3Вечерва стартува новата сезона во англиската Премиер лига, натпреварите ќе се играат според нови правила
ЖивотИзвештај: Повеќе од 360 милиони христијани биле прогонувани во 2022 од верски причиниНад 360 милиони христијани ширум светот биле „изложени на тежок прогон и дискриминација“ поради нивната вера во 2022 година, а Северна Кореја е најлоша земја за христијаните. Toа се посочува во извештајот што денеска го објави невладината организација „Порт Овер“. Tаа протестантска организација секоја година објавува „светски индекс“ на прогонот на христијаните, во кој ги регистрира сите напади врз нив – од „скриено секојдневно угнетување“ до „најекстремно насилство“. „Помеѓу 1 октомври 2021 година и 30 септември 2022 година „над 360 милиони“ католици, православци, протестанти, баптисти, евангелисти…од 76 земји биле „изложени на тежок прогон во светот, или секој седми христијанин“, изјави Патрик Виктор, шеф на францускиот огранок на „Порт-Овер“. Истиот број е забележан и во 2022 година, меѓутоа за 30 години откако е забележано проширување на прогонот денес „има силни прогони во 76 земји, во споредба со 40-те наведени во првата листа на организацијата во 1993 година, посочи Гијом Генек, портпарол на здружението. Во исто време „прогоните стануваат се поинтензивни во споменатите земји“, додаде тој. Во 2022 година се убиени 5.621 христијани, а 5.898 година претходно. Организацијата, исто така, изброи 4.542 христијани кои се наоѓаат во притвор (од нив 1.750 во Индија) наспроти 4.277 во претходната година. Киднапирани се 5.259 христијани (вклучувајќи 4.726 во Нигерија), за разлика од 3.829 во 2021 година. Вкупниот број уништени, затворени или нападнати цркви е 2.110 – значајно помалку од 5.110 во 2021 година. Според вкупната скала на прогон, Северна Кореја сега е на првото место во годишно рангирање, поместувајќи го Авганистан. Следна е Сомалија, а потоа следат Јемен, Еритреја, Либија, Нигерија, Пакистан, Иран, Авганистан и Судан. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести43 случаи на западнонилска треска во Македонија - вирусот првпат потврден и кај мртва птица 15:00Странските возачи преку safecountry.gov. mk moже го следат системот „Безбеден град“08:34Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05Втор ден возачите со странски таблички плаќаат сообраќајни казни на ГП Табановце15:16Прскање од авион против комарци, од 23 до 26 август теренско прскање11:05
Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05
ЕвропаДрама во Шведска: Упаднал со меч во училиште и почнал да сече сѐ околу себе (ВИДЕО)Маж вооружен со меч повреди неколку лица во средно училиште во Фагерста во централна Шведска, соопштија локалните власти. „Примен е телефонски повик поврзан со насилство кое е опасно по живот во училиштето во Фагерста. Полицијата дојде на местото на настанот и едно лице е приведено“, соопшти полицијата. Полицијата го блокираше подрачјето „Полицијата продолжува да работи на местото на настанот. Апелираме до јавноста да ги почитува блокадите на патиштата и да ги слуша упатствата на полицијата“, додадоа тие. Шведската влада е во близок контакт со полицијата по нападот, изјави за Ројтерс министерот за правда Гунар Штромер. Suède: plusieurs personnes blessées à coups d'épée dans un lycée, un suspect interpellé pic.twitter.com/y5W3alHj9k — BFM (@BFMTV) August 21, 2026 „Бевме информирани за сериозен инцидент во Фагерста. Полицијата е на местото на настанот и работи многу интензивно на инцидентот“, рече Штромер.Тагови: училиште Шведска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалАрсенал тргнува по најголемата ѕвезда на ЈувентусАнглискиот шампион Арсенал ја разгледува можноста за ангажирање на најголемата ѕвезда на италијанскиот гигант, Јувентус, 21 годишниот Турчин, Кенан Јилдиз објави синоќа „Индипендент“.Микел Артета бара уште еден врвен играч за левата напаѓачка позиција; откако Винисиус Жуниор одлучи да остане во Реал Мадрид, турскиот репрезентативец се наметна како приоритетна цел на клубот. Јувентус не е склон да го продаде еден од своите клучни играчи и би барал сума поголема од 70 милиони евра за воопшто да размисли за преговори. Исто така, се зборува и за можноста Арсенал да го вклучи Габриел Мартинели во договорот. Јилдиз има договор со Јувентус до 2030 година, а „Трансфермаркт“ ја проценува неговата вредност на 75 милиони евра.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести43 случаи на западнонилска треска во Македонија - вирусот првпат потврден и кај мртва птица 15:00Странските возачи преку safecountry.gov. mk moже го следат системот „Безбеден град“08:34Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05Втор ден возачите со странски таблички плаќаат сообраќајни казни на ГП Табановце15:16Прскање од авион против комарци, од 23 до 26 август теренско прскање11:05
Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05
СветДали на фронтот во Украина пристигнуваат 50.000 војници? Киев тврди дека Пјонгјанг наскоро ќе испрати до 50.000 војници за да ѝ помогне на Русија во војната против Украина.Северна Кореја има намера да го зголеми бројот на своите војници кои треба да се борат на страната на Москва во војната против Украина. Ова би значело дека дури 50.000 Севернокорејци би можеле да бидат распоредени во Русија, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. Кон крајот на јули, украинскиот лидер изјави дека Русија сака да ангажира уште 30.000 севернокорејски војници, а викендов ја спомена бројката од „меѓу 30.000 и 50.000“ од нив. Тој не прецизираше дали таа бројка ги вклучува и севернокорејските војници кои веќе учествуваат во конфликтот. Минатиот викенд, Зеленски исто така предупреди дека Северна Кореја стекнува драгоцено искуство во модерното војување и ја повика Јужна Кореја да ја зајакне соработката со Украина во областа на противвоздушната одбрана и беспилотните летала. Русија и Северна Кореја потпишаа одбранбен договор во летото 2024 година; неколку месеци подоцна, Северна Кореја почна да испраќа војници во Русија. Аналитичарите проценуваат дека се распоредени меѓу 14.000 и 15.000 војници, главно во регионот Курск. Пјонгјанг подоцна се согласи да испрати уште 6.000 борци, вклучувајќи деминери и инженери. Според јужнокорејските и украинските власти, Северна Кореја исто така ја снабдила Русија со милиони артилериски гранати и балистички ракети. Јужнокорејските разузнавачки служби проценуваат дека околу 6.000 севернокорејски војници загинале или биле ранети. Јапонската агенција „Кјодо њуз“, повикувајќи се на украинското воено разузнавање, синоќа објави дека е потврдено претстојното зголемување на бројот на севернокорејски војници. Украинските извори наведуваат дека до крајот на ноември во Русија би можеле да бидат распоредени до 50.000 севернокорејски војници. Според тие наводи, војниците би ги презеле задачите во руските региони Курск, Брјанск и Белгород, со што руските сили би се ослободиле од обврските таму и би можеле да бидат испратени да се борат на украинскиот фронт.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter