Шоу бизИталијанскиот суд го отфрли случајот на оскаровецот, обвинет за сексуално злоставување Италијански судија одлучи дека нема основа за продолжување на истрагата против канадскиот оскаровец, режисер и сценарист Пол Хагис.Хагис бил приведен минатиот месец во Остуна, град во јужна Италија, под обвинение за сексуален напад и тешки телесни повреди. Холивуд репортер известува дека судијата во Лече ја донел одлуката во петокот, откако апелациониот суд пресудил во корист на Хагис и го отфрлил предлогот на обвинителот да се стави во домашен притвор за време на истрагата. Хагис, кој освои Оскар за сценариото за „Бебе од милион долари“ и добитник за најдобар филм за неговиот истоимен „Краш“, бил пријавен од млада жена чиј идентитет полицијата не го објавила. Девојката го обвинила дека ја принудил на секс во Остуна, каде Хагис дошол на филмскиот фестивал „Алора фест“. Според соопштението на италијанската полиција, жената на 19 јуни била однесена на аеродромот Папола Касале во Бриндизи и била оставена таму и покрај нејзината „неизвесна физичка и психичка состојба“. Таму ја пронашле вработени на аеродромот кои ѝ помогнале да стигне до полицијата, но и до болницата каде ѝ била укажана помош. Потоа доставила официјален извештај. Ова не е прв пат Хагис да се соочи со вакви обвинувања. Во 2018 година, публицистката Хали Брест го тужела, тврдејќи дека ја силувал во нејзиниот стан во Њујорк во 2013 година, а по нејзините наводи, уште три жени излегле со обвинувања за сексуално недолично однесување. Канаѓанецот потоа ги отфрлил сите тврдења, а судењето сè уште „виси во воздух“ откако било одложено поради коронавирусот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветСе урна таван во супермаркет во Јужна Кореја, десетици повредениНајмалку 38 лица се здобија со полесни повреди откако дел од гипсениот таван се урна во супермаркет во јужнокорејскиот град Даегу, соопштија денеска локалните противпожарни служби.Тие потврдија дека уште 66 лица биле евакуирани од објектот по уривањето, за кое било пријавено во 10:16 часот по локално време, пренесува „Јонхап“. „Девет лица се пренесени во болници на лекување. Иако постои можност бројот на повредени да се зголеми, итните служби на терен проценија дека е малку веројатно некој да се здобил со сериозни повреди“, изјави претставничката на противпожарната служба, Јун Џонг-ми. Кабинетот на јужнокорејскиот претседател Ли Џе-мјунг соопшти дека на официјалните лица им било наложено да вложат максимални напори за спасување на луѓето и да обезбедат детален и брз одговор на оваа несреќа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Здравје10 октомври - светски ден на менталното здравјеСветскиот ден на менталното здравје се одбележува секоја година на 10 октомври, со цел да се подигне свеста за значењето на менталното здравје и да се поттикнат активности за подобра поддршка на луѓето ширум светот.Овој ден е можност отворено да се зборува за психичките тешкотии, предизвиците со кои се соочуваат луѓето и потребата од достапна, навремена и соодветна грижа. Менталното здравје е важен дел од целокупното здравје, но и понатаму многу луѓе се соочуваат со предрасуди, недоволно разбирање и тешкотии при барањето стручна помош. Светскиот ден на менталното здравје ги обединува здравствените работници, институциите, организациите и заедниците во настојувањето психолошката поддршка да стане подостапна за сите. Тоа е можност да се претстават досегашните активности, но и да се укаже на она што сè уште треба да се направи за секој човек да може да добие соодветна помош, без оглед на местото каде што живее или неговите финансиски можности. Стресот, анксиозноста, депресијата, осаменоста и емоционалното исцрпување можат да влијаат врз секојдневниот живот, односите со блиските и работната способност. Затоа е важно да се препознаат знаците дека некому му е потребна поддршка и да се создаде средина во која луѓето ќе можат слободно да зборуваат за своите чувства и проблеми, без страв од осуда. Грижата за менталното здравје не треба да биде ограничена само на еден ден во годината. Разговорот со блиска личност, доволниот одмор, одржувањето здрави односи и барањето стручна помош кога е потребна се важни чекори кон подобра психолошка благосостојба. Пораката на Светскиот ден на менталното здравје е дека никој не треба да се соочува сам со своите тешкотии. Подигнувањето на свеста, намалувањето на стигмата и обезбедувањето достапна здравствена заштита се клучни за општество во кое менталното здравје ќе се третира со исто внимание и разбирање како и физичкото здравје.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Мастер планот на Филипче е пак да и се умилкува на Бугарија за така да дојде на властФилипче постојано повторува дека подобра преговарачка рамка немало. Но токму таа преговарачка рамка е она што ја држи државата заглавена пред вратата на ЕУ.Филипче препишува од тетратката на Румен Радев и на Петрова Чамова и ја повторува тезата дека бугарското барање е европска позиција а не билатерален спор. Потоа се жали по јавни настапи дека некој му го урнал угледот, никој не му го урнал ниту нему ниту на СДС, освен тие самите преку стабри здравство и марихуана економија. Па сега после сите капитулантски договори, Филипче најавува и нов мастер план. Мастер планот на Филипче е да дојде на власт по секоја цена, да им го исполни барањето на Бугарија со впишување Бугари во Уставот и да го заврши она што го почна Заев. Значи мастер планот кој го најавува вклучува нова отстапка на штета на националните интереси. А секако Филипче, како другар на Радев, сега молчи за моштите на Цар Самуил, и се обидува да ја префрли топката на историчарите. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо разговорот со Трамп, Путин ја отфрлил идејата за завршување на војната09:11Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20