3ВМРО-ДПМНЕ: ЈО по допрен глас да отвори случај за молкот на Филипче за загадената вода во Гостивар додека беше министер
Одлука што ќе предизвика негодување: Само Реал Мадрид им забрани на судиите да даваат телевизиски интервјуа за натпреварот
1Одлука што ќе предизвика негодување: Само Реал Мадрид им забрани на судиите да даваат телевизиски интервјуа за натпреварот
3Објавени се најпознатите „предвидувања“ на Баба Ванѓа- следбениците тврдат дека го знаела и крајот на светот
ФудбалИталијански навивачи оставија свинска глава пред седиштето на клуботИталијанскиот клуб Специја доживува голема резултатска криза.Минатата сезона испаднаа од елитното место, а оваа сезона изгледаат како кандидати за враќање во Серија Ц бидејќи по 13 кола го заземаат 18. место на табелата во Серија Б со само една победа. Ова ги принуди најжестоките навивачи на клубот на радикална форма на протест. Пред влезот во просториите на управата оставија свинска глава покрај транспарент со натпис: „Вашето време истече!“ Spezia fans have grown increasingly incensed with the team’s poor results this season and left a pig’s head outside the club’s headquarters alongside a banner reading ‘Times up!’.https://t.co/dRJAEJrqG1 #Spezia #SerieA #SerieB #Calcio — Football Italia (@footballitalia) November 16, 2023 Прва жртва на лошите резултати беше тренерот Масимилијано Алвини, кој доби отказ и го наследи Лука Д'Анџело, но навивачите ги гледаат луѓето на чело на Специја како одговорни за ситуацијата во клубот. По домашното реми против Тернана во последното коло, некои навивачи дури се обидоа да нападнат и членови на управата во шеснаесетникот, а јасно е дека претстојат црни денови за Специја.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Девојка на светска фудбалска ѕвезда во проѕирно од главата до петицитеАтрактивната Ешлин Кастро објави провокативни фотографии во фустан од тантела и доби многубројни комплименти за својот изглед.Девојката на ѕвездата на Реал Мадрид и Англија, Џуд Белингем, манекенката и инфлуенсерка Ешлин Кастро – со која тој е во врска две години – позираше во провокативно издание на последната фотографија објавена на Инстаграм и предизвика бројни реакции, главно позитивни. „Во последно време – само тантела“, напиша атрактивната Американка, која на фотографијата носи црн фустан од тантела, целосно проѕирен, што ги истакнува нејзините атрибути – особено во неколкуте пози во кои таа се покажа вешто и заводливо. Фустанот имаше тенки прерамки, а таа го надополни изгледот со впечатлив накит и фризура со крената коса во пунџа; набрзо потоа, објавата беше преплавена со коментари за нејзиниот изглед. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСтранските возачи преку safecountry.gov. mk moже го следат системот „Безбеден град“08:34Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05Втор ден возачите со странски таблички плаќаат сообраќајни казни на ГП Табановце15:16Прскање од авион против комарци, од 23 до 26 август теренско прскање11:05Активни пожари во мариовско, Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила08:54
Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05
ФудбалОдлука што ќе предизвика негодување: Само Реал Мадрид им забрани на судиите да даваат телевизиски интервјуа за натпреваротНа сите други стадиони во шпанската фудбалска Ла Лига, на судиите ќе им биде дозволено да водат кратки разговори со новинарите.„Сантијаго Бернабеу“ ќе биде единствениот стадион во Ла Лига каде што судиите нема да можат да даваат изјави пред и по натпреварите оваа сезона, пренесува „Спорт“ (SPORT). Причина за ова се ограничувањата што Реал Мадрид ги наметна во врска со телевизиските преноси, а кои не се во согласност со новиот протокол за транспарентност на Судиската комисија. На сите други стадиони во Ла Лига, на судиите ќе им биде дозволено да даваат кратки телевизиски интервјуа пред и по натпреварите. Техничкиот комитет на судиите во Шпанија потврди историски промени за сезоната 2026/2027. Новото правило предвидува судиите јавно да ги образложуваат своите одлуки донесени на теренот пред телевизиските камери, а се планира и јавно објавување на аудиоснимките од разговорите во ВАР-собата. Целта на оваа иницијатива е да се зголемат довербата и транспарентноста по низата контроверзии во изминатите години. Сепак, Реал Мадрид – чиј клупски телевизиски канал постојано упатува остри критики кон судиите – практично ја блокираше примената на овој модел на својот стадион. Оваа одлука несомнено дополнително ќе ја вжешти и онака напнатата атмосфера.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМакедонка осудена во Австралија за убиство Судот во Австралија ја осуди 51-годишната Македонка Милена Богојевска на осум години затвор, од кои шест без можност за условен отпуст, поради смртта на нејзината 85-годишна сосетка Лолин Вајтхенд. Богојевска се изјаснила за виновна за убиство од небрежност. Случајот го потресе Мелбурн во јули 2024 година. Богојевска ја задушила старицата, по што го ставила телото во кеса и го фрлила во реката Марибирнонг. Два дена подоцна, телото било пронајдено од рибар. Но, случајот не завршил со смртта на 85-годишната жена. По нејзиното убиство, Богојевска од домот на соседката однела пари, накит, банкарски картички и лични документи. Со дел од украдените средства купувала лотариски тикети, ваучери, чевли и „ipad“ уреди, при што потрошила речиси 4.000 австралиски долари. Судијката Џасинта Форбс остро го оценила нејзиното однесување, опишувајќи го како „опортунистичко, пресметано и себично“. Судот ѝ изрекол осумгодишна затворска казна, од која шест години ќе ги помине без право на условен отпуст.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСтранските возачи преку safecountry.gov. mk moже го следат системот „Безбеден град“08:34Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05Втор ден возачите со странски таблички плаќаат сообраќајни казни на ГП Табановце15:16Прскање од авион против комарци, од 23 до 26 август теренско прскање11:05Активни пожари во мариовско, Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила08:54
Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05