Мицкоски: Опозицијата седум години ја ограбуваше Македонија, а со нас денес е стабилна и во најголемата енергетска светска криза
2Мицкоски: Опозицијата седум години ја ограбуваше Македонија, а со нас денес е стабилна и во најголемата енергетска светска криза
ЗабаваИталијаните полудеа по секси сестрата на ѕвездата на Интер (фото)Неодамна за неа пишува и италијански Скај, откако го објави својот секси поглед на Сан Сиро, а од тогаш бројот на луге што ја следат на социјалните мрежи од ден во ден е се поголем и поголем.Ема Брозовиќ не е некоја новост за италијанските медиуми, навивачите атрактивната сестра на хрватскиот репрезентативец Марсело Брозовиќ ја открија уште на крајот на минатата година, но Ема во италијанските медиуми дојде откако играчот од средниот ред на Интер даде два гола, а таа на Инстаграм напиша „Epic is back“, со фотографија на нејзиниот брат во дрес на Интер. A post shared by EMA BROZOVIĆ (@brozovic.ema) on Aug 30, 2017 at 9:56am PDT Неодамна за неа пишува и италијански Скај, откако го објави својот секси поглед на Сан Сиро, а од тогаш бројот на луге што ја следат на социјалните мрежи од ден во ден е се поголем и поголем. 🤳🏼#dinnertime A post shared by EMA BROZOVIĆ (@brozovic.ema) on Oct 3, 2017 at 2:29pm PDT Засега на Инстаграм ја следат над 14 илјади, но со оглед на атрактивните кои ги објавува секој ден, не треба да чуди константниот раст на фановите. 💦☀️🇮🇹 A post shared by EMA BROZOVIĆ (@brozovic.ema) on Aug 19, 2017 at 7:03am PDT Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Други спортовиТрагедија во ринг: Борач го фрли судијата, тој почина на самото место (ВИДЕО)75-годишен судија почина за време на натпревар во борење во Мексико откако беше фрлен на подот од борачот Хозе Анхел. Инцидентот го објави порталот „Ацтека Нотицијас“.Според медиумските извештаи, судијата останал неподвижен по ударот, додека гледачите првично мислеле дека сето тоа е дел од претстава, со оглед на тоа што мексиканското борење често вклучува однапред планирани и театарски сцени. Сепак, ситуацијата набрзо станала сериозна. Медицински тим влегол во рингот и се обидел да му помогне на судијата, но лекарите го прогласиле за мртов на местото на настанот. Полицијата го притвори борачот Хозе Анхел, кој се соочува со обвиненија за убиство од небрежност. Властите продолжуваат со истрагата за да ги утврдат сите околности на овој трагичен настан. Иако мексиканското борење е познато по својата театралност и однапред планираните сцени, повредите за време на настапите не се невообичаени. Овој случај повторно го отвори прашањето за безбедноста и одговорноста на учесниците во случај на сериозни повреди или смрт за време на спортски настани.Тагови: борач судијата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаЗаложничка криза во Германија, има мртви и тешко повредени (ВИДЕО)Рутинската контрола на оружјето во баварскиот град Бергнау се претвори во целосна криза со најмалку едно лице загинато и едно тешко повредено, јавуваат медиумите во Германија.Кризата започна кога двајца локални владини претставници дојдоа во домот на еден маж на рутинска контрола на оружјето. Во ситуација опишана од германските медиуми како „нејасна“, човекот застрелал и убил едно лице, а друго сериозно повредило. Потоа се забарикадирал во својот дом, а на местото на настанот пристигнале големи полициски сили, вклучувајќи и специјални сили. Хеликоптер кружи над Бергнау, а е донесено и полициско оклопно возило. Полицијата им нареди на жителите да останат во своите домови и да ја избегнуваат кризната зона. Портпаролот на полицијата Јонас Краус изјави: „Според досегашните информации, во куќа во Бергнау има маж кој наводно испукал неколку куршуми“. „Франкфуртер Рундшау“ известува дека на полицијата ѝ било дозволено да влезе во зградата и да го извади телото на убиеното лице. Други медиуми објавија дека телото било пред куќата. Пошироката област околу општината Бергау во Баварија, која има население од околу 2.600 жители, е блокирана. Според полицијата, нема опасност надвор од блокираната област.Тагови: Германија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: Опозицијата седум години ја ограбуваше Македонија, а со нас денес е стабилна и во најголемата енергетска светска криза Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на митинг во Милетино во пресрет на изборите за градоначалник на општина Брвеница, кои ќе се одржат на 18 октомври годинава, имаше свое обраќање .Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на митинг во Милетино во пресрет на изборите за градоначалник на општина Брвеница, кои ќе се одржат на 18 октомври годинава, имаше свое обраќање пред присутните од каде повика на масовно обединување на граѓаните на претстојните избори, а потсети и на времето на претходната власт. ,,Седум години ја ограбуваа, ја распродаваа и ја уништуваа Македонија. Како да овие луѓе до пред само две и пол, три години, не беа тие коишто беа понижувани преку партија фудбалчиња и баскет парти во кабинетите и беа верни слуги на оние кои што владееја со нив. Како да заборавиле и на модуларната болница, како да заборавиле и на стабри и на мархиуана економија. И денеска еве ги тука пред вас, ви кажуваат како тие биле опцијата, како тие ќе го нанеле ударот врз идниот градоначалник Стојанчо, и како тие ќе помогнеле да не бидеме ни ние тие кои што ќе влезат во вториот круг“, вели Мицкоски. Тој повика на обединување на 18-ти октомври, затоа што, како што вели, опозицијата не е алтернатива. ,,Не се тие алтернативата. Тие се луѓето кои што ја ограбија и уништија Македонија. Зарем сакаме тие времиња да се вратат, кога понижени со свиткана кичма потпишуваа бели листови хартија, распродавајќи ја државата и истовремено ги полнеа своите џебови. Зарем тие истите луѓе, коишто седум години не водеа сметка да ве прашаат и погледаат во очи, како ви е, како се живее и што треба да направат за вас, за вашето место, за вашата општина и за нашата заедничка татковина. Единствено нешто за кое што се грижеа беше нивниот паричник, нивниот удобен живот, дебелите персиски килими, кожните фотелји и што е можно повеќе да украдат од вас граѓаните“, рече Мицкоски, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter