Израелците го менуваат текстот на песната, за да не бидат дисквалификувани на Евровизија(ВИДЕО) - Канал 5

Израелците го менуваат текстот на песната, за да не бидат дисквалификувани на Евровизија(ВИДЕО)

Израел ќе ги смени стиховите на својата песна за Евровизија за да ги отстрани сите перцепирани политички елементи и да го гарантира своето учество, објави денеска Израелската радиодифузна корпорација (КАН).

Израелците го менуваат текстот на песната, за да не бидат дисквалификувани на Евровизија(ВИДЕО)

Откако првично се заканија дека ќе се повлечат од натпреварот доколку израелската песна не биде прифатена како што е, КАН на крајот објави дека се согласуваат со мислењето на израелскиот претседател Исак Херцог кој ги „предложи потребните прилагодувања“.

„КАН контактираше со текстописците на двете избрани песни, Октомвриски дожд, која беше избрана за прва и Танц засекогаш, која беше втора, барајќи од нив да го адаптираат текстот со задржување на уметничката слобода“, соопштуваат од корпорацијата.

Октомвриски дожад не го споменува експлицитно крвавиот напад што Хамас го изврши на југот на Израел на 7 октомври, но според израелските медиуми и независните набљудувачи, текстот на песната не остава простор за сомнеж. „Танцуваме во бура/Немаме што да криеме/Однеси ме дома/Остави го светот зад себе/И ветувам дека никогаш повеќе нема да се повтори/Уште сум влажна од овој октомвриски дожд“, е текстот на песната.

YouTube video

По добивањето на изменетиот текст, јавниот радиодифузер ќе „избере песна што ќе ја испрати“ до организаторите „за да можат да го одобрат учеството на Израел на натпреварот“, додаде КАН. До 10 март ќе се знае која песна е избрана.

Израелско-руската пејачка Еден Голан (20) треба да го претставува Израел на овогодинешниот натпревар кој ќе се одржи во мај во Малме, Шведска. Неколку земји ги повикаа организаторите да му забранат на Израел да учествува на Изборот за песна на Евровизија во знак на протест против огромните жртви во војната во Појасот Газа.

Израел е првата неевропска земја на која ѝ е дозволено да учествува на Изборот за песна на Евровизија во 1973 година. Израелците досега победија четири пати.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре сончево и многу топло со мала до умерена облачност

Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност.

Утре сончево и многу топло со мала до умерена облачност

Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северен правец.

Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.

Во четврток и во петок попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, силен ветер и наместа појава на град. Температурата ќе опадне за неколку степени. Во деновите од викендот и почетокот на новата седмица времето ќе биде стабилно, а дневната температурата ќе биде во постепен пораст.

УХМР

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МВР и Фондот за здравствено осигурување: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените

Министерството за внатрешни работи и Фондот за здравствено осигурување информираат дека проблемот со здравственото осигурување на вработените во МВР е надминат и дека тие повторно можат непречено да ги користат здравствените услуги.

МВР и Фондот за здравствено осигурување: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените

Во текот на денот, двете институции беа во континуирана координација и, во соработка со Управата за јавни приходи, ги презедоа потребните активности за утврдување и отстранување на причините што доведоа до привремен прекин во остварувањето на правата од здравственото осигурување.

По преземените активности, состојбата е нормализирана и овозможено е непречено користење на правата од здравственото осигурување за вработените во Министерството за внатрешни работи.

МВР и Фондот за здравствено осигурување ќе продолжат со координирани активности за изнаоѓање системско решение кое ќе овозможи во иднина непречено функционирање на здравственото осигурување и навремено остварување на правата од здравственото осигурување за сите вработени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Андраш Бака, судијата што му се спротивстави на Орбан е нов претседател на Унгарија

Унгарскиот парламент попладнево го избра поранешниот претседател на Врховниот суд, Андраш Бакa, за нов претседател на земјата..

Андраш Бака, судијата што му се спротивстави на Орбан е нов претседател на Унгарија

Бака беше избран на оваа претежно церемонијална позиција со гласовите на владејачката десничарска партија тиса, а пратениците од опозициската ФИДЕС не гласаа. Претседателската функција остана празна минатиот месец по разрешувањето на Тамаш Суљок, кој беше голем сојузник на Орбан. Бака во 2012-та беше разрешен од позицијата прв човек на Врховниот суд, откако јавно го критикуваше потегот на тогашниот премиер за намалување на старосната граница за пензионирање на судиите. Западните медиуми пишуваат дека неговиот мандат претставува симболичен чекор во напорите на премиерот Петер Маѓар да ги демонтира упориштата на моќта на Орбан.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер