Унгарец во повеќе торби сокрил девизи, Царината спречи обид за нелегален внес на 200.000 евра на Табановце
1Унгарец во повеќе торби сокрил девизи, Царината спречи обид за нелегален внес на 200.000 евра на Табановце
3Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
Други спортовиИзедначена борба на врвот за малезиската тркаСветското првенство на Red Bull Air Race се сели во Путраџаја, Малезија 17-18.05.2014., со Ханс Арх и Пол Боном изедначени во борбата за примат. Ханс Арх од Австрија и Пол Боном од Британија ќе го продолжат своето вжештено ривалство за примат во светското првенство на најтоплата трка од сезоната во 2014, кога Red Bull Air Race ќе слета за прв пат во Путраџаја, Малезија. Арх е шампионот од 2008 година, кој на претходната трка во Ровињ, Хрватска, го победи актуелниот првак за дел од секундата, откако претходно Боном на сличен начин триумфираше на отворањето на сезоната во Абу Даби. Јапонецот Јошихиде Муроја со нетрпение ја очекува првата трка во Азија откако во Ровињ го освои првиот подиум во кариерата пласирајќи се на третото место. Мат Хол од Австралија е убеден дека со трка во неговиот дел од светот ќе може да ги покаже квалитетите на поранешен борбен пилот во државната авијација, откако на првите две трки имаше допири до воздушните порти низ кои авионите поминуваат. Канаѓанецот Пит Меклиод беше трет во Абу Даби, па на оваа трка ќе мора да се докаже уште еднаш за да го задржи третото место во генералниот пласман. Разликите меѓу пилотите во 2014 година се мошне мали, бидејќи сите дванаесетмина користат стандардизиран мотор и пропелер. Во Ровињ, конкуренцијата беше жестока и беше забележан рекорден број на допири на воздушните порти. Во мај во Путраџаја температурите што ги очекуваат пилотите надминуваат 30 степени Целзиусови, а се смета дека оваа трка ќе биде една од врвните точки во сезоната. Локацијата е јужно од главниот град Куала Лумпур и е изградена во 1990 година. Градот е посветен на одржлив развој и го претставува созревањето на Малезија. Малезискиот пилот Халим Отман ќе учествува во Купот на предизвикувачите, со што поранешниот „топ ган“ пилот на оваа држава ќе има шанса да ги развие своите вештини во летање на ниска височина во тркачки услови, што ќе биде посебен настан од главната трка. Во Red Bull Air Race пилотите ќе се натпреваруваат против часовникот додека навигираат со авионите на слалом патеката од воздушни порти, колку што можат побрзо! Притоа се постигнуваат брзини од 370 километри на час, а се искусуваат и до 10 пати поголеми гравитациски сили при тесните свиоци на патеката. Генерален пласман: 1. Ханс Арх (Австрија) 21 поен, 2. Пол Боном (Англија) 21, 3. Пит Меклиод (Канада) 12, 4. Јошихиде Муроја (Јапонија) 7, 5. Мат Хол (Австралија) 7, 6. Николас Иваноф (Франција) 5, 7. Мартин Сонка (Чешка) 5, 8. Најџел Лемб (Австралија) 5, 9. Матијас Долдерер (Германија) 5, 10. Кирби Чемблис (САД) 0.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаУнгарец во повеќе торби сокрил девизи, Царината спречи обид за нелегален внес на 200.000 евра на Табановце Спречен обид за нелегално внесување на непријавени девизи во висина од 200 илјади евра, откако унгарски државјанин на влез во државава, на граничниот премин Табановце, спротивно на закон не ги пријавил кај царинските службеници.Поради постоење сомнеж, возилото било селектирано за контрола и извршен е детален преглед при што помеѓу менувачот во ташна била пронајдена црна платнена торбичка со девизни средства во вкупен износ од 65.000 евра. При понатамошниот преглед во ранец кој се наоѓал на задното седиште била пронајдена мала црна торбичка која била покриена со компјутер во која имало 37.650 евра. Во куфер кој исто така се наоѓал на задното седиште, помеѓу гардеробата била пронајдена уште една црна торбичка со 97.350 евра. Од вкупно пронајдените непријавени парични средства во износ од 200.000 евра на патникот му се вратени 10.000 евра согласно Законот за девизно работење, додека останатите 190.000 евра се задржани со Потврда за задржани средства. Против сторителот е поднесена соодветна прекршочна пријава, соопшти Царинската управа. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаШверцувале цигари и лекови, цариник им давал информации за контролите: Осум лица под истрагаОсум лица се осомничени за шверц на цигари и нелегална трговија со лекови по вчерашната акција на полицијата и ОЈО ГОКК. Меѓу нив има и царински службеник но двајца се во бегство. Од 2024 до 2026 година, првоосомничениот криумчарел непријавени цигари, избегнувајќи царинска контрола. Според ОЈО ГОКК, во тоа му помагал и царински службеник, кој го информирал за смените и засилените контроли, овозможувајќи непречено пренесување на цигарите. На товар им се ставаат повеќе кривични дела како криумчарење, избегнување на плаќање акциза, давање и примање поткуп. Дел од истрагата се однесува и на нелегална трговија со лекови и други производи. -Првоосомничениот и третоосомничениот се осомничени дека неовластено увезувале, складирале и нуделе на продажба лекови, како и производи за подобрување на сексуалната функција и потенцијата. При претресите биле пронајдени поголеми количини препарати наменети за третман на дијабетес, срцеви и кардиоваскуларни заболувања. Како и антибиотици, кортикостероиди, хормонски препарати, инсулини, антикоагуланси и бензодиазепини. Пронајдени се и други производи за подобрување на сексуалната функција и потенцијата во форма на таблети, гелови, пасти, мед и чоколади.- ОЈО ГОКК Акцијата произлегла од анализата на мобилниот телефон на првоосомничениот, одземен при претрес во јануари, кога во неговиот дом биле пронајдени цигари и поголема сума пари во различни валути. Сега му се става на товар и перење пари. При вчерашните претреси кај првоосомничениот се пронајдени над 86 илјади евра и 16 златни плочки, скриени во сефови во неговиот дом, а во возилото биле пронајдени уште околу 7 илјади евра. -Со преземените дејствија е причинета штета на Буџетот на државата по основ на избегнати царински давачки, акциза и данок на додадена вредност во значителен износ. Истовремено, со неовластеното пуштање во промет на лекови и други средства за лекување без потребните одобренија, упатства и лекарски рецепт, била создадена опасност по животот и здравјето на луѓето.- ОЈО ГОКК За тројца осомничени обвинителството бара притвор, а за тројца други мерки мерки на претпазливост. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДизелот поскапе за 5,5 денари – дали владините мерки ќе го спречат ценовниот шок? Намаленото ДДВ на дизелот ќе го ублажи ценовниот шок, но нема целосно да го реши проблемот со високите цени на горивата, оценува поранешниот министер за финансии Кирил Миноски. По новото поскапување на дизелот од 5,5 денари, тој посочува дека просторот за дополнителни интервенции на државата е ограничен, а доколку се носат нови мерки смета дека тие треба да бидат временски ограничени и насочени кон најпогодените граѓани и сектори. Поссочува дека секоја нова интервенција да се прави врз основа на темелни анализи на трошоците и ефектите, со цел да не се создеаде потреба од нови дополнителни задолжувања. - Секако дека овие намалувања во делот на ДДВ-то ќе помогнат во ублажувањето на овој ценовен шок, меѓутоа клучно е дека едноставно треба да се види каква е состојбата со буџетот, кои се расположливите средства и доколку се планираат мерки, тие мерки треба да имаат пред сè времен карактер. Затоа што на долг рок повторно цената ќе треба да ја платат граѓаните, заради тоа што мерките ќе треба да се финансираат од некакво задолжување или од средства коишто во моментот доколку ги нема државата, ќе треба да се обезбедуваат преку зголемување на долгот.- Кирил Миноски – поранашен министер за финансии Миноски предупредува доколку надворешниот ценовен шок потрае, ефектите нема да останат само на бензинските пумпи. Повисоките трошоци за енергенси веќе се прелеваат и врз храната, превозот и комуналните услуги..Иако Македонија не може да произведува нафта и нафтени деривати, вели дека постои можност да се намали зависноста од увоз, во обласите каде што има услови за сопствено производство... -Македонија треба да размислува на обезбедување на сопствената енергетска независност и независност во поглед на производство на храна. Ние не можеме да произведуваме нафта и нафтени деривати, меѓутоа она што можеме да го произведуваме треба да настојуваме да станеме самодоволни во оние сегменти кај што реално имаме предуслови тоа да го правиме. На тој начин се обезбедува и суверенитетот и независноста на државата и се отвораат перспективи за ублажување на овие екстерни шокови.- Кирил Миноски – поранашен министер за финансии Заменик-министерот за економија Марјан Ристески пак, споредувајќи ги цените со земјите од регионот, посочува дека Македонија и натаму има најниски цени на горивата. Ристески вели дека додека бензинот 95-ка во Грција се продава за 129, а во Албанија за 126, кај нас чини 99 денари за литар...Посочува и дека дизелот кај нас чини 104,5 денари, во Албанија дури 40% повеќе или 147 денари. Според него, ваквата разлика е резултат на владините мерки за намалување на ДДВ-то и акцизите. Министерката за енергетика Сања Божиновска, вчера нагласи дека доколку ситуацијата со цените на нафтените деривати ескалира, Владата ќе ги разгледа сите расположливи механизми за ублажување на ценовниот удар врз граѓаните.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter