Израелската војска се повлекува од коридорот што минува среде Појасот Газа (ВИДЕО) - Канал 5

Израелската војска се повлекува од коридорот што минува среде Појасот Газа (ВИДЕО)

Израелската армија се повлече од коридорот Нецарим што го сече Појасот Газа, објави Хамас во потег што се очекуваше како дел од договорот за прекин на огнот.

Израелската војска се повлекува од коридорот што минува среде Појасот Газа (ВИДЕО)

Извор од израелската безбедност, кој сакал да остане анонимен, потврдил дека израелската армија се повлече од своите позиции во центарот на енклавата, пренесе Би-Би-Си. Израелската војска претходно го намали своето присуство во областа.

YouTube video

Хамас го слави повлекувањето како своја победа и таму ги испрати своите полициски сили да управуваат со движењето на Палестинците.

Возила на израелската армија се движат од брегот кон израелската граница. Израел зазеде коридор долг 6,4 километри од границата до Медитеранот, кој се наоѓа јужно од градот Газа, во првите месеци од инвазијата.

Коридорот ги отсекува северните од јужните населби на Појасот. Илјадници Палестинци поминаа низ коридорот во последните недели, враќајќи се во своите домови на северот што ги напуштија во потрага по засолниште.

Некои од нив го опишале својот шок кога го виделе нивото на уништување и откриле човечки останки во областите од кои израелските сили се повлекле.

Поголемиот дел од северниот дел на Појасот стана пустелија по разорната воена кампања на Израел.

Некои од повратниците се вратиле на југот на енклавата кога откриле дека нивните домови се уништени, додека други поставиле шатори на местата каде што некогаш живееле.

Денеска голем број луѓе решија да поминат низ коридорот откако Хамас најави повлекување на Израел, што резултира со колони автомобили.

Воените и полициските сили на Хамас ја зголемија својата видливост по постигнувањето прекин на огнот во јануари, а аналитичарите веруваат дека ова има за цел да испрати порака дека групата не е поразена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рокас, денеска ќе му го предаде Извештајот на ЕК за напредокот на Македонија на премиерот Мицкоски

Извештајот за напредокот на земјата кој Европската комисија го објави вчера, денеска ќе му биде врачен на премеирот Христијан Мицкоски од страна на евроамбасадорот Михалис Рокас.

Рокас, денеска ќе му го предаде Извештајот на ЕК за напредокот на Македонија на премиерот Мицкоски

По врачувањето двајцата ќе одржат заедничка прес конференција. Европската комисија во извештајот констатира дека земјата бележи одредени позитивни резултати во спроведувањето на реформската агенда и планот за раст за Западен Балкан, но дека евроинтегративниот процес и понатаму е блокиран поради неусвојувањето на уставните измени.

Во документот се посочува дека корупцијата останува широко распространета, а борбата против неа не бележи напредок. Особено загрижуваат случаите на корупција на високо ниво, кои често се одложуваат и застаруваат, создавајќи впечаток на неказнивост. Ограничени резултати се забележани и во правосудството, а позитивни оценки земјата доби и за целосната усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: 3.500 нови садници во Скопје - 6.000 до крајот на сезоната

Град Скопје започна со големата акција за засадување 3.500 садници низ Скопје, со која се обновува зеленилото и се раззеленуваат јавните површини, а до крајот на сезоната за садење ќе бидат засадени вкупно 6.000 нови садници.

Ѓорѓиевски: 3.500 нови садници во Скопје - 6.000 до крајот на сезоната

- Секое ново дрво е влог во градот во кој живееме и во иднината на нашите деца. Повеќе сенка за летните денови, почист воздух и повеќе зелени места за прошетки, игра и дружење. Ги опфаќаме постојните паркови, новите паркови што ги подигаме, зелените површини долж булеварите и јавните простори низ целиот град. Во секоја општина, за секое маало, за сите скопјани. Секој засаден корен денес е ветување за поздраво и поубаво утре. Зад нас нека останат дрвја што ќе растат, паркови што ќе живеат и дела што ќе траат. За Скопје што дише. За генерациите што доаѓаат – изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека Скопје се сака со дела и дека посветено работи на зелено и чисто Скопје, што е еден од неговите приоритети.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола

Денеска  почнува исплатата на средства за клиентите на Алта банка во Битола кои немаат платежни картички.

Од денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола

Народната банка вчера информираше дека парите ќе се подигнуваат од шалтерите во главната филијала на Банката.За таа цел ќе бидат отворени повеќе шалтери на улицата Добривое Радосављевиќ број 21.

Граѓаните ќе можат да подигнат најмногу 20.000 денари во период од две недели.мерката особено се однесува на пензионерите и примателите на социјална помош.од утре , филијалата ќе работи во две смени, вклучително и во сабота.

Граѓаните ќе добиваат СМС-пораки со точниот ден и час за подигање на средствата.од Народната банка апелираат да се почитуваат определените термини за да се избегнат гужви.За оние кои нема да можат да дојдат во закажаниот термин, ќе бидат обезбедени дополнителни термини.на шалтерите ќе се врши исклучиво исплата на готовина, без други банкарски трансакции.во тек е подготовка за отворање вакви шалтери и во други градови во земјата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер