Голема полициска операција во Србија. Уапсени се шест лица за детска порнографија, спасени се девет деца
2Голема полициска операција во Србија. Уапсени се шест лица за детска порнографија, спасени се девет деца
3Басани од Светската банка: Народната банка е силна институција што придонесува за стабилен и отпорен банкарски сектор
МЗ: Потпишан петгодишен протокол за соработка со Универзитетот Тракија: обука за македонските здравствени работници во Едрене
1МЗ: Потпишан петгодишен протокол за соработка со Универзитетот Тракија: обука за македонските здравствени работници во Едрене
ЖивотИталијанец направи катастрофална грешка на венчавката, снимката има 27 милиони прегледи (ВИДЕО)Италијанецот Карло Бруно се ожени со Американката Сара Молика минатиот декември, а еден момент од нивната венчавка стана вирален на социјалните мрежи.Имено, младоженецот морал да ги повтори зборовите на свештеникот, кажувајќи ги своите завети на англиски јазик, кои се уште не го совладал. Сè било во ред додека не стигнаа до моментот кога тој требаше да каже дека ја зема Карла за своја законска (анг. lawful) сопруга . Италијанецот наместо тоа рече: "For my waffle wife" односно „За мојата жена од вафли“, на што невестата се изнасмеа и целата работа стана хит. @carloandsarah I take an a waffle for my wife😭 ♬ original sound - carloandsarah Карло и Сара објавија видео на нивниот заеднички TikTok профил со натпис: „Земам вафла за жена“, а видеото собра 27,3 милиони прегледи и 4,7 милиони лајкови. „Ова е најсмешното нешто досега“, напишал еден TikToker, додека друг коментира: „Ова изгледа како сцена од The Office“. „Нека вашите вафли животи се исполнети со среќа“, им посака трет, додека четвртиот напиша: „На крајот на краиштата, кој не сака вафли?Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалНајдобрите фудбалери против Кипар за опстанок во Б дивизијата од Лигата на нацииМакедонија оспатанокот во Б сегментот од Лигата на нации ќе се обиде да го избори во два меча против селекцијата на Кипар. Најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија попладнево денешната ждрепка во седиштето на УЕФА во Нион го дозна противникот во баражот за опстанок во Б-Лигата на нации. „Црвено-жолтите“ по катастрофалниот настап и шесте порази на исто толку натпревари, за опстанок во овој сегмент за противник ќе ја имаат репрезентацијата на Кипар. Нашите најдобри фудбалери осптанокот во Б дизивијата ќе се обидат да го изборат на домашен терен, бидејќи првиот натпревар избраниците на Седлоски го играат на 25 март следната година на Кипар, а реваншот е закажан за 28 истиот месец во Скопје. БАРАЖ ПАРОВИ: КИПАР – МАКЕДОНИЈА ЕСТОНИЈА – РОМАНИЈА ФАРСКИ ОСТРОВИ – ГРУЗИЈА БЕЛОРУСИЈА – ИЗРАЕЛКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеМЗ: Потпишан петгодишен протокол за соработка со Универзитетот Тракија: обука за македонските здравствени работници во ЕдренеМинистерот за здравство Сашо Клековски и ректорот на Универзитетот Тракија од Едрене, проф. д-р Мустафа Хатиплер, денеска во Скопје потпишаа протокол за соработка во областа на здравството, со важност од пет години.Протоколот е потпишан во рамки на проектот „Мостови на братството“ — балканска соработка во здравството и обука во текот на работата, што Универзитетот Тракија го спроведува со поддршка на Министерството за здравство на Република Турција. Македонија е третата земја вклучена во проектот, по Косово и Бугарија. Соработката предвидува: стручни престои и практична обука на македонски здравствени работници на Медицинскиот факултет и во Универзитетската болница во Едрене; размена на знаење и клиничко искуство меѓу стручните тимови; заеднички научни истражувања и стручни настани; институционална соработка што, покрај медицината, ги опфаќа и стоматологијата, фармацијата и здравствените науки. Протоколот е продолжение на меморандумот за разбирање во областа на здравството што министерот Клековски го потпиша со министерот за здравство на Република Турција, проф. д-р Кемал Мемишоглу, во октомври годинава во Истанбул, каде што стручната размена и специјалистичката едукација беа определени како приоритетни области. Во делегацијата на Универзитетот Тракија беа и проректорот и декан на Медицинскиот факултет проф. д-р Седат Устундаг, деканот на Факултетот за стоматологија проф. д-р Али Јилмаз и директорот на Универзитетската болница проф. д-р Алкин Чолак. „Договорите вредат онолку колку што од нив ќе почувствува корист еден пациент. Со овој протокол нашите здравствени работници добиваат место каде ќе се доусовршуваат, а знаењето што ќе го донесат останува тука“, изјави министерот Клековски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПожар на ортопедија во ГОБ 8 СептемвриПожар избувнал утрово во Градската општа болница „8-ми Септември“ во Скопје, на Одделот за ортопедија, поради што дел од пациетите морале да бидат евакуирани.Засега нема официјални информации каде точно избувнал пожарот, ниту која е причината за неговото настанување. Пожарот е локализиран и, според информациите од надлежните служби, нема опасност од негово понатамошно ширење.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08Кривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:088 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45