Италијанското првенство ќе се игра пред празни трибини

Наредниот месец Серија А ќе се игра пред празни трибини , поради заразата со коронавирусот .

Според новата одредба на италијанската влада, сите спортови ќе се играат без публика до 3 април поради коронавирусот, вклучително и натпреварите од Серија А.

Повеќе од 3.000 луѓе се заразени со коронавирус во Италија, што е најголем број во Европа. Покрај тоа, 107 луѓе починаа до денеска.

Серија А изминатите две недели ги одложува натпреварите во првенството и во купот поради опасноста од ширење на заразата со коронавирус.

притисни ентер