Изложени книжевните преводи од програмата на ЕУ „Култура 2007-2013“ - Канал 5

Изложени книжевните преводи од програмата на ЕУ „Култура 2007-2013“

Во ЕУ Инфоцентарот во Скопје од денеска до 29 септември се изложени книги на европски автори кои се преведени на македонски јазик и објавени преку Програмата на ЕУ Култура 2007-2013.

Изложени книжевните преводи од програмата на ЕУ „Култура 2007-2013“
Во седумгодишната програма 14 издавачки куќи од Македонија добија грантови за превод и завршно со 2013-та преведени и објавени се 203 наслови од литературите на 37 земји во Европа кои членуваат во оваа програма.

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и амбасадорот на ЕУ во Македонија Аиво Орав се задоволни од резултатите од програмата во сегментот издаваштво. За одѕивот придонесоа и инфоденовите што во изминатите години ги организираше надлежниот оддел во Министерството за култура (Културно-контактна точка) за охрабрување на операторите да побараат грант и како да аплицираат.

- Нашата држава, заедно со Словенија и Хрватска, се нематна како лидер во користењето на средствата за книжевни преводи од овој европски фонд. Преку оваа програма Република Македонија има обезбедено околу 1 милион евра и се поддржани книжевни преводи на 14 издавачки куќи од земјава, односно 203 дела кои го збогатија фондот на знаења и отворија нови хоризонти за македонските читатели, истакна министерката Канческа-Милевска.

Таа очекува дека интересот од наши издавачи и соработкaта со ЕУ ќе продолжи и во следната програма „Креативна Европа 2014-2020“, која ќе почне од 1 јануари и ќе поддржува книжевни преводи, заштита и промоција на јазикот, културниот идентитет.

Евроамбасадорот Орав соопшти дека покрај саемот на книжевните преводи објавени со европски пари, до 29 септември во ЕУ Инфоцентарот ќе има и литературни читања со писатели и гости од Европа: Мелина Камериќ од Босна и Херцеговина, Ѓерѓ Конрад од Унгарија, Душан Чатер од Словенија, издавачот од Србија Дејан Илиќ и двајцата добитници на Наградата за современа литература на ЕУ во 2011 година: Ирен Ниг од Лихтенштајн и Родан Галиди од Холандија. Ќе има и панел-дискусии за преводи од класичните јазици, како и специјално литературно читање за деца, а 26 септември ќе биде посветен на Европскиот ден на јазици, кој на овој датум се одбележува од 2001 година.

Орав најави и прв конкурс за млади преведувачи насловен „Вавилон“, кој делегацијата на ЕУ во Скопје го организира со Здружението на преведувачи на Македонија. Ќе биде објавен на 2 декември 2013 кога ќе бидат познати и критериумите за учество.

- Целта на конкурсот е да се охрабрат и промовираат млади преведувачи и да ја поттикнеме совршеноста при преведувањето литерартурни дела на официјалните јазици на Европската унија, рече Орав.

Преку програмата на ЕУ „Култура 2007-2013“ грантови за превод добија издавачките куќи: „Или-Или“, „Три“, „Магор“, „Темплум“, „Вермилион“, „Профундум“, „Бегемот“, „Блесок“, „Каприкорнус“, „Евро-Балкан“, „Сигмапрес“, „Икона“, „Антолог“ и „Нампрес“.

Покрај за преводи од Европа, оваа програма на ЕУ беше значајна и за промоција на македонската книжевност во земјите на Унијата откако Гоце Смилевски во 2010 година ја доби Европската награда за литература, со што неговиот роман „Сестрата на Сигмунд Фројд“ досега е преведен на 27 јазици.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Временски шокови и во ноември: Просекот на колапси на јавни места ист како во летните месеци

Наглите температурни промени земаат сериозен данок, па така во ноември просекот на колапси на јавни места останува висок со пет до шест лица дневно. 

Временски шокови и во ноември: Просекот на колапси на јавни места ист како во летните месеци

Времето не бира кого ќе кутне, наглите температурни разлики земаат данок во здравје, па колапс на улица повеќе не е слика само за летните горештини, бидејќи и во ноември просекот на колабирања е ист како во август – пет до шест лица губат свест на јавни места во текот на 24 часовната смена на службата за Итна помош. И овој период, атмосферскиот притисок и влажноста на воздухот влијаат врз здравјето, па најчесто на удар се хронично болните, за нив наглите промени знаат да имаат посилни последици, вели д-р Елена Карева Пиловска. Од Итната медицинска помош нотираат дека освен за колапси, имаат повеќе интервенции за случаи на срцев удар, но и повици кога граѓаните се жалат на слабост, вртоглавица, тресење и конфузија, што се симптоми на хипогликемија, или „паѓање на шеќерот“.

При нагло заладување се стеснуваат крвни садови што може да доведе до покачен крвен притисок и оптоварување на срцето, објаснуваат лекарите и апелираат дека хронично болните кои секако се почувствителни на промените на време да ја земаат својата терапија, а претходно редовно да го мерат притисокот.

Сепак, главната препораката до сите граѓани е да се води поголема грижа за општата состојба, бидејќи само со здрави навики, спортувања и грижа за себе може да се влијае организмот полесно да ги поднесува временските шокови.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Разликата меѓу Алта банка и Еуростандард е тоа што Заевци ја уништија и испокрадоа Еуростандард

Секој ден се повеќе СДС личи на расипана грамофонска плоча за ширење на лаги и дезинформации. 

ВМРО-ДПМНЕ: Разликата меѓу Алта банка и Еуростандард е тоа што Заевци ја уништија и испокрадоа Еуростандард

Народната банка и гувернерот се тие кои носат одлуки за банкарскиот систем, а не премиерот и Владата. Не е вистина дека било кога и било каде гувернерот Славески кажал дека одлуката за Алта банка ја донел Мицкоски.

Така да, ова е уште една лага на СДС и со цел да се шири паника и да се прави саботажа со банкарскиот систем на земјава.

Таквата саботажа на СДС, ја потврдува нивната неконструктивна улога од која штета имаат бизнисите, економијата и граѓаните. Премиерот не носи банки. Но очигледно, тие се поучени од времето кога братот на експремиерот Вице Заев, со неговите бизнис партнери земаа кредити без покритие од Еуростандард банка, со што ја уништија банката и ги украдоа граѓаните. Е тоа е криминал.

Разликата помеѓу Алта банка и Еуростандард е тоа што Заевци ја украдоа банката, а во случајот со Алта, проблемот е увезен односно престана да постои нејзината матица која е во друга држава. Но за среќа, решение ќе има и граѓаните нема да се дозволи да бидат оштетени, се наведува во партиската реакција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уште 20 институции влегуваат во системот за електронска архива

Во наредните три месеци уште 20 институции се приклучуваат на системот за електронско управување со документи. 

Уште 20 институции влегуваат во системот за електронска архива

Наместо шетање и чекање по шалтери и канцеларии со куп документи во рацете, со неколку клика граѓаните ќе можат да си ги завршат административните обврски – министерството за дигитална трансформација најави дека уште 20 институции во наредните три месеци ќе се приклучат на централниот систем за електронско управување со документи и електронска архива. Министерот Стефан Андоновски вели дека се повеќе институциите ги разменуваат податоците интерно, наместо граѓаните тоа да го прават физички, а месечните трансакции за размена на податоци, од 700.000 во 2024, изнесуваат 5,2 милиони до октовмри годинава.

„Ова е важна промена во начинот на кој што работи државата, барањето можеби некогаш стигнува електронски, но ако потоа се печати, се носи од канцеларија до канцеларија, се чува во фиока или се чека физички потпис, постапката останува бавна. Со ЕДМС работиме на целиот тек на предметот, прием, распределување, постапување, потпишување и електронско архивирање. За раководителот тоа значи јасен увид каде се наоѓа предметот, за вработениот, работата му е поорганизирана, а за граѓанинот побрзо постапување. “

Во меѓувреме, според министерот, дигиталниот паричник, односно М-Услуги станува се повеќе популарен кај граѓаните, односно, личните документи, како и дел од јавните услуги веќе се префрлаат на телефоните. Апликацијата е водечка во преземања во категоријата „утилитис“ во Македонија и до денеска ја презеле речиси 29,500 граѓани. Андоновски вели ова е само старт на апликацијата, која заеднички, со забелешките на граѓаните ќе се унапредува.

„М-Услуги“ е на врвот на листата на најпреземани апликации во Македонија, што е потврда за големиот интерес на граѓаните и бројот на корисници кои ја преземаат.“

Андоновски вели дека напредокот е нотиран и од ЕУ. Ограничениот напредок од 2021 до 2024 година, во изминативе две години, според него, е евидентен, и во последнава година е оценет како добар напрадок од ЕК, а зад тоа, вели стојат, законски измени, воспоставени системи и услуги, но и претстои многу работа.

„Европската комисија констатира добар напредок во поглавјето 10, дигитална трансформација и медиуми, истовремено, нивото на подготвеност за прв пат на државата во овој дел е подигнато од умерено ниво, на меѓу умерено и добро ниво на подготвеност. Ова е значаен резултат за Македонија.“

Секоја нова електронска услуга носи и одговорност за нејзината сигурност, каде граѓаните очекуваат податоците да им бидат заштитени, па од таму, се работи на соодветна сајбер-безбедност, односно формиран е тим кој работи организирано, се обучува постојано согласно барањата на технологијата, со цел навремено препознавање на заканите.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер