Извештај на ЕК: Македонија е умерено подготвена во областа на енергија и енергетска политика

Македонија е умерено подготвена во областа на енергијата, постигнат е добар напредок, особено преку усвојување на законодавството за спроведување на третиот енергетски пакет. 

Во наредната година, треба да го заврши раздвојувањето на операторот на системот за пренос на гас, да го зголеми техничкиот и инженерскиот персонал на Секторот за енергетика во Министерството за економија и Агенцијата за енергетика, како и да го усвои и спроведе законот за енергетска ефикасност.

Ова се главните препораки од Европската комисија во извештајот за напредокот на земјава во 15-тото поглавје Енергија и енергетска политика.

-Законот за енергетика е целосно усогласен со Директивата на ЕУ за енергетика за обновливи извори, по усвојувањето на неколку подзаконски акти за спроведување на правилата за обновлива енергија. Понудените тарифи остануваат на сила, а премиите се воведени во рамките на шемата за поддршка на соларните централи. Во 2019 година се одржаа првите аукции за 62 мегавати соларна централа. Градењето на малите хидроцентрали не е систематско или транспарентно. Одредбите за одржливост на биогоривата се уште не се усогласени со законодавството на ЕУ, а инвестициите во хидроцентрали треба да се усогласат со законодавство на ЕУ за животната средина, стои во извештајот на ЕК во делот за Енергија.

Изменетиот национален акциски план за обновлива енергија, се додава, има за цел да ја исполни ревидираната обврзувачка цел до 2020 година 23 отсто од енергијата да доаѓа од обновливи извори на енергија, а 24 отсто до 2025 година. Во 2018 година се констатира, само 18,12 отсто од енергијата беше произведна од обновливи извори на енергија.

-На внатрешниот пазар на енергија, постигнат е добар напредок во понатамошното усогласување на земјата со третиот енергетски пакет на ЕУ за гас и електрична енергија. Пазарите на електрична енергија и гас се отворени за конкуренција и земјата е на добар пат да го донесе соодветното законодавство. Операторот на системот за пренос на електрична енергија го заврши раздвојувањето на сопственоста и е овластен. Операторот на системот за пренос на гас не е одделен, како што налага третиот енергетски пакет, поради постојаниот спор за сопственоста на гасоводот за пренос на гас, што треба да се реши наскоро. Регулаторната комисија за енергетика работи, но нејзината независност е попречена од политичко мешање, се вели во извештајот на ЕК.

Се потсетува дека е во тек изградбата на новата 400 киловолтна интерконективна линија за пренос на електрична енергија со Албанија и дека се преземаат мерки за обезбедување средства за изградба на гасните интерконекции со Грција и Србија, а во тек е и подготовката на физибилити студија за интерконективната линија со Косово. Операторот на системот за пренос на електрична енергија, се посочува, учествува во регионалната канцеларија за аукции во Југоисточна Европа, а во исчекување е воспоставување дневен пазар на електрична енергија со Бугарија.

-Регулаторната комисија за енергетика ги одобри новите пазарни правила. Во октомври 2019 година, Владата усвои декрет за работа на операторот на организиран пазар и го назначи МЕМО за организиран оператор на пазарот на електрична енергија. Новиот механизам за балансирање е целосно ориентиран кон пазарот. Пазарот на мало беше либерализиран на 1 јули 2019 година. Универзалното снабдување и снабдување во краен случај ги врши добавувачот избран преку конкурентни процедури, констатира ЕК.

Пристапот на трети страни до природен гас е во согласност со законодавството на ЕУ, но треба да се подобри транспарентноста. Во тек се работи за изградба на гасоводот за пренос на гас помеѓу Неготино и Битола и од Скопје до Гостивар со крак за Тетово.

-Донесена е националната стратегија за енергија до 2040 година, која ги рефлектира приоритетите на енергетската и климатската политика на ЕУ и целите од 2030 година, како и интегрираната стратегија за енергетика и клима, констатираат во извештајот.

РЕК Битола

Препорачуваат итно да се реши снабдувањето, односно достапноста на јаглен за РЕК Битола, вклучително и со инвестирање во нови ресурси.

-Влегувањето во сила на Законот за задолжителни резерви на нафта е повторно одложено, овој пат до 2021 година. Залихите на нафта одговараат на 74 дена просечна дневна потрошувачка, но методот за нивно пресметување е несоодветен. Усвојувањето на законодавството и акциските планови за спроведување што се во согласност со Директивата за залихи на нафта, исто така, беше одложено. Нафтената индустрија се компензира за задржување итни резерви на нафта, стои во извештајот на ЕК за напредокот на земјава во делот за Енергија и енергетска политика. /МИА

Фото: Британска манекенка ужива на одмор во Дубровник

Британската манекенка Ферне МекКан веќе одлучила да замине на одмор. Деновиве таа ги покажа своите фотографии од Хрватска. Како што откри таа е на одмор во Дубровник и околината.

„Верувајте си дека ќе го изберете она што е соодветно за вас. Најубавиот ресторан на островот. Каков прекрасен, посебен ден во Хрватска“, напиша таа во описот на фотографијата на која позира во црн костим за капење.

Дејли мејл известуваше за нејзиниот летен одмор во Хрватска. „Ферне МекКан ја истакнува својата неверојатна фигура во црно бикини додека се сонча во Хрватска“, гласи насловот на нивната статија.

Ферне неодамна изјави дека ослабела многу откако ја родила ќерката Финти, а многумина ја фалат затоа што покажала реален поглед на нејзиното тело. „Сакам да гледам реални фотографии, сите имаме целулит и маани кои попрво би ги немале, но добро е да ги славиме. Благодарам Ферне за искрената објава“, гласи пофалбата на еден следбеник.

Од 2022 година, Ферне е во врска со бизнисменот Лори Хејнс, со кој ја има ќерката Финти. Тој има уште една ќерка, од претходната врска.

Бајден настапи пред дипломците на Морхаус колеџот во Џорџија

За време на церемонијата со врачувањето на дипломи некои студенти носеа црно-бели палестински шалови во знак на солидарност со Палестинците.

Претседателот на САД, Џо Бајден во денешното обраќање пред дипломците во Морхаус, високообразовна установа од Џорџија каде мнозинството студенти се афроамериканци, прати пораки од неговата предизборна кампања за зацврстување на врските со младите од етничките малцинства.

За време на церемонијата со врачувањето на дипломи некои студенти носеа црно-бели палестински шалови во знак на солидарност со Палестинците.

- Сакам сите да запаметите, кога не избраа први ни велеа дека нема да направиме ништо значајно. Но ние направивме се. Благодарејќи вам … Мошне многу ценам што ми дадовте можност за повторен настап тука, изјави претседателот во обраќањето до дипломците на Морхаус.

Тој говореше и за својот соперник на претстојните избор – поранешниот претседател Доналд Трамп.

- На овие избори многу е ставено на коцка, мошне многу. Станува збор не за мене, туку за алтернативата … Работата е во тоа што тој (Трамп) изложи што имено планира да прави (ако биде избран). И републиканците во Претставничкиот дом ќе кажат и моите колеги ќе кажат, што тие имено ќе прават ако победат, рече Бајден.

Колеџот Морхаус е основан во 1867 година како машки колеџ за школување на црномурести кои скоро биле ослободени од ропство. Еден од они кои дипломирале тука е и Мартин Лутер Кинг помладиот.

Морхаоус е голем град во Џорџија со има значајна улога во претседателската трка во 2024 година. Бајден овде во 2020 година стана првиот кандидат за претседател од Демократската партија кој доби поддршка од оваа држава по Бил Клинтон во 1992 година.

Бајден денеска попладне патува во посета на Мичиген, каде ќе учествува на настан организиран од Детроитски фонд за борба за слобода. /МИА

Алкалоид го освои трофејот во ракометниот Куп на Македонија

Ракометарите на Алкалоид се победници во Купот на Македонија, откако вечерва во финалето одиграно во СРЦ „Борис Трајковски“ во Скопје го совладаа фаворитот Еурофарм Пелистер со 25:23 по изведувањето пенали.

Ова е прв трофеј во својата куса историја за младиот тим на Алкалоид кој на завршниот турнир ги совлада најголемите две имиња во македонскиот ракомет, Вардар и Еурофарм Пелистер.

Во финалето двете екипи во повеќе наврати се менуваа во водство, највисокото беше четири голови разлика, за на крај победникот да биде решен по пенал-рулетот во кој се истакна голманот на скопскиот тим Иван Галевски.

Токму Галевски беше прогласен за најдобар голман на завршниот турнир, наградата за најдобар стрелец отиде кај Богдан Радивојевиќ, а за МВП Филип Кузмановски (двајцата од Еурофарм Пелистер).

Претходно во текот на денот, во женското финале, Ѓорче Петров го победи Чаир со 36:24. /МИА

притисни ентер