ЗабаваИзвлечен Евроџекпот, освоена најголемата добивкаВо 76-тото коло од извлекувањето на Евроџекпот во вторник вечерта, извлечените броеви беа: 7, 18, 31, 32, 33 - 10, 11, што на некого во Германија му донесе добивка 5+2 во износ од 120.000.000 евра, објави Хрватската лотарија.Ова е воедно и максималниот износ што може да се освои, а ова е седми пат како се добива. Следното извлекување за играта Евроџекпот е во петок, 26 септември 2025 година, а главната награда е 10.000.000 евра, се додава во соопштението, според Јутарњи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВлада: Кризната состојба за нафта и нафтени деривати продолжена до 20 октомври12:02Силно невреме со обилен дожд синоќа ја погоди Битола, каде улиците беа поплавени низ целиот град08:30Кос: Македонија е една од најдобрите земји во реформите, но мора да ги донесе уставните измени15:07Николовски: Постигнат е договор со Швајцарија, Хрватска и Романија , а во тек се преговори и со други земји11:08Стевчо Јакимовски доброволно замина во затворот „Скопје“ 18:05
Силно невреме со обилен дожд синоќа ја погоди Битола, каде улиците беа поплавени низ целиот град08:30
Николовски: Постигнат е договор со Швајцарија, Хрватска и Романија , а во тек се преговори и со други земји11:08
ТенисФото: Новак ги собра најголемите светски ѕвезди на едно местоПоради најтрофејниот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, најголемите ѕвезди од светот на спортот, модата, филмот и многу други општествени сфери дојдоа на премиерата на неговиот документарен филм во Њујорк. Новак Ѓоковиќ пристигна во Њујорк од Меѓугорје и таму ја одржа премиерата на својот документарец. Документарниот филм „Новак Ѓоковиќ – Зимски волк“ ќе биде достапен за јавноста на 20 август, а премиерата, на која се појавија најголемите светски ѕвезди, се одржа околу еден месец претходно. Секако, присутни беа личности од светот на спортот – почнувајќи од Мајк Тајсон, Џон Мекинро, Златан Ибрахимовиќ, Хуан Мартин дел Потро, Џани Инфантино, Богдан Богдановиќ, Марко Матераци, Роберто Карлос, Фернандо Љоренте и Кафу, па сè до кралицата на модата Ана Винтур, манекенката Кристина Романова и многу други. Од фотографиите што се појавија од „Музејот на современа уметност“ може да се види дека сите уживале и дека имале што да видат. Веројатно нема да можат многу да зборуваат за тоа поради јавната премиера, која е закажана дури за август. На филмот за Новак работеше Џејсон Хејер, човекот што го сними документарецот за Мајкл Џордан („Последниот танц“), а тоа само по себе беше доволна најава за спектаклот што се очекуваше. "I’m trying to prove myself wrong more than anybody else." Novak Djokovic: The Wolf in Winter is streaming August 20. pic.twitter.com/7n24EVv7Ao — Prime Video (@PrimeVideo) July 14, 2026 „Кој најмногу се сомнева во мене? Гледате во него“, рече Новак Ѓоковиќ, покажувајќи кон себе: „Се обидувам да се надминам себеси, повеќе од кој било друг. Луѓето мислат дека си постигнал толку многу и дека треба да уживаш во тоа, а јас не можам да уживам“, изјави Новак, меѓу другото, во објавениот трејлер. Тагови: Новак Ѓоковиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВлада: Кризната состојба за нафта и нафтени деривати продолжена до 20 октомври12:02Силно невреме со обилен дожд синоќа ја погоди Битола, каде улиците беа поплавени низ целиот град08:30Кос: Македонија е една од најдобрите земји во реформите, но мора да ги донесе уставните измени15:07Николовски: Постигнат е договор со Швајцарија, Хрватска и Романија , а во тек се преговори и со други земји11:08Стевчо Јакимовски доброволно замина во затворот „Скопје“ 18:05
Силно невреме со обилен дожд синоќа ја погоди Битола, каде улиците беа поплавени низ целиот град08:30
Николовски: Постигнат е договор со Швајцарија, Хрватска и Романија , а во тек се преговори и со други земји11:08
МакедонијаЕУ и САД потпишаа меморандум за соработка за ископ на клучни минерали, Македонија „спие“Додека Западот брза, домашните власти допрва треба да создадат Листа на критични минерални суровини. Еден од главните ресурси со кои располага Македонија е бакарот, а огромно и сè уште неискористено наоѓалиште е Иловица-Штука.Критичните минерали се клучни за економската конкурентност, технолошкото лидерство и геополитичката стабилност, се наведува во меморандумот за разбирање потпишан помеѓу ЕУ и САД во кој се вели: „Критичните минерали повеќе не се само суровини; тие се стратешки ресурси од суштинско значење за националната безбедност, индустриската конкурентност, енергетските предизвици и геополитиката.“ ЕУ и Америка ги антиципираат идните светски неопходности а Македонија како да упорно „спие“ и при тоа секоја активност на полето рударство упорно и неоправдано се одложува.Нашите власти допрва треба да создадат Листа на критични минерални суровини. Еден од главните ресурси со кои располага Македонија е бакарот кој го има во завидливи количини на рудниот локалитет познат како Иловица-Штука. Овој проект е дел од Стратегијата за минерални суровини 2026-2046. За основните мерки во неа се потребни 7 милиони евра во следните десет години, но дополнителни средства би се обезбедиле токму од потенцијалното отворање на Иловица и Плавица, инвестиција проценета на 770 милиони евра. Според инвеститорот „Еуромакс Ресоурцес“, Иловица би била најголемата гринфилд инвестиција во земјава вредна 350 милиони евра, која ќе го позиционира проектот меѓу топ-три извозни компании во Македонија. Од друга страна пак, двата од четирите светски геостратешки столбови ги, Америка и ЕУ, ги здружуваат сопствените технички но и човечки капацитети.Анализата на Европарламентот покажува дека САД обезбедуваат значително повеќе јавно финансирање од ЕУ: САД: Мобилизираат околу 46 милијарди евра преку федерални агенции, нудејќи флексибилна и широка поддршка. ЕУ: Обезбедува 5–6 милијарди евра, потпирајќи се главно на грантови и заеми. Пристапот на ЕУ е побавен, со сложени процедури и тесни грла при издавањето дозволи. Глобалната трка за критични минерали го издига синџирот на снабдување до стратешки императив. Обезбедувањето и преработката на минерали веќе е прашање на индустриски суверенитет и геополитичко позиционирање, особено поради доминацијата на Кина. Како одговор, Вашингтон и Брисел усвојуваат сè поинтервенционистички пристапи. Сепак, предизвици има на двете страни. На ЕУ ѝ недостасува наменски инструмент за гарантирање долгорочни приходи за инвеститорите, а проблем се и долгите временски периоди од истражување до производство. Од друга страна, САД се соочуваат со сериозен дефицит на кадар — до 2029 година ќе се пензионираат над 220.000 рударски работници, а во 2020 година дипломирале само 327 стручњаци во целата земја. А каде е Македонија?Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: По Груевски, ослободен и Латас – уште една потврда за контролираното судствоПо ослободителната пресуда за Никола Груевски, враќањето на криминалниот имот на ВМРО и „Бела палата“, сега е ослободен и Драган Павловиќ Латас.Обвинителството се откажа од обвинението против него. Судот побарал ново супервештачење, по што износот на наводното даночно затајување бил намален. Провидно. Ова е уште еден јасен доказ дека Христијан Мицкоски директно управува со Обвинителството и со правосудството. Нема правда. Има контролирано судство, алатка во рацете на Мицкоски. А Латас му е многу важен на Мицкоски. Над 40 отсто од медиумите во сопственост на Орбан кои работат за ВМРО во Македнија се под негова диригентската палка. Фарми на тролови, сестрински бот-платформи од СНС, оркестрирани кампањи на социјалните мрежи. Тој е нивниот медиумски шеф за напади врз СДСМ, верз неистомислениците, во одбрана на криминалната власт. Кога станува збор за луѓе блиски до ВМРО или до самиот Мицкоски, обвиненијата исчезнуваат, постапките се распаѓаат, а пресудите се претвораат во амнестии. Кога, пак, станува збор за политички неистомисленици, критичари или противници на власта, тогаш Обвинителството е експресно и ревносно во спроведувањето политички прогон. Ова е токму она што го спречува европскиот пат на Македонија. Наместо независна институција која ја штити државата од криминал, имаме обвинителство кое работи по нарачка, да го штити режимот и неговите луѓе. Додека Мицкоски одлучува кој ќе биде гонет, а кој ќе биде заштитен, државата не може да напредува. Ова не е правна држава. Ова е систем во кој Мицкоски одлучува кој е над законот. Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка и членка на Извршниот одбор Одговор на новинарско прашање, Богданка Кузеска – портпаролка и членка на ИО Мицкоски и ВМРО бараат алиби, тие се виновни за Изборниот законик и што не се исполнети реформите ВМРО-ДПМНЕ, гледаме дека изминатиов период постојано се обидува, заедно со Христијан Мицкоски, секако, да ја префрли вината на некој друг. Вистината е сосема спротивна: токму ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се тие што бараат алиби. Создаваат вештачки конфликт околу Изборниот законик, гледаме дека намерно туркаат спорни одредби за изборен грабеж, за да го прикријат сопствениот неуспех со реформската агенда и целосно да го блокираат европскиот пат. Тврдат дека Македонија е лидер во регионот во исполнувањето на реформската агенда, а гледаме дека европскиот пат е целосно закочен. Фактите покажуваат токму ова што го кажуваме: рокот до 1 јуни одамна помина, клучните закони се вратени од Европа на доработка, а напредокот е минимален. Наместо да завршат со реформите, тие бараат некакви изговори. Кога некој постојано зборува за „алиби на опозицијата“, тоа значи дека токму тој самиот бара алиби. ВМРО не сака да ги заврши реформите, затоа што по нив, секако, ќе следува продолжување на европскиот пат, а тоа е нешто што дефинитивно Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не го сакаат. Затоа што Европа не може да прифати да се ослободуваат криминалци како Груевски, кој е во бегство, и Латас, човек што беше задолжен за палење на Американската амбасада, човек кој со години работи за службите на други држави. Независно судство и европско обвинителство значат одговорност, а одговорност е токму она од што бегаат Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е вистината. Скопје, 17.06.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВлада: Кризната состојба за нафта и нафтени деривати продолжена до 20 октомври12:02Силно невреме со обилен дожд синоќа ја погоди Битола, каде улиците беа поплавени низ целиот град08:30Кос: Македонија е една од најдобрите земји во реформите, но мора да ги донесе уставните измени15:07Николовски: Постигнат е договор со Швајцарија, Хрватска и Романија , а во тек се преговори и со други земји11:08Стевчо Јакимовски доброволно замина во затворот „Скопје“ 18:05
Силно невреме со обилен дожд синоќа ја погоди Битола, каде улиците беа поплавени низ целиот град08:30
Николовски: Постигнат е договор со Швајцарија, Хрватска и Романија , а во тек се преговори и со други земји11:08