Ивановски се пласира во второто коло на Челинџерот во Јокохама - Канал 5

Ивановски се пласира во второто коло на Челинџерот во Јокохама

Калин Ивановски ја продолжи серијата победи и утрово во мечот од првото коло на Челинџер 75 турнирот во Јокохама го совлада Зизу Бергс од Белгија со 2:1, по сетови 6:1, 5:7 и 6:2 за 2 часа и 10 минути игра.

Ивановски се пласира во второто коло на Челинџерот во Јокохама

Победата на Ивановски е многу вредна ако се знае дека Бергс е на 152. место на АТП листата и на овој турнир дојде како победник на Челинџерот во Друмондвил, што значи дека е во добра форма.

Македонскиот тенисер имаше еден ас повеќе (5:4), но за одбележување е и тоа дека немаше ниту една двојна сервис грешка (0:4). Исто така направи пет брејка од 10 можности, додека Бергс имаше 2 од 9 што значи дека Ивановски успеал да спаси седум брејк топки.

Во второто коло Ивановски ќе игра против шестиот носител Лука Нарди од Италија (20 год., 118 АТП ранг), кој во првото коло го совлада Јун Сеонг Чунг „среќен губитник“ од Јужна Кореја. Почетокот на мечот е утре во 02:30 часот по македонско време (10:30 по локално време).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Барселона подготвува втора понуда за најдобриот фудбалер од Мундијалот, Родри

Каталонскиот гигант Барселона се подготвува да ги засили напорите за ангажирање на играчот од средниот ред на Манчестер Сити, најдобриот фудбалер од Мундијалот,  Родри, и подготвува втора понуда. 

Барселона подготвува втора понуда за најдобриот фудбалер од Мундијалот, Родри

Актуелните шпански шампиони се надеваат дека ќе го обезбедат потписот на освојувачот на Светското првенство во наредните денови.

Новата понуда на Барселона изнесува 60 милиони евра, а на Родри му преостанува уште една година од договорот со Манчестер Сити.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Здружение на оштетени штедачи на ЕСБ: Еуростандард банка, шест години подоцна: дали обвинението конечно ќе ја отвори вистината?

На 12 август 2026 година се навршуваат шест години од затворањето на Еуростандард банка - денот кога илјадници граѓани, пензионери, фирми и здруженија останаа без пристап до своите пари и беа втурнати во долга правна, финансиска и институционална не

Здружение на оштетени штедачи на ЕСБ: Еуростандард банка, шест години подоцна: дали обвинението конечно ќе ја отвори вистината?

По години молк, бавно постапување и незадоволство кај оштетените штедачи, случајот конечно добива нова тежина со поднесеното обвинение против поранешните раководни лица на банката - Трифун Костовски, Коста Костовски, Николче Петкоски и Зоран Николовски. Обвинението повторно ги отвора прашањата што јавноста ги поставува со години: како се одобрувале кредитите, на кого, со какво обезбедување, кој ги контролирал ризиците и кој дозволил банката да стигне до стечај?

Според објавените информации, обвинението се однесува на одобрување кредити на кредитно неспособни и поврзани правни лица, без соодветни анализи и обезбедување, и со прикривање на реалната финансиска состојба и ризиците. Наведената штета за доверителите изнесува над 1,66 милијарди денари, односно околу 27 милиони евра.

Поднесувањето на овој обвинителен акт во Основниот кривичен суд Скопје е само почеток на правната битка. Јавноста сега очекува брза, транспарентна и ефикасна судска завршница, каде фокусот нема да биде само на затворските казни за виновниците, туку и на целосна конфискација на имотот со цел максимално обесштетување на сите жртви на овој епски банкарски колапс.

Ова веќе не е само приказна за една пропадната банка. Ова е приказна за довербата во финансискиот систем, за одговорноста на оние што управувале, надгледувале и одлучувале, но и за институциите кои морале навремено да реагираат.

Прашањето денес не е само кој ја доведе Еуростандард банка до стечај. Прашањето е зошто беа потребни шест години за вистината да почне да излегува на површина.

Оштетените граѓани и фирми не бараат милост. Тие бараат вистина, одговорност и правда.

Случајот Еуростандард банка останува тест за државата: дали правдата ќе оди до крај, или и овој случај ќе остане уште една болна приказна во која времето ја покрива одговорноста.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пијано вечер на „Охридско лето“ со кинескиот уметник Сихенг Сонг

Во црквата „Света Софија“  вечерва од 21  часот целовечерен концерт  на „Охридско лето“ ќе одржи кинескиот пијанист Сихенг Сонг.

Пијано вечер на „Охридско лето“ со кинескиот уметник Сихенг Сонг

Сонг е роден во Шангај во 1981 година и се смета зa еден од најдобрите пијанисти на неговата генерација. Студирал во Франција на Високата школа за музика во Париз во класата на Маријан Рубицки, а откако се стекнал со диплома за концертен пијанист, продолжува да студира на Парискиот конзерваториум со Оливие Гардон и приватно се усовршува со Доминик Мерле.

Добитник е на награди на Меѓународниот натпревар во Мароко, „Висеу“, на натпреварот во Португалија, на конкурсот „Гран при Анимато“, како и на натпреварите во Лидс и во Даблин. Тој е прв победник од кинеска националност на престижната награда на конкурост „Лонг-Тибо“ во 2004 година. Овие признанија му носат на Сихенг Сонг бројни можности за настапи низ целиот свет, и тоа во: Токио, Сеул, Пекинг, Шангај, Париз, Берлин и Њујорк. Настапува на фестивалите „Рок Антерон“ во Франција, фестивалот во Рур, Германија, Фестивалот „Бетовен“ во Бон, и фестивалот во Душники во Полска. Како солист со оркестар настапува со голем број оркестри во Франција, како и со оркестрите во Монте Карло, со Оркестарот „Хале“ во В. Британија, со Камерниот оркестар во Виена, со Кинеската филхармонија, со Филхармонијата во Хонг Конг и Новата jапонска филхармонија.

Сихенг Сонг бил член на жирија на повеќе натпревари, а бил и најмлад резидентен уметник на Шангајскиот Гранд театар. Од 2010 година тој започнува со нов тип на концерти во кој го комбинира стандардниот рецитален формат со мултимедија и досега има направено 5 такви проекти во кои прави спој на музиката и театарот, уметноста и литературата што придонесува кон доближување на класичната музика кон публиката на 21 век.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер