Изненадување на Сан Сиро, Џенова подобра од Милан, Пандев повторно стрелец

Непријатно изненадување за големиот Милан на празниот Сан Сиро.

Во натпревар од италијанското Калчо тимот на капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев, Џенова со 2-1 го совлада фаворизираниот Милан.

Пандев уште еднаш покажа дека одлично се чувствува во Милано на познатиот стадион Џузепе Меаца или Сан Сиро. На капитенот на Македонија не му недостасуваше мотивација на празниот стадион и со гол во 7 минута го најави големото изненадување .

Санабрија одлично продре од десната страна, а нашиот легендарен напаѓач се најде на вистинското место, Џенова поведе со 1-0.

За Горан Пандев ова е седмиот гол сезонава во Калчото со кој е најдобриот стрелец во тимот на Џенова.

Во 41 минута касата ја зголеми предноста на тимот од Џенова на 2-0.

Во вторите 45 минути иако Милан настојуваше да ја стигне негативната на гостите од Џенова сепак успеа со голот на Ибрахимовиќ во 77 минута само да го ублажи поразот .

Поради коронавирусот и радикалните одлуки на Владата на Италија натпреварот во Милано се одигра без присуство на публика.

притисни ентер