Стојков: Софија нема да ја дозволи регистрацијата на „ОМО Илинден Пирин“, ниту ќе ги имплементира пресудите
1Стојков: Софија нема да ја дозволи регистрацијата на „ОМО Илинден Пирин“, ниту ќе ги имплементира пресудите
БалканИзвестувачот на ЕП, Шидер: Ако продолжи со ова темпо на реформи, Албанија ќе биде во ЕУ до 2029 годинаИзвестувачот на Европскиот парламент за Албанија, Андреас Шидер, изјави дека интеграцијата на Албанија во Европската Унија може да се постигне во рамките на oваа деценија.Според него, доколку албанскиот парламент и влада го одржат ова темпо на спроведување реформи, членството во ЕУ може да се постигне во рамките на мандатот на сегашниот Европски парламент, кој истекува на крајот од 2029 година. Тој учествуваше на форумот „Уште неколку чекори до ЕУ“, во приморскиот град Валона, организиран од амбасадорот на Албанија во Австрија, Фатех Велај, а со учество на амбасадорите на ЕУ акредитирани во Албанија и министерката за Европа и надворешни работи на Албанија, Елиса Спиропали. Шидер рече дека Европа ќе биде комплетна само кога целиот Западен Балкан, а особено Албанија, ќе биде дел од неа. „ Откако доби статус на кандидат, Албанија природно се посвети на брз напредок и спроведување реформи. Интеграцијата во ЕУ ќе го подобри квалитетот на животот на граѓаните. Надвор од техничките аспекти што се однесуваат на судството, економската модернизација, јавната администрација, зголемената транспарентност на медиумите, образованието и други области, членството во ЕУ им носи на граѓаните, особено на младите, повисок животен стандард, а во исто време вклучува придобивки, предизвици и одговорности во сите сектори, изјави Шидер. Тој нагласи дека европската интеграција е проект на целото општество и секој граѓанин мора да биде вклучен во него. -Интеграцијата во ЕУ не е само владин проект, туку и проект на целото општество: бизниси, работници, ученици, студенти, научници и секој граѓанин. Секој мора да се вклучи во овој потфат. Тоа беше сон во 1990-тите и ние во Австрија го споделувавме овој сон дури и пред да се приклучиме кон ЕУ. Сега го гледам истиот сон во Албанија, посочи Шидер, објави АТА. Верувам, додаде, дека „проширувањето не е само напор од страна на Албанија, туку и можност за целата Европска Унија“. Тагови: Албанија ЕУ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСтојков: Софија нема да ја дозволи регистрацијата на „ОМО Илинден Пирин“, ниту ќе ги имплементира пресудитеОфицијална Софија никогаш нема да дозволи регистрација на македонското здржение “ОМО Илинден Пирин“ во Бугарија, смета копретседателот на ова здржение Стојко Стојков. Коментирајки ја изјавата на новоизбраната бугарска претседателката Илијана Јотова дека очекува завршување на надзорот на спроведувањето на пресудите од Стразбур на следната седницата на Светот на Европа, Стојков вели дека неговите очекувања се оти Бугарија ќе бара затворање на пресудите без нивно имплементирање. Позицијата на Бугарија кон Македонија според Стојов е геноцидна и смета дека целта на официјална Софија е да ги снема македонскиот идентитет и Македонците да престанат да постојат како нација. Порача дека со отстапки, компромиси и виткање кичма нема да може да се реши спорот со Бугарија, туку дека е потребна достоинствена политика. Стојко Стојков кој беше избран за надворешен член на МАНУ во ноември лани, денеска одржа и официјално пристапно предавање на тема „Идентитетот во средниот век: Македонија во балканскиот и империјалниот контекст“. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВелковски: Ќе се отворат шалтери и за оние кои примаат социјална помош преку Алта банкаМинистерот за социјална политика Ѓоко Велковски најави дека шалтери ќе бидат отворени и во Скопје и Струмица.Министерот за социјална политика Ѓоко Велковски најави дека шалтери ќе бидат отворени и во Скопје и Струмица, а приоритет освен пензионерите ќе имаат и лицата кои примаат социјална помош преку Алта банка. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТехнологијаХакери повторно напаѓаат фрижидери – овојпат во ГрцијаМесарница во атинската населба Кифисија била цел на сајбер-напад, при што напаѓачите далечински ја презеле контролата врз системот за ладење.Според извештаите на грчките медиуми, тие ја поставиле температурата во фрижидерите на 150 степени Целзиусови. Сопственикот на месарницата, Јоргос Бумпас, изјави дека вработените го забележале проблемот рано наутро, при доаѓањето на работа. Првично, тие се посомневале во дефект на опремата и повикале сервисер. Сепак, по извршената проверка, сервисерот утврдил дека всушност станува збор за сајбер-напад. Сопственикот подоцна појасни дека фрижидерите всушност не достигнале 150 степени. Таа вредност била само поставена во системот, додека реалната температура се искачила на околу 17 степени, пренесува грчкиот информативен портал „Зугла“. 📌 Υπόθεση κυβερνοεπίθεσης σε επαγγελματικά ψυγεία κρεοπωλείου στην Κηφισιά έρχεται να αναδείξει ένα φαινόμενο που προκαλεί έντονη ανησυχία τις τελευταίες εβδομάδες σε ολόκληρη την Ευρώπη, φέρνοντας για πρώτη φορά ανάλογο περιστατικό στο προσκήνιο στην Ελλάδα. 💻 Άγνωστοι απέκτησαν απομακρυσμένη πρόσβαση στο ψηφιακό σύστημα των επαγγελματικών ψυγείων και επιχείρησαν να ανεβάσουν τη θερμοκρασία στους 150°C. Οι δράστες «κλείδωσαν» το σύστημα, εμποδίζοντας τους υπαλλήλους να παρέμβουν χειροκίνητα. 🎥 @skaitv.gr #parapolitikagr #kifisia #cyberattack #hacker — Parapolitika (@parapolitika) November 3, 2026 Преземена контрола врз системот „Тие ги поставија фрижидерите на 150 степени Целзиусови. Не можевме да интервенираме рачно бидејќи немавме пристап до системот“, рече Бумпас. Тој додаде дека на сервисерот му биле потребни околу два часа за повторно да воспостави контрола. Според сопственикот, сервисерот го информирал дека слични инциденти биле забележани и кај два други деловни објекти во околината. Бумпас напомена дека погодените објекти – вклучително и неговата месарница – ја користеле истата надворешна компанија за одржување и безбедност на нивните системи за ладење. Тој посочи дека постарите уреди за ладење, кои користат конвенционални мотори, не биле погодени од нападот. Цел биле исклучиво поновите модели опремени со можност за поврзување на безжична мрежа. По инцидентот, месарницата ја исклучила својата Wi-Fi врска, а сервисерот добил задача да пронајде трајно решение за обезбедување на системот. Слични напади веќе погодија продавници ширум Европа Ова не е прв ваков случај. Во октомври, хакери презедоа контрола врз системите за ладење во стотици француски супермаркети, што доведе до расипување на големи количини храна. На почетокот на ноември, слични инциденти беа пријавени во Белгија, Луксембург, Шведска, Ирска, Холандија, Естонија и Финска. Во некои продавници, температурата била поставена дури на 50 степени. Современите системи за ладење често се поврзани со интернет, што овозможува нивно одржување и управување од далечина. Доколку хакерите ги искористат безбедносните пропусти, тие можат да ги променат поставките на уредите или да активираат функција за принудно одмрзнување, поради што уредите за ладење престануваат соодветно да ладат. Во Франција беа откриени пропусти во софтверот што се користи за управување со опремата за ладење, при што некои од погодените уреди користеле застарени верзии на програмата. Сè уште не е познато дали нападот врз месарницата во Атина е поврзан со претходните инциденти. Извор: Индекс.хрТагови: фрижидери Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook