеаните, а неплатени обврски на државата, кои на крајот на јуни 2026 година изнесуваат речиси 700 милиони евра.Според податоците на Министерството за финансии, објавени во новата „должничка листа“, доспеаните и неплатени обврски изнесуваат 692,5 милиони евра. Тоа е зголемување од повеќе од 26 милиони евра за само шест месеци, а во однос на март годинава долгот е зголемен за дополнителни 17,5 милиони евра. Се работи се пари кои што им се должат на компании, граѓански организации, јавни институции и други субјекти, од кои само обврските кон приватниот и граѓанскиот сектор достигнале над 315 милиони евра, што значи дека државата доцни со плаќања кон оние кои секојдневно ја одржуваат економијата во живот. Граѓаните имаат право да знаат зошто државата бара од нив редовно да ги плаќаат своите обврски, додека самата држава создава милионски долгови кон приватниот сектор и институциите. Истовремено, граѓаните се соочуваат со зголемени трошоци за секојдневното живеење, поскапи услуги и повисоки банкарски трошоци. Додека семејствата внимаваат на секој потрошен денар, државата дозволува да се наталожат стотици милиони евра неплатени обврски, а граѓаните дополнително плаќаат провизии и административни трошоци за да располагаат со сопствените пари. Не може да зборуваме за здрава економија ако државата доцни со плаќањата, јавните претпријатија создаваат огромни долгови, а трошокот за неефикасноста на системот на крајот го плаќаат граѓаните. Бараме Владата и Министерството за финансии јавно да објаснат кои се причините за растот на доспеаните и неплатени обврски и кога и како ќе бидат намирени обврските кон приватниот и граѓанскиот сектор? Кои мерки планираат да ги преземат за да се спречи понатамошно задолжување на државните компании и како ќе обезбедат финансиска дисциплина во државните и локалните институции; ЛДП смета дека со јавните пари мора да се управува одговорно, транспарентно и во интерес на граѓаните, а не за одржување на неефикасен систем на државни компании и институции. Државата не смее да биде најголем должник, додека граѓанинот е најредовен плаќач. На граѓаните им треба економија во која државата ги плаќа своите сметки навреме, банките не ги оптоваруваат со непотребни провизии, а институциите работат ефикасно и одговорно. Тоа е суштината на либерално-демократската политика - помалку непотребни трошоци, повеќе одговорност и повеќе пари во рацете на граѓаните. Либерално-демократска партијаТагови: ЛДП Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26Трајановски: Денес поставуваме камен-темелник на најсложениот и најтешкиот автопат11:53 Одбележување на роденденот на Мајка Тереза11:05Мицкоски на поставување на камен темелник за изградба на автопатот Скопје-Блаце09:00
Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56
Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26
МакедонијаЛефков: Филипче да не се фали со постапки на обвинител на СДС и ДУИ, да го потсетиме вакви одлуки му штетат на патот на Македонија кон ЕУВенко Филипче откако се врати од одморот на Егејот со неговиот другар Зоран Заев продолжи со истиот речник на лаги, манипулации. И неколку дена го слушавме како се фалеше што обвинителството непокренало обвинение за 19 модуларни болници, а во една од нив изгореа 14 пациенти. Замислете Филипче се фали со дел од правосудството кое има два проценти доверба, конкретно обвнителството и обвинителот Ислам Абази, човек близок на ДУИ и СДС. Абази и овој пат, иако во заминување покажа дека се уште работи за газдите, СДС и ДУИ. И кратко да потсетиме што направи овој пат обвинителот. Застана зад Филипче кој дозволил изградба на модуларните надвор од сите правила на законот за градење, мислел само на задоволување на личните и партиските интереси, не ги слушал стручњаците од Министерството за здравство. Ваквите одлуки на обвинителот во заминување Абази, и носат штета на Македонија во она што значи владење на право, пат кон ЕУ. Оттука СДС и Филипче не треба да се фалат со вакви постапки кои практично и штетат на Македонија. Воедно клучно е да се има во вид дека во случај на евентуално нови докази може да има повторно постапка за истото дело. Миле Лефков, член на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕТагови: Миле Лефков Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook