Италијанецот кој втрча на теренот: Инфантино дојде по мене во полиција во 4 часот наутро - Канал 5

Италијанецот кој втрча на теренот: Инфантино дојде по мене во полиција во 4 часот наутро

Натпреварот од 2. коло на Светското првенство во Катар помеѓу Португалија и Уругвај (2:0) беше накратко прекинат во 51. минута од навивач кој истрча на теренот облечен во маица со политички пораки и веејќи знаме со виножито.

Италијанецот кој втрча на теренот: Инфантино дојде по мене во полиција во 4 часот наутро

Се испостави дека тоа е Марио Фери, италијански нисколигаш, кој веќе ги прекинал натпреварите на Светското првенство.

Фери носеше сина маичка со логото на Супермен на која пишуваше „Спасете ја Украина“ напред и „Почитувајте ги Иранките“ на задната страна. Знамето со виножито беше јасна поддршка за ЛГБТК+ заедницата, на која законите на Катар им се закануваат дури и со смрт во случај на јавно изразување љубов.

Во интервју за шпанскиот OndaCero, Фери раскажа како дел од ноќта ја поминал во полициска станица додека од неволја го спасил претседателот на ФИФА и неговиот сонародник Џани Инфантино, кој не можел да поверува дека фудбалерот/навивачо/активистот го направи тоа што го направил..

"Поминав тешка ноќ. Не во затвор, туку во полициска станица. Инфантино дојде во четири часот наутро за да ми помогне. Никогаш претходно не сум го сретнал. Ми рече: "Ти пак, зошто? Катар е многу опасно место за тебе“, рекол Фери, а потоа ги објаснил причините за својата постапка.

„Му реков дека пораките што сакам да ги испратам ми се многу важни. Сакам да трчам на теренот и да влегувам среде тие важни натпревари, секогаш со добра намера и со позитивни пораки како вчера.“

Нисколигашот Кастел ди Сангра веќе 12 пати прекинал различни натпревари, вклучително и на Светското првенство во Бразил 2014 година кога неговата порака на натпреварот меѓу Белгија и САД гласеше: „Спасете ги децата во фавелите“.

Тој еднаш ја прекинал играта со порака за тогашниот италијански тренер Марсело Липи, на кого му замерил што не го повикал Антонио Касано, а упаднал и на теренот на натпреварот помеѓу Милан и Реал Мадрид во Лигата на шампионите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Минчев: Честит 8 Септември – 35 години независна Македонија!

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев со честитка по повод 8 Септември - Денот на независноста на Република Македонија.

Минчев: Честит 8 Септември – 35 години независна Македонија!

Има датуми што ги паметиме. Има датуми што ги славиме. Но има и датуми што ги носиме во срцето.

8 Септември е токму таков датум!

Пред 35 години, македонскиот народ одлучи сам да ја гради својата иднина. Со своја независна држава, со свои одлуки и со верба дека можеме сами да го одредуваме својот пат.

Оттогаш до денес, многу генерации сонуваа, работеа, се бореа и создаваа. Некои ги поставија темелите, некои ја чуваа државата, а наша обврска е да ја направиме подобро место за оние што доаѓаат по нас.

Затоа, независноста е одговорност. Одговорност кон земјата. Кон граѓаните. Кон оние што веруваа во Македонија и кога беше најтешко. И кон децата и младите кои допрва ќе ја пишуваат нејзината иднина.

Да ја чуваме со гордост. Да ја градиме со љубов и одговорност. И да оставиме зад себе држава во која идните генерации ќе сакаат да останат, да живеат и да го градат својот сон.

Затоа што Македонија е нашиот дом. Нашето име и идентитет. Нашата култура. Нашата приказна. Нашата иднина.

Честит 8 Септември – 35 години независна Македонија!

Да ни е вечна Македонија!

Горан Минчев,

Министер за јавна администрација

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче за 8 Септември: Нашата генерациска задача е да изградиме европска држава во која младите ќе сакаат да останат

Честит 8 Септември – Денот на независноста!

Филипче за 8 Септември: Нашата генерациска задача е да изградиме европска држава во која младите ќе сакаат да останат

Денес одбележуваме 35 години од историската одлука на македонските граѓани за независна, суверена и демократска држава.

Нашата државност не започна во 1991 година, создавана е низ генерации, преку историски, политички и револуционерен континуитет. Од идеалите на Илинден, преку одлуките на АСНОМ со кои беше втемелена македонската државност, до референдумот на 8 Септември и одлуката да продолжиме по патот на независноста.

Секоја генерација имала своја историска улога.

Илинденската генерација ги постави темелите на борбата за слобода. АСНОМската генерација ја оствари таа цел и ја втемели македонска државност.

Генерацијата од 1991 година се избори за независна држава, избирајќи го мирот во време на војни, и ја започна тешката битка за меѓународно признавање.

Генерациите потоа решаваа тешки спорови и остварија една од клучните стратешки цели поставени уште од независноста – членството на Македонија во НАТО, го отворија патот кон Европската Унија и го обезбедија македонскиот јазик и идентитет.

СДСМ е дел од тој државотворен континуитет – активен учесник во создавањето и развојот на современата македонска држава, во борбата за независност по мирен пат, меѓународното признавање, членството во НАТО и европската интеграција.

Но денес, кога славиме 35 години независност, мора да гледаме пред сè напред – кон годините и децениите што доаѓаат.

Нашите предци се бореа да имаме своја држава. Оваа нашата генерација има обврска да се избори нашите деца да сакаат да живеат во неа, да се избори за Европска Македонија.

Затоа што државата е и секојдневниот живот на луѓето, на нашите деца и внуци. Државата е во создавањето можности родителите достоинствено да го издржуваат своето семејство, младите да создадат дом, а повозрасните да имаат мирна и достоинствена старост. Работниците да живеат од својот труд, достоинствено , без страв дали ќе им стигне платата до први.

Да изградиме економски силна, европска држава, со подобар животен стандард, во која училиштата ќе се полнат со деца, наместо да се празнат, а младите своите соништа и својата иднина ќе ги гледаат тука, дома.

Да изградиме европска држава со систем што функционира и правда што важи еднакво за сите.

Да изградиме европска Македонија во која младите ќе можат да создадат дом и семејство, да имаат достоинствена работа, да успеваат со знаење и труд и да имаат европски можности дома.

Тоа е нашата генерациска задача. Да ја продолжиме македонската државотворна линија – со заедништво, со достоинство, и со јасна визија за иднината во Европа.

Затоа што Македонија е сè што имаме.

Нека ни е честит и вековит 8 Септември – Денот на независноста!, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Честит 8-ми Септември, 35 години откако македонскиот народ ја потврди желбата за независна Македонија

Честит 8-ми Септември, 35 години откако македонскиот народ ја потврди желбата за независна Македонија, држава која и денес е наша заедничка одговорност и аманет за идните генерации.

ВМРО-ДПМНЕ: Честит 8-ми Септември, 35 години откако македонскиот народ ја потврди желбата за независна Македонија

ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани им го честита 8-ми Септември, Денот на независноста на Република Македонија.

Пред 35 години не обедини сонот за слободна и независна Македонија. Македонскиот народ покажа дека има храброст да чекори по својот пат, со крената глава и со вера во сопствената иднина. Нека и денес не обединува љубовта кон Македонија.

Независноста е чувство на припадност, љубов кон татковината и одговорност кон иднината. Таа е обврска да го зачуваме она што ни е оставено и со достоинство да го предадеме на генерациите што доаѓаат.

Македонскиот јазик, македонската песна и македонската традиција се дел од приказната што се раскажува низ векови. Македонското знаме е симбол во кој се вткаени нашата историја, нашите корени, спомените на генерациите пред нас и надежите на генерациите што допрва ќе дојдат.

Македонија е наш дом, наш корен и дел од секој од нас. Да ја сакаме, да ја чуваме и со дела да придонесуваме за нејзината иднина.

Нека Македонија биде земја во која младите ќе остануваат затоа што тука го гледаат својот сон. Земја во која секое семејство ќе има причина да верува во подобро утре.

Да ја чуваме Македонија со љубов, да ја градиме со дела и да ја оставиме посилна на оние што доаѓаат по нас.

Нека е честит 8-ми Септември, денот на независноста!, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер