Израелските археолози пронашле остатоци од брод, стар 1200 години и преполн со предмети (ВИДЕО) - Канал 5

Израелските археолози пронашле остатоци од брод, стар 1200 години и преполн со предмети (ВИДЕО)

Остатоци на древен брод, пронајдена недалеку од израелскиот брег со товар од целиот Медитеран, покажува дека трговците од запад пристигнувале дури и по исламското освојување на Светата земја.

Израелските археолози пронашле остатоци од брод, стар 1200 години и преполн со предмети (ВИДЕО)

Дали потонувањето на бродот било предизвикано од бура или неискусен капетан, тешко е да се каже. Но, без оглед на причината, трговскиот брод изграден од ела и ореово дрво со деликатеси од далечните земји потонал во плиткото, во близина на брегот на денешниот израелски приморски град Мааган Мајкл пред повеќе од 1.200 години.

Тоа било во време кога претежно христијанската Византиска империја ја губела контролата врз таа област во источниот Медитеран, додека исламот го проширувал своето влијание, според Дебора Звикел, поморски археолог од Универзитетот во Хаифа и водач на истражувањето.

„Историските книги велат дека тогаш трговијата речиси престанала, дека немало меѓународна трговија, туку пловидба само во територијалните води, но се чини дека не е така“, рече Цвикел.

„Овде имаме остатоци од голем брод, мислиме дека бил долг околу 25 метри, а бил натоварен со стока од целиот Медитеран“, додава археологот.

Пронајдените предмети на бродот покажуваат дека тој се закотвувал на Кипар, Египет, можеби Турција и можеби на северноафриканскиот брег.

На некои од предметите имало симболи на христијанската византиска црква, додека на други имало натписи на арапски. Во потонатиот брод биле пронајдени околу 200 амфори со маслинки, смокви и урми.

YouTube video

Истражувањето на локацијата го спроведуваат израелската научна фондација, фондацијата Хонор Фрост и Институтот за поморска археологија на Универзитетот Тексас А&М.

Брегот на Израел е полн со древни потонати бродови. Урнатините се подостапни отколку на друго место поради плиткото море и песочното дно, што подобро ги зачувува артефактите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

САД велат дека погодиле 90 цели во Иран откако Трамп претходно се закани дека ќе ги „удри силно“

САД велат дека погодиле 90 цели  во вториот ден од нападите врз Иран откако Доналд Трамп претходно се закани дека ќе ги „удри силно“.

САД велат дека погодиле 90 цели во Иран откако Трамп претходно се закани дека ќе ги „удри силно“

Неколку земји од Персискиот залив оттогаш пријавија ирански напади - ова вклучуваше експлозии во главниот град на Бахреин, Манама, пресретнување ракети и беспилотни летала од Кувајт и издадено е безбедносно предупредување од Катар.

Мохамед Багер Галибаф, главен преговарач на Иран со САД, рече дека Америка „сè уште не научила дека малтретирањето и кршењето на ветувањата повеќе не се бесплатни“.

Иранските медиуми објавија дека експлозии се слушнале во областите долж јужниот брег на земјата и дека нападите ги погодиле островите во Персискиот залив кои се под контрола на Иран.Ова следува по американските напади во вторникот, за кои Централната команда на САД соопшти дека биле одговор на нападите врз три комерцијални бродови што транзитираа низ теснецот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Стартува мундијалското четвртфинале, Франција - Мароко за првиот полуфиналист

Фудбалските селекции на Франција и Мароко вечерва од 22 часот го играат првиот натпревар од четвртфиналето на 23 Светски шампионат.

Стартува мундијалското четвртфинале, Франција - Мароко за првиот полуфиналист

Франција и Мароко ќе се борат за пласман во полуфиналето во Фоксборо, на стадионот „Џилет“, кој е домашен терен на легендарниот НФЛ-тим „Њу Ингланд Петриотс“.

Улогата на фаворит во дуелот меѓу втората и четвртопласинарана репрезентација од последниот Мундијал, ја има србрената Франција,предводена од големите светски фудбалски ѕвезди, Мбапе, Олисе, Дембеле...секако свои адути има и тимот на Мароко, како Хакими..., Но многупати досега фудбалот покажал дека на вакви средби не секогаш победувале посилните репрезентации, поради тоа вечерва се очекува дуел со многу возбудувања но и тактички надмудрувања.

Селекторот на Триколорите Дешан нагласи дека вечерва очекува исклучително тежок натпревар против Мароко.

„Мароко нема профил на екипа како Парагвај. Ќе мораме да бидеме многу ефикасни, бидејќи станува збор за врвна репрезентација. Како што се искачувате кон врвот на планината, така и нивото на противникот е сè повисоко. Менталитетот сам по себе не носи победи, но може да биде причина за пораз“, заклучи селекторот на Франција.

Инаку, според француските медиуми вечерва ќе биде жестоко низ земјата без разлика кој и да победи.

Кој и да победи на четврфиналето Париз, ќе „изгори“ пренесуваат поголем дел од медиумите. Полицијата Во Париз веќе прогласи вонредни мерки. Париската полиција подготвува посебни мерки пред натпреварот меѓу Франција и Мароко во САД.

Франција го елиминираше Парагвај во осминафиналето со голот на Килијан Мбапе, додека Мароко убедливо ја совлада Канада со 3:0.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска Давкова од Анкара: Се чудам како во НАТО има разбирање, а ЕУ 20 години нè држи во лавиринтот

Понекогаш се чудам како може исти државници, исти претседатели, исти премиери, на еден начин да се однесуваат во рамките на НАТО, да манифестираат разбирање, а кога се работи за Европската унија, 20 години да нè држат во лавиринтот.

Сиљановска Давкова од Анкара: Се чудам како во НАТО има разбирање, а ЕУ 20 години нè држи во лавиринтот

Порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по учеството на состанокот на Северноатлантскиот совет на ниво на шефови на држави и влади, во рамки на самитот на нато во Анкара.

Од кабинетот на претседателката информираат дека на маргините на самитот таа остварила средби со регионалните лидери. Синоќа имала кратка средба со бугарскиот претседател Румен Радев, во присуство на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта. Според неа, Радев истакнал дека не сме само соседи, туку дека таа му е пријателка, што претседателката го оценила како инспиративно и охрабрувачко.

Подолг разговор Сиљановска-Давкова имала со унгарскиот премиер Петер Маѓар, кој најавил уште позасилена поддршка за западен балкан и намера за регионална турнеја, нагласувајќи дека стабилноста и мирот на балканот се неминовни без членство на овие земји во ЕУ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер