КултураИзложба „Икони XIV-XX век” во галеријата Чифте амамНационалната галерија на Македонија (НГМ) вечер од 19 часот во галеријата Чифте амам ќе ја отвори изложбата „Икони XIV-XX век”. Ќе бидат презентирани околу четириесет икони, светогорски графики и копии од фрески од колекцијата на НГМ и Музеј на Македонија. НГМ соопшти дека на љубителите на уметноста изложбата им дава преглед на стилскиот и хронолошкиот развој на македонското иконописно творештво од XIV-XX век. На почетокот на работењето на тогаш Уметничката галерија во 1950 година, Археолошкиот музеј и предал педесеттина икони од кои еден дел биле изложени во тогашната поставка на галеријата, а останатиот дел бил сместен во нејзините депоа. Тоа биле, пред се, икони донесени од тогаш неактивните цркви и манастири, заради нивна безбедност и заштита. Останатиот дел биле откупи од приватни колекции. На свеченото отворање на Галеријата во 1950 година била отворена и првата поставка на ликовни дела: икони од XIV-XIX век, копии од најубавите примери на македонските фрески и ликовни дела од тогашната македонска и југословенска современа уметност. - Овој податок зборува дека иконите хронолошки биле дел од поставката на галеријата од првите години од нејзиното постоење, наведува Славица Алексоска, виш кустос. Во текстот за каталогот издаден во 1950 година по повод отворањето на првата официјална поставка, меѓу другото пишувало: „На Илинден 1950 година, македонските уметници по двегодишна подготовка, удрија темел на првата Уметничка галерија во Скопје. Во Галеријата ги гледаме безимените наши зографи што со своите дела ги напишаа најубавите страници на нашата уметничка историја. Живеејќи под најтешки политички и економски услови во поробениот и заборавениот Балкан, тие беа творци на најсилното што го даде човештвото во уметноста за полни четири столетија од италијанската ренесанса и три столетија пред генијалниот Ѓото”. Денес збирката на икони во Националната галерија на Македонија има над педесетина примероци од кои една икона датира од средината на XIV век, една од XV-XVI век, а останатите икони му припаѓаат на поствизантискиот период, периодот на Преродбата (XIX век), и мал број икони од почетокот на XX век. Според стилската и хронолошката припадност, најмногу примероци припаѓаат на поствизантискиот период и периодот на Преродбата. Изложбата во Чифте амам ќе биде отворена до 30 јануари 2018 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОд денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола Денеска почнува исплатата на средства за клиентите на Алта банка во Битола кои немаат платежни картички.Народната банка вчера информираше дека парите ќе се подигнуваат од шалтерите во главната филијала на Банката.За таа цел ќе бидат отворени повеќе шалтери на улицата Добривое Радосављевиќ број 21. Граѓаните ќе можат да подигнат најмногу 20.000 денари во период од две недели.мерката особено се однесува на пензионерите и примателите на социјална помош.од утре , филијалата ќе работи во две смени, вклучително и во сабота. Граѓаните ќе добиваат СМС-пораки со точниот ден и час за подигање на средствата.од Народната банка апелираат да се почитуваат определените термини за да се избегнат гужви.За оние кои нема да можат да дојдат во закажаниот термин, ќе бидат обезбедени дополнителни термини.на шалтерите ќе се врши исклучиво исплата на готовина, без други банкарски трансакции.во тек е подготовка за отворање вакви шалтери и во други градови во земјата.Тагови: Народна Банка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
СветЏеј Ди Венс предизвикува вознемиреност во Вашингтон со изјава по дебаклотПотпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, предизвика бурна реакција во Вашингтон откако директно ја посочи војната со Иран како причина за тешкиот изборен пораз на Републиканската партија на среднорочните избори за Конгресот.Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, предизвика бурна реакција во Вашингтон откако директно ја посочи војната со Иран како причина за тешкиот изборен пораз на Републиканската партија на среднорочните избори за Конгресот, се наведува во анализата на Би-Би-Си. Во политичките кругови, овој говор масовно се толкува како обид на Венс да се дистанцира од претседателот Доналд Трамп, во пресрет на негова можна претседателска кандидатура во 2028 година. Во внимателно срочена објава од шестотини зборови на социјалната мрежа „Икс“ (X), потпретседателот отворено призна дека гласачите кои во 2024 година гласале за Трамп, на овие избори им свртеле грб на републиканците. „Причината за нашиот пораз е војната“, напиша Венс, додавајќи: „Тоа синоќа го изјави и самиот претседател“. Во интервјуата доцна во вторникот и во текот на целата среда, Трамп ја бранеше војната, но истовремено призна дека токму тој конфликт бил клучниот фактор што довел до тоа демократите да преземат контрола и врз Претставничкиот дом и врз Сенатот. Според Би-Би-Си, ставот на Венс за војната во Иран бил „јавна тајна“ во Вашингтон – иако јавно го поддржувал конфликтот по американско-израелскиот напад врз Техеран во февруари, во приватни разговори со претставници на администрацијата изразувал противење. Сепак, досега овие несогласувања остануваа скриени од јавноста. Само неколку часа откако Трамп и неговата партија претрпеа тежок пораз, Венс јасно стави до знаење дека одлуката за влегување во војна ја смета за очигледен политички гаф. „Ако некој сака да тврди дека тоа вредело – дека вредело да се изгуби Сенатот во следните шест години – нека излезе и нека го каже тоа. Нека тврди дека тоа била цена што вредело да се плати. Без разлика дали се согласуваме или не, тоа е барем искрен став“, изјави Венс. Би-Би-Си забележува дека станува збор за настан без преседан во поновата американска политичка историја; ретко може да се најде пример каде што актуелен потпретседател толку отворено и остро се спротивставува на претседателот во однос на некој клучен потег во надворешната политика. Потоа следеше можеби уште поголемо изненадување: самиот Трамп – кој вообичаено бара безусловна лојалност од своите соработници – се согласи со Венс дека војната, во голема мера, го одредила исходот од изборите. Тој додаде дека, во истата ситуација, „повторно би го направил истото“. Трамп не чувствува лутина: „Знаев што правам“ Според анализа на Би-Би-Си, реакцијата на Трамп е ран показател дека претседателот можеби ќе му остави значителен простор за маневар на Венс, доколку тој одлучи да се кандидира за претседател. „Знам што мисли тој за тоа. Мислам дека тоа е во ред“, им рече Трамп на новинарите кога го прашаа за изјавата на Венс. „Знаев што правам кога се впуштив во тоа; ги спречивме да дојдат до нуклеарно оружје, и тие никогаш нема да го имаат.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоПроменливо облачно,со температура од 8 до 15 степениПроменливо облачно, во источните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени. Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ До недела ќе се задржи стабилно време со сончеви периоди. За време на викендот утринската температура наместа ќе се спушти под нулата, а по одделни котлини ќе има појава на утринска магла. Во почетокот на следната седмица ќе има услови за слаб локален дожд.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00