МетеоПроменливо облачно, претпладне со сончеви периодиСпоред Управата за хидрометеролошки работи времето денес ќе биде променливо облачно, претпладне со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови ќе има повремени локални врнежи од дожд.МИНИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во 0С) 7 Берово, 9 Маврови Анови, 10 Попова Шапка, Битола, Охрид, Демир Капија, 11 Крива Паланка, Претор, 12 Скопје-Петровец, Струмица, Тетово, Крушево, Прилеп, Штип, Велес, Кавадарци, 13 Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Гевгелија, 14 Виница. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА Променливо облачно, претпладне со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Наместа ќе биде нестабилно со пороен и пообилен дожд, појава на грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 28 степени. Во Скопје, променливо облачно, попладне ќе има повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе достигне до 26 степени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Здравје10 октомври - светски ден на менталното здравјеСветскиот ден на менталното здравје се одбележува секоја година на 10 октомври, со цел да се подигне свеста за значењето на менталното здравје и да се поттикнат активности за подобра поддршка на луѓето ширум светот.Овој ден е можност отворено да се зборува за психичките тешкотии, предизвиците со кои се соочуваат луѓето и потребата од достапна, навремена и соодветна грижа. Менталното здравје е важен дел од целокупното здравје, но и понатаму многу луѓе се соочуваат со предрасуди, недоволно разбирање и тешкотии при барањето стручна помош. Светскиот ден на менталното здравје ги обединува здравствените работници, институциите, организациите и заедниците во настојувањето психолошката поддршка да стане подостапна за сите. Тоа е можност да се претстават досегашните активности, но и да се укаже на она што сè уште треба да се направи за секој човек да може да добие соодветна помош, без оглед на местото каде што живее или неговите финансиски можности. Стресот, анксиозноста, депресијата, осаменоста и емоционалното исцрпување можат да влијаат врз секојдневниот живот, односите со блиските и работната способност. Затоа е важно да се препознаат знаците дека некому му е потребна поддршка и да се создаде средина во која луѓето ќе можат слободно да зборуваат за своите чувства и проблеми, без страв од осуда. Грижата за менталното здравје не треба да биде ограничена само на еден ден во годината. Разговорот со блиска личност, доволниот одмор, одржувањето здрави односи и барањето стручна помош кога е потребна се важни чекори кон подобра психолошка благосостојба. Пораката на Светскиот ден на менталното здравје е дека никој не треба да се соочува сам со своите тешкотии. Подигнувањето на свеста, намалувањето на стигмата и обезбедувањето достапна здравствена заштита се клучни за општество во кое менталното здравје ќе се третира со исто внимание и разбирање како и физичкото здравје.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Мастер планот на Филипче е пак да и се умилкува на Бугарија за така да дојде на властФилипче постојано повторува дека подобра преговарачка рамка немало. Но токму таа преговарачка рамка е она што ја држи државата заглавена пред вратата на ЕУ.Филипче препишува од тетратката на Румен Радев и на Петрова Чамова и ја повторува тезата дека бугарското барање е европска позиција а не билатерален спор. Потоа се жали по јавни настапи дека некој му го урнал угледот, никој не му го урнал ниту нему ниту на СДС, освен тие самите преку стабри здравство и марихуана економија. Па сега после сите капитулантски договори, Филипче најавува и нов мастер план. Мастер планот на Филипче е да дојде на власт по секоја цена, да им го исполни барањето на Бугарија со впишување Бугари во Уставот и да го заврши она што го почна Заев. Значи мастер планот кој го најавува вклучува нова отстапка на штета на националните интереси. А секако Филипче, како другар на Радев, сега молчи за моштите на Цар Самуил, и се обидува да ја префрли топката на историчарите. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо разговорот со Трамп, Путин ја отфрлил идејата за завршување на војната09:11Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20
ЕвропаПо четири недели во ЕУ падна просечната цена на дизелот Просечната цена на дизелот на бензинските пумпи низ ЕУ малку се намали оваа недела, за девет центи на 2,15 евра за литар, по четири недели рекордни максимуми, според анализата на податоците на земјите-членки доставени до Европската комисија.Од сите земји-членки на ЕУ, само Кипар забележа нов неделен рекорд, во споредба со 12 минатата недела. Бројките вклучуваат даноци, кои варираат од земја до земја и сочинуваат 40 проценти од просечната цена на горивото во ЕУ. Тие не вклучуваат целни субвенции. Просекот во ЕУ се пресметува врз основа на потрошувачката на гориво во секоја земја-членка во 2024 година. Во февруари, пред нападот на САД и Израел врз Иран, просечната цена на дизелот во ЕУ беше 1,59 евра за литар. Цените на горивата оттогаш се зголемија, главно поради затворањето на Ормускиот теснец, низ кој минуваат околу 20% од светската нафта и гас, и блокадата на саудискиот извоз во Црвеното Море. Украинските напади врз руските рафинерии, исто така, придонесоа за ова. Притисокот беше донекаде ублажен од земјите од Г7, кои во петокот одлучија да ослободат 100 милиони барели дизел и сурова нафта од своите стратешки резерви. Ослободувањето ќе трае четири месеци. Тие, исто така, се согласија да не воведуваат забрана за извоз на дизел од страна на другите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter