Извештај на АВМУ за платеното политичко рекламирање на радиодифузерите за првиот круг од изборната кампања за Локалните избори 2025 - Канал 5

Извештај на АВМУ за платеното политичко рекламирање на радиодифузерите за првиот круг од изборната кампања за Локалните избори 2025

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги согласно обврската од член 76-д став 8 од Изборниот законик, до Државната изборна комисија го достави Извештајот за платеното политичко рекламирање на радиодифузерите .

Извештај на АВМУ за платеното политичко рекламирање на радиодифузерите за првиот круг од изборната кампања за Локалните избори 2025

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги согласно обврската од член 76-д став 8 од Изборниот законик, до Државната изборна комисија го достави Извештајот за платеното политичко рекламирање на радиодифузерите за време на првиот круг од изборната кампања за Локалните избори, од 29 септември до 17 октомври 2025 година.

Податоците во Извештајот се добиени преку мониторинг на емитуваното платеното политичко рекламирање кај радиодифузерите и дополнително се проверени низ постапката на потврдување на извештаите за реализирани услуги на радиодифузерите.

Од 75 радиодифузери (33 ТВ и 42 РА) регистрирани во Регистарот на Државната изборна комисија за емитување платено политичко рекламирање (ППР) за Локалните избори 2025, во првиот круг од изборната кампања, вкупно 68, склучија договори со учесниците во изборната кампања – 33 телевизии и 35 радија.

На сите 33 телевизии беа емитувани вкупно 377 часа 20 минути и 10 секунди, додека на сите 35 радија беа емитувани вкупно 185 часа 17 минути и 43 секунди платено политичко рекламирање. Вкупно на сите радија и телевизии беше емитувано ППР од 562 часа 37 минути и 53 секунди.

Од 9-те национални телевизии коишто склучија договори за емитување ППР, најголем обем на рекламно време имаа Канал 5 (41 час, 7 минути и 53 секунди), Алсат-М (34 часа, 54 минути и 29 секунди) и Компани 21-М (27 часа, 3 минути и 57 секунди). Сите 4 национални радија склучија договори за емитување ППР, а најмногу рекламно време имаа Антена 5 (14 часа, 8 минути и 27 секунди) и Канал 77 (9 часа, 49 минути и 40 секунди).

Најмногу време за ППР на радиодифузерите закупија Коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО – ДПМНЕ (189 часа 39 минути и 20 секунди), Коалицијата Национална алијанса за интеграција-НАИ предводена од ДУИ (119 часа 5 минути и 50 секунди), Коалицијата за Локални избори 2025 година предводена од СДСМ (109 часа 25 минути и 5 секунди) и Коалицијата Влен (76 часа 42 минути и 2 секунди).

Извештајот за платеното политичко рекламирање на радиодифузерите за првиот круг од изборната кампања за Локалните избори 2025 е достапен на веб страната на АВМУ на линкот.

Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фрлена бомба врз домот на помошник управител на затворскиот систем во Црна Гора

Утринава во дворот на домот на Небојша Јанковиќ, помошник управител на црногорската Управа за извршување на кривични санкции (УИКС), експлодираше бомба.

Фрлена бомба врз домот на помошник управител на затворскиот систем во Црна Гора

Во експлозијата целосно е уништен неговиот автомобил „Волво“, кој бил паркиран пред куќата во подгоричката населба Златица, пренесува црногорскиот медиум „Вијести“.

Според неофицијални информации, експлозивната направа била активирана околу 04:00 часот наутро, а полицијата веднаш била известена. Полицијата, во соработка со надлежното државно обвинителство во Подгорица, го истражува случајот, а во тек е и увид на лице место.

Полицијата го поврзува нападот со неговата работа

Црногорската полиција најави реакција на нападот, спроведена во координација со разузнавачките и безбедносните служби, како и со вработените во затворскиот систем. Тие истакнаа дека на овој инцидент не гледаат само како на напад врз јавен функционер, туку како на удар врз владеењето на правото и борбата против организираниот криминал.

Од полицијата додаваат дека нападот врз Јанковиќ го поврзуваат со неговите професионални должности и улогата во раководењето со затворскиот систем во Спуж.

„Управата на полицијата му дава целосна поддршка на нашиот колега, со јасна порака дека сите расположливи ресурси ќе бидат насочени кон заштита на полициските службеници и вработените во УИКС, кои чесно ги извршуваат своите должности и задачи. Понатаму, ваквите криминални обиди за заплашување поединци нема да ја ослабат пошироката, сеопфатна борба против криминалот“, наведуваат од полицијата.

„Сите понатамошни процесни, истражни и дејствија за утврдување на фактите ќе се спроведуваат во соработка со Основното државно обвинителство во Подгорица, кое ја презеде надлежноста над овој случај, а кој се однесува на кривичните дела предизвикување општа опасност и недозволено поседување и носење оружје и експлозивни материи“, се додава во соопштението. Од полицијата најавија дека навремено ќе ја информираат јавноста за понатамошниот тек и резултатите од истрагата.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претседателскиот кандидат на Студентската листа е Радомир Саичиќ: „Горд сум што ми ја дадоа довербата“

Граѓаните на Србија наскоро повторно ќе излезат на гласачки места - на 27 декември, кога ќе изберат нов претседател.

Претседателскиот кандидат на Студентската листа е Радомир Саичиќ: „Горд сум што ми ја дадоа довербата“

Официјалните кандидатури се очекуваат во наредните денови, а додека тоа не се случи, шпекулациите за одредени имиња што би можеле да се најдат на гласачкото ливче продолжуваат.

- Пред точно 24 часа беа објавени претседателските избори, но денес стоиме пред вас со името на кандидатот - рекоа тие на почетокот на медиумската конференција на Студентската листа.

- Влегуваме во овие избори многу поподготвени и поискусни. Нашите контролори ќе сторат сè за да се осигурат дека секој глас е заштитен - рекоа тие. - Сакавме да предложиме човек чија поддршка никогаш не беше декларативна. Сакавме некој што беше со нас од самиот почеток. Се надеваме дека граѓаните ќе ја препознаат кај нашиот кандидат подготвеноста да се држи до принципите што го изградија секој наш успех во неговата работа - нагласија тие. Претседателскиот кандидат е Радомир Саичиќ.

- Сега имаме можност слободата за која се боревме да ја претвориме во трајна промена. Владата и судовите мора повторно да ја заработат довербата на народот. Ќе се залагам за суверена Србија во која секој граѓанин ќе живее со достоинство - рече Саичиќ.

- Ние ги почитуваме и институтите за управување во Црна Гора, имаме најдобри можни односи со нашиот народ. Не гледам никакви противречности таму. Она што мислам дека е обврска на новата влада е да го обедини српскиот народ, а не да создава поделби - рече тој како одговор на новинарско прашање.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

АКТ на СДСМ објави документ: Директорката на „Алта груп“ која е во притвор во Белград има фирма во Скопје

Не била само Алта банка, не било само Алта осигурување, не било само јавни претпријатија, има и други поврзани фирми и бизниси.

АКТ на СДСМ објави документ: Директорката на „Алта груп“ која е во притвор во Белград има фирма во Скопје

Антикорупцискиот тим на СДСМ денеска објавува нови документи.

Скандалот со влезот на Алта банка во Македонија и бизнис шемите на ВМРО со СНС се проширува.

Во Србија истрагата за Алта банка води кон нови приведени, нови осомничени.

Освен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка, веќе во притвор е и Татјана Бундало, директорката на „Алта груп“ Белград.

Се сомничи, дека заедно со Мацура извршиле кривични дела поврзани со изнесување кеш од трезорот на Алта банка од околу 17 милиони евра. Според медиумите во соседна Србија околу 370 милиони евра никогаш не влегле во трезорот, туку биле фиктивно книжени.

Имињата на овие луѓе кои се веќе приведени, Бундало и Мацура водат директно и до бизниси и фирми во Македонија.

Еве го изводот со информации од Централниот регистар:

Татјана Бундало, директорка на Алта груп Белград која е приведена во Србија е сопственик на фирмата „Алта Реал Естате ДООЕЛ Скопје во Македонија.

Дополнително, поврзана е и со фирмата Алта груп ДООЕЛ Скопје.

Видете како се ширел октоподот на бизниси, влијанија, зделки и дилови на релација ВМРО-СНС, Мицкоски-Вучиќ за само кратко време.

Двајца приведени во Србија за Алта банка, двајца поврзани со бизниси и фирми во Македонија.

Јавноста веќе знае, Давор Мацура, е член на Надзорниот одбор на Алта банка АД Битола а ја кипи и ЗОИЛ Македонија за 1.7 милиони евра.

Кој ги донесе во Македонија и со кого се правени бизнис дилови? Па се знае, Организирана криминална група на ВМРО.

Трајко Славески јавно кажа дека за влезот на Алта банка се консултирал со Христијан Мицкоски.

Прашањето е зошто Обвинителството и Ненад Савески не преземаат ништо?

Дали на овој начин се штитат Мицкоски, Славески и други инволвирани во Алта банка од одговорност?

Затоа Христијан Мицкоски вчера побегна од одговор на прашањето од претседателот Филипче за тоа со кого го правел дилот за влезот на Алта банка.

Нема бегање од вистината, нема бегање од одговорноста.

Прес конференција на СДСМ, Јон Фрчкоски – Член на Извршниот одбор

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер