Иванка Трамп во секси издание пред светските лидери во Њујорк (ФОТО) - Канал 5

Иванка Трамп во секси издание пред светските лидери во Њујорк (ФОТО)

Ќерката на американскиот претседател Доналд Трамп , Иванка , се појави на Генералното собрание на Обединетите нации во тесна кошула и без градник.

Иванка Трамп во секси издание пред светските лидери во Њујорк (ФОТО)

Ќерката на американскиот претседател и негова советничка Иванка Трамп, деновиве има преполн распоред. Викендот го помина во Италија , каде со сопругот Џерад Кушнер беше гостин на венчавката на познатата дизајнерка Миша Нону и нејзиниот избраник Мики Хес.

Во неделата тие веќе патуваа кон Њујорк каде се одржува Генералното собрание на Обединетите нации , каде нејзиниот татко ќе биде главната ѕвезда.

Иако се мислеше дека полниот распоред ќе остави траги од умор кај Иванка, се случи спротивното. Таа блесна во салата со широка насмевка и со облека неприкладна за собир на светските лидери.

Советничката на Трамп на самитот облече здолниште од Прада со 3Д цветни апликации , кое чини 2130 долари и свилена сина кошула.

Но , многумина не можеа а да не забележат еден детал. Заборавила да облече градник. Американските медиуми се шегуваа со Иванка и кажаа дека била премногу возбудена што се нашла во ОН , додека посериозните поставија прашање дали комбинацијата е соодветна за ваков настан.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Макс Верстапен верен на Ред Бул до 2030 година

Четирикратниот светски шампион во Формула 1 Макс Верстапен стави крај на сите шпекулации околу неговата иднина и денеска потпиша нов договор со тимот на Ред Бул до 2030 година.

Макс Верстапен верен на Ред Бул до 2030 година

Претходниот договор на „лудиот Макс“ истекуваше во 2028 година, но во изминатиот период многу се шпекулираше за негов трансфер во Ферари, Мерцедес, па дури и за предвремено пензионирање на холандскиот возач.

На крајот, Ферстапен сепак се реши да остане во Ред Бул и да се обиде да го врати овој тим на тронот на Формула 1.

„Ги имаме најдобрите луѓе овде и возбуден сум што ќе продолжиме да работиме заедно, да се вратиме на врвот. Тоа е целта што е зацртана пред сите нас. Отсекогаш сум велел дека ова е моето второ семејство, од првиот ден се чувствувам како дома. Дојдов во овој тим за да поедувам на трки и да освојувам трофеи, она пто го остваривме досега е неверојатно, но сакаме да се вратиме на тие победнички патеки што поскоро“, изјави Верстапен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сабаленка доживеа шокантна елиминација, ја губи првата позиција на ВТА листата?

За првиот рекет во светот, Арина Сабаленка, настапот на турнирот од серијата WTA 1000 во Синсинати заврши неочекувано брзо.

Сабаленка доживеа шокантна елиминација, ја губи првата позиција на ВТА листата?

Белорусинката е поразена во осминафиналето од Чехињата Сара Бејлек со 7-6, 6-4, со што се отвори можност за промена на врвот на WTA-листата.

Арина која во претходното коло убедливо ја совлада Кинезинката Ванг Синју, не успеа да го пронајде својот ритам во дуелот против 35-тата тенисерка во светот.

Сабаленка испушти значителна предност во двата сета; таа водеше со 5-1 во тај-брејкот од првиот сет и имаше предност од 4-1 во вториот, но Бејлек одигра многу подобро во завршниците од двата сета и ја обезбеди победата.

„Немам зборови... Неверојатно е“, изјави Бејлек откако ја оствари првата победа во кариерата против високорангирана тенисерка. Во четвртфиналето таа ќе се соочи со Американката Медисон Киз.

Овој пораз за Сабаленка доаѓа пред почетокот на УС Опен, кој стартува на 30 август. Со тоа, четирикратната гренд-слем шампионка продолжува со серијата слаби резултати, по елиминациите во осминафиналето во Торонто и на Вимблдон, како и во четвртфиналето на Ролан Гарос.

Поразот на Сабаленка директно влијае врз борбата за првото место на ВТА-листата; Елена Рибакина сега има шанса да стане новата светска тенисерка број еден доколку стигне до финалето на турнирот во Синсинати.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дончиќ подготвува луксуз за своите соиграчи од Лејкерс: приватен авион, Блед, риболов, голф...

 Словенечката НБА ѕвезда, Лука Дончиќ ќе биде домаќин на речиси целиот тим на Лос Анџелес Лејкерс за време на петдневниот собир во Словенија, а за своите соиграчи подготви посебна програма што оди далеку надвор од кошаркарскиот терен.

Дончиќ подготвува луксуз за своите соиграчи од Лејкерс: приватен авион, Блед, риболов, голф...

Според информациите од ESPN, Дончиќ организирал лет со приватен авион за 14 лица, а по пристигнувањето, играчите ќе ги пречекаат пакети подароци со словенечки производи.

Собирот ќе се одржи од 20 до 24 август во Љубљана, а целта е тимот да почне да гради меѓусебна хемија пред сезоната 2026/27.

Покрај заедничките тренинзи, Дончиќ ќе ги одведе соиграчите во еден од неговите омилени ресторани, а планирани се и излет на Блед, риболов, голф и бројни други заеднички активности.

Речиси целиот состав на Лејкерс ја прифати поканата на Дончиќ. Се очекува да се вратат 16 од неговите 17 соиграчи, вклучувајќи ги Остин Ривс, Вокер Кеслер и Брони Џејмс. Сандро Мамукелашвили би требало да му се приклучи на тимот одделно, бидејќи моментално се наоѓа во Грузија.

Единствениот што нема да биде во Словенија е дебитантот Кем Кар, но не по сопствена одлука. Во истиот период, тој мора да присуствува на задолжителната НБА-ориентација за дебитанти во Соединетите Американски Држави.

Така, Дончиќ практично ќе биде домаќин на целиот тим на Лејкерс во својата земја и ќе се обиде да ги постави темелите за новата сезона, прва по заминувањето на Кралот,- Леброн Џејмс, преку петдневни тренинзи, дружење и активности надвор од теренот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер