Избори на северот на Косово - Канал 5

Избори на северот на Косово

Во четири општини на северот на Косово, Северна Митровица, Лепосавиќ, Звечан и Зубин Поток, утре се одржуваат вонредни локални избори, откако во ноември минатата година, градоначалниците од Српската листа поднесоа оставки.

Избори на северот на Косово

Претседателката Вјоса Османи ги повика граѓаните од северот, каде живее мнозинско српско население, да го искористат своето право на глас.

-Со гласањето, ќе се погрижите вашите избрани претставници директно да се занимаваат со прашањата кои влијаат на вашите животи и да создадат перспектива за сите вас. Учеството на изборите значи подобар живот за сите вас, порача Османи.

Српскиот претседател Александар Вучиќ оцени дека „не повеќе од сто Срби кои всушност живеат таму“ ќе учествуваат на специјалните избори во четири општини на северот на Косово.

-Да се спроведуваат избори во полициски контејнери, полициски станици? Вкупно 550 “до заби” вооружени луѓе кои треба да ги обезбедуваат 1 или 2 отсто од оние кои ќе излезат на избори? Јас затоа ги повикувам Србите да ги разочараме уште повеќе, да видат колку сме обединети. И да видат дека не можат да не згазат. – Александар Вучиќ – Претседател Р. Србија

Европската Унија оценува дека одржувањето на избори во мирни услови на северот на Косово е од суштинско значење и ги повикува сите страни на воздржаност, соопшти портпаролот на ЕК, Петер Стано.

Изборите се одржуваат откако во ноември минатата година, градоначалниците од Српската листа поднесоа оставки. Оваа најголема партија на косовските Срби сега одбива да учествува на изборите со образложение дека не се исполнети нивните услови за враќање во косовските институции - формирање Заедница на општини со српско мнозинство и повлекување на специјалните единици на Косово од општините на северот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Силен земјотрес ја потресе Камчатка

Земјотрес со јачина од 6,5 степени според Рихтеровата скала е регистриран на Камчатка, а во некои области се почувствувани потреси со интензитет до пет степени, соопшти денеска руското Министерство за вонредни ситуации. 

Силен земјотрес ја потресе Камчатка

Во одредени делови на Петропавловск-Камчатски, како и во Уст-Камчатскиот и Алеутскиот округ, се почувствувани потреси со интензитет до четири степени, додека во окрузите Виључинск и Јелизово интензитетот достигнал пет степени, се наведува во соопштението објавено на платформата „Макс“.

Според податоците на огранокот на Камчатка при Геофизичката служба на Руската академија на науките, епицентарот на земјотресот бил на копно, во округот Јелизово, на 138 километри југоисточно од селото Уст-Болшерецк, на длабочина од 128 километри.

Службите за итни случаи не добиле никакви повици поврзани со земјотресот, а не е издадено ниту предупредување за цунами.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Се градат два гасоводни интерконектори со што драматично ќе се зголеми гео-стратешкото значење на Македонија

Во овој момент како никогаш до сега, се градат два гасоводни интерконектори, едниот со нашиот јужен сосед, другиот со нашиот северен сосед.

Мицкоски: Се градат два гасоводни интерконектори со што драматично ќе се зголеми гео-стратешкото значење на Македонија

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на гасификацијата до каде е процесот, кој ќе биде бенефитот за граѓаните и кога може да се очекува да заврши, изјави:

„Во овој момент како никогаш до сега, се градат два гасоводни интерконектори, едниот со нашиот јужен сосед, другиот со нашиот северен сосед. Едниот очекувам да биде синхронизиран и пуштен во употреба до крајот на првата половина од следната година, а другиот очекувам до крајот на 2028 година да биде целосно синхронизиран. Со што драматично, кога велам драматично, драматично ќе се зголеми гео-стратешкото значење на Македонија како земја, а од друга страна, овие два гасоводи ќе значат можност за инвеститори коишто би сакале да инвестираат во производни капацитети на електрична енергија коишто го користат гасот како погонско гориво. Но тоа ќе значи и можност за нас, кога ќе стане збор за реконструкција и модернизација на термоелектраните коишто користат јаглен како погонско гориво, да можеме да направиме конверзија на гас и така да ги зачуваме работните места и така да ги зачуваме тие објекти да продолжат да произведуваат.“

Во однос на конверзијата, кога ќе се случи тоа, претседателот Мицкоски додаде:

„Па тоа веќе трае, АД ЕСМ веќе разговара со Светска банка и мислам дека многу скоро ќе имам многу убави вести за тој проект.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трибина „ВИ или автентична филмска креација“ и мастерклас на Емин Алпер денеска на Киненова

Трибина „ВИ или автентична филмска креација“ и мастерклас на Емин Алпер денеска на Киненова: Никогаш не одам неподготвен на снимање.

Трибина „ВИ или автентична филмска креација“ и мастерклас на Емин Алпер денеска на Киненова

Филмот „Зад ридовите“ на Емин Алпер годинешниот лауреат на МФФ Киненова вчера имаше проекција на фестивалот бидејќи тоа е негов прв филм, а денеска на мастерклас со студентите на ФДУ повторно проговори за него.

-Јас филмот не сум го гледал од 2016 година и се сеќавам на секој детал што го снимив и на сите сцени што беа снимени, но од оваа преспектива би сменил нешто во кинематографијата, во ликовите итн. Времето за снимање беше многу кратко и ги снимавме само неопходните кадри и немав време да пробам нови агли на снимање. Со кинематограферот имавме голема караница, бидејќи немаше контраст. Во сите нои други филмови се трудам да го доловам контрастот меѓу денот и ноќта, но во овој го немам бидејќи имав караница со кинематограферот. И токму тоа беше предмет на караницата, рече Алпер.

Пред студентите денеска тој говореше за значењето на копродукциите и пичингот на големите фестивали за еден филм и дека и самиот тоа доцна го сфатил бидејќи во минатото сметал дека тоа не му е потребно, но подоцна сфатил дека е корисна секоја сугестија, секоја критика и секој вид на помош кога работите на филм.

Поразговара и за снимањето серии на кои работел во Турција и рече дека никогаш не оди не подготвен на сет. Секогаш се подготвува пред снимањето и токму затоа му било тешко кога го снимал „Зад ридовите“ бидејќи бил ограничен и со буџет и со снимачки денови.

Во продолжение на програмата на МФФ Киненова денеска се одржа и трибина на тема ВИ или автентична филмска креација? на која студентите разговараа за дилемите по ова прашање со Емин Алпер, Гоце Цветановски и Дејан Илиев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер