Изгоре погон на поранешна фабрика за текстил во Радовиш,неколку пожарникари се здобиле со полесни изгореници - Канал 5

Изгоре погон на поранешна фабрика за текстил во Радовиш,неколку пожарникари се здобиле со полесни изгореници

Голем пожар избувна вчеравечер во Радовиш во кругот на поранешен „Декортекс“.

Изгоре погон на поранешна фабрика за текстил во Радовиш,неколку пожарникари  се здобиле со полесни изгореници

Според информациите оттаму горат погони и машини, а пожарот избувнал доцна попладнeто.

На социјалните мрежи веќе се споделуваат снимки од густ чад и пламен што се издига над објектот, додека денеска се очекува повеќе детали да соопштат надлежните институции и противпожарните служби.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Акциска контрола на подрачје на СВР Битола, санкционирани 80 мотоциклисти и 10 возачи на електрични тротинети

На 13.06.2026 во периодот од 16:00 до 22:00 часот на подрачјето на СВР Битола беше спроведена акциска контрола за санкционирање на прекршоци кои ги прават возачите на велосипеди, мотоцикли, трицикли, четирицикли и електрични тротинети. 

Акциска контрола на подрачје на СВР Битола, санкционирани 80 мотоциклисти и 10 возачи на електрични тротинети

Притоа, биле констатирани вкупно 80 прекршоци кои ги прават моторциклистите, од кои 44 за неносење на заштитна кацига-шлем, пет прекршоци за управување под дејство на алкохол, седум мерки за измината важност на сообраќајна дозвола, две мерки за измината важност на осигурителна полиса и 22 мерки за останати прекршоци. Додека, 10 мерки се преземени за возачите на електрични тротинети.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче од Карбинци: Тотален колапс во земјоделството - нема откуп, нема пари, субвенциите се намалени

Тотална негрижа од страна на Владата за сите проблеми со кои што земјоделците се соочуваат, вели претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Филипче од Карбинци: Тотален колапс во земјоделството - нема откуп, нема пари, субвенциите се намалени

Денеска сме во посета на општина Карбинци каде што разговараме со земјоделците од сите од сите сфери на земјоделството. Едноставно нема некој дел од земјоделството а да нема проблем. Ваков колапс на системот до сега во изминатите 30 и повеќе години во државата немало.

Тотална негрижа од страна на Владата за сите проблеми со кои што земјоделците се соочуваат.

Прво зголемени трошоци за производство, цени на ѓубриво, на вода, на работна рака, неисчистени канали, земјата нема од каде да се наводнува, а има систем кој што е поставен и кој што е поврзан со системот на а езерото Калиманци. Понатаму, немање доволна сума на пари за субвенции. Вкупната сума на субвенции е намалена за 40 милиони евра, освен што е намалена не се исплаќаат,, субвенциите доцнат. И тоа важи исто така за секој сектор во земјоделието како за производство на тутун, како за сточарите, млекопроизводителите, производителите на ориз.

Ланската година го видовме, сега оваа година повторно исто ќе биде со лозарите. Луѓето не можат да врзат крај со крај. Освен што се ниски субвенциите, освен што се доцни со исплата на субвенциите, откупните цени се страшно ниски. На млекото откупната цена е намалена за 30% од 36 на 23/24 денари. На оризот практично преполовена под 20 денари. А ниту оризo производителите, ниту производителите на млеко немаат каде да го пласираат своето производство. Едноставно откупните центри се фокусирани затоа што тоа државата им го дозволува да купуваат евтини репро материјали од странство и на тој начин никако не се штити домашното производство.

Значи ваков колапс и ваква негрижа немало никогаш во земјата. Огромни трошоци за производство, намалени субвенции, каснење на субвенциите, намалени откупни цени и немање откуп. Јас мислам дека оваа ситуација единствено нешто во однос на млекопроизводителите со што може да заврши, поради тоа што ќе останат тони и тони млеко кое што нема кај да се пласира, а државата не води сметка да им помогне на луѓето, едноставно да го истурат на улиците.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Четири меѓународни културни и спортски настани викендов во Куманово

Во текот на викендот, во Општина Куманово успешно беа реализирани четири значајни меѓународни културни и спортски настани, кои привлекоа голем број посетители, учесници и гости од земјата и регионот.

Четири меѓународни културни и спортски настани викендов во Куманово

Мото клуб „Мечки“ го организираше традиционалниот Мото рок фестивал, кој се одржа на спортскиот аеродром Аџи Тепе. Во текот на дводневната програма настапија повеќе музички бендови, а фестивалот го посетија над 10.000 посетители од Куманово, Македонија и соседните земји.

Балетското студио „Денс студио Ултра“ од Куманово организираше концерт и танцов перформанс под наслов „Primitive Science“, претставувајќи богата и разновидна програма пред преполната сала во Националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово.

Во организација на Карате клуб „Башкими 2002“ се одржа првиот Меѓународен карате турнир, на кој учество зедоа голем број клубови и натпреварувачи од сите возрасни категории од Македонија и земјите од регионот. Турнирот се реализираше во спортската сала во Куманово.

На градскиот плоштад се одржа и Шестиот меѓународен боксерски турнир „Мирослав Петровиќ“, на кој настапија спортисти од 13 држави: Македонија, Србија, Словенија, Албанија, Бугарија, Турција, Унгарија, Романија, Молдавија, Италија, Германија, Белгија и Казахстан. Турнирот привлече бројна публика и љубители на боксот, создавајќи атмосфера која потсети на богатата спортска традиција на Куманово.

Одржувањето на овие настани уште еднаш ја потврди улогата на Куманово како значаен регионален центар за културни и спортски манифестации, кои придонесуваат за промоција на градот, развој на спортот и културата и зајакнување на меѓународната соработка.

Сите настани се во рамки на годишната програма за култура и спорт на Општина Куманово, финансиски поддржани од Општината, Општинскиот сојуз на спортови, Министерство за култура и Министерство за спорт.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер