Минчев: Еднаква плата за еднаква работа - од реформа до функционален систем на плати во јавниот сектор
1Минчев: Еднаква плата за еднаква работа - од реформа до функционален систем на плати во јавниот сектор
3Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
Трамп ги минимизираше ризиците што ги претставува вештачката интелигенција по сериозните предупредувања
2Трамп ги минимизираше ризиците што ги претставува вештачката интелигенција по сериозните предупредувања
Други спортовиИталијанците доминантни на Охридскиот пливачки маратонИталијанците Франческо Гетини во машка и Барбара Поцопон во женска конкуренција, се победници на 32. издание на Охридскиот пливачки маратон, што се одржа денеска во Охридското Езеро.Во неизвесниот финиш втор во машка конкуренција стигна Едуардо Сточино, а трет беше Андреа Бјанки, двајцата од Италија. Во групата која речиси едновремено стигна на целта беше и македонецот Евгениј Поп Ацев, кој сепак не заврши на подиумот. Од жените втора беше Ана Олас од Унгарија, а Аличе Франко од Италија е трета. Натпреварувачите ги пречка претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, кој им честиташе и на најдобрите во машка и женска конкуренција им врачи пехар, а за вторите и третите - медали. Апсолутниот победник на 25 километарската делница „Климе Савин“, беше италијанецот Џетини, кој патеката ја мина за 5 часа 13 минути 59 секунди и 62 стотинки. Во изјава за медиумите потврди дека прв пат учествува на Охридскиот пливачки маратон и после добриот старт успеал да стигне до победа. - Беше навистина добра трка. Од почетокот се обидов да не ја користам целата моја сила и на крај успеав да победам, рече Џетини, кој скоро цело време ги предводеше маратонците, кои несвојствено пливаа во група. Барбара Поцопон, која и минатата година го освои овој маратон нагласи дека трката била добра, но оти на крај времето не ги послужи. - Почнавме со сонце, а завршивме со дожд и бранови што е тешко за оваа пливачка дисциплина, рече Поцопон. Нашиот претставник Поп Ацев, кој беше во водечката група иако очекувал медал заостана во последните метри. - Последните метри заостанав поназад од тоа што се надевав. Добра трка. Иако не се чуствував баш најдобро за време на трката сепак на финишот се надевав дека ќе освојам барем медал, но последните метри снемав сила, изјави Поп Ацев. Дваесет и пет километарската трка ја почнаа 30 натрпеварувачи во машка и женска конкуренција, од кои двајца се откажаа некаде на половина, во близина на Трпејца. Стартот го означи единаесет кратниот победник, Петар Стојчев од Бугарија. Бугарскиот пливач победуваше од 2001 до 2004. Во 2005 година од тронот го симна Французинот Жил Рондо, а потоа победуваше од 2006 до 2012 година во серија. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦУК: Во изминатото деноноќие 11 пожари, само еден е активен, останатите се изгасени08:25По „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17Министерот Тошковски и премиерот Мицкоски во СВР Велес: „Безбеден град“ ставен во функција14:00Димитриеска-Кочоска: Бројките ја покажуваат реалната состојба, резултатите се видливи12:34Двајца загинати и тројца тешко повредени во директен судир15:00
Шоу бизГвинет Палтроу се соблече во топлес среде снимање, а потоа продолжи како ништо да не се случилоХоливудската ѕвезда Гвинет Палтроу повторно се соблече за објава на социјалните мрежи.Гвинет Палтроу повторно најде начин да ги изненади своите следбеници, а овој пат тоа го стори среде едно навидум обично видео посветено на есенската мода. Гвинет Палтроу повторно се соблече за објава на социјалните мрежи. 53-годишната актерка им порача на своите следбеници на TikTok дека е „време за џемпери“ и сподели видео во кое прикажа различни плетени парчиња облека, вклучувајќи ги и оние од нејзината луксузна модна линија GWYN. @gwynethpaltrow Hope that clears things up ♬ original sound - Gwyneth Paltrow За да го сними видеото, Гвинет го поставила својот мобилен телефон во дизајнерска фрижидер-торба во нејзиниот дом во Монтесито, Калифорнија, а потоа ненадејно се појавила без горниот дел од облеката. Интимните делови биле покриени со стратешки поставена црна лента. Додека грицкала јаболко, актерката ја покажала својата витка фигура, облечена само во бели фармерки.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМинчев: Еднаква плата за еднаква работа - од реформа до функционален систем на плати во јавниот секторДенес, системот на плати во јавниот сектор се уште се карактеризира со различни правила, процедури и практики меѓу институциите. Тоа создава нееднаквости и ја отежнува примената на јасни и единствени стандарди за вреднување на работата. Затоа, воспоставувањето поусогласен, транспарентен и праведен систем на плати е една од важните реформи на кои Министерството за јавна администрација посветено работи. Во насока на оваа реформа, денеска започна петдневната TAIEX експертска мисија посветена на воспоставување единствен и усогласен систем на плати во јавниот сектор. Мисијата ја отворија министерот за јавна администрација, Горан Минчев и вршителката на должноста амбасадор на Република Грција, Христина Василату, а во нејзини рамки експерти од грчкото Министерство за национална економија и финансии ќе го пренесат искуството од грчкиот Единствен систем на исплата, модел кој овозможува централизирано и усогласено управување со исплатите во јавниот сектор. „Нашата цел е јасна, да воспоставиме систем во кој правилата ќе бидат јасни и еднакви за сите, а принципот „еднаква плата за еднаква работа“ да биде реално применлив во целиот јавен сектор“ порача министерот Минчев. Министерството работи на новата законска рамка за системот на плати, со план законското решение да биде заокружено до крајот на 2026 година, а неговото постепено и систематско спроведување да започне во 2027 година. „Не сакаме да копираме туѓ модел. Сакаме да го разбереме, да го анализираме и врз основа на нашите институционални, законски и финансиски услови да изградиме решение кое ќе биде функционално и применливо за Македонија“ истакна Минчев. Според него, целта е да се создаде систем што нема само да ги поедностави процесите, туку ќе донесе поголема транспарентност, подобра контрола на јавните средства и поквалитетни податоци за носење јавни политики. За Министерството за јавна администрација, ова е конкретен чекор во реформата за градење на поефикасен и поправеден систем на плати, систем во кој правилата се јасни, одговорноста е прецизно утврдена, а јавните средства се управуваат поефикасно и потранспарентно. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦУК: Во изминатото деноноќие 11 пожари, само еден е активен, останатите се изгасени08:25По „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17Министерот Тошковски и премиерот Мицкоски во СВР Велес: „Безбеден град“ ставен во функција14:00Димитриеска-Кочоска: Бројките ја покажуваат реалната состојба, резултатите се видливи12:34Двајца загинати и тројца тешко повредени во директен судир15:00
МакедонијаСДСМ: Арамија Мицкоски повторно лаже со статистика - „Фич“ не кажа дека се живее подобро Шефот на ВМРО-ОКГ повторно излезе да слави бројка што не се мрднала.2024: BB+ 2026: BB+ Тоа не е напредок. Тоа е исто. А тој тоа го продава како лоша вест за опозицијата и како доказ дека народот живее подобро. Лаже уште додека ја чита оценката. Што значи BB+ на јазик што го разбира секој: Нема инвестициски рејтинг. Инвестицискиот почнува од BBB. Ние сме под тоа. Државата и натаму се смета за ризична. Зошто? Затоа што сè уште не сме дел од ЕУ. Затоа што Мицкоски не ги спроведува потребните реформи. СДСМ го направи првиот чекор и ја обезбеди сигурноста за инвестициите со влезот во НАТО. Сега ни е потребна ЕУ за да продолжиме да напредуваме. Затоа се Мицкоски задолжува поскапо од земјите со BBB. Истиот ризик. Истата цена на долгот. Истата приказна. „Фич“ не му напиша пофалница на Мицкоски за стандардот. Агенцијата со две години ги повторува истите дупки: голем фискален дефицит, ниска продуктивност, демографски проблем. Државата троши повеќе отколку што собира. Работи помалку вредност отколку што треба. Луѓето си одат. Тоа не е економски тигар. Тоа е предупредување во фуснота, а арамијата го чита како химна. И најважно: оваа оценка не зборува за животот на граѓаните. Не ја мери потрошувачката кошничка. Не го мери горивото. Не ја мери киријата. Не ја мери минималната плата што стои. Не го мери фрижидерот. Граѓаните не живеат во извештај на „Фич“. Живеат со цени до плафон во продавница, маркет, пазар. Таму цената оди нагоре. Горивото јаде плата. Поскапувањата не чекаат рејтинг. Минималната плата не расте. А најсилниот показател не е ни БДП ни BB+ туку празни фрижидери и празни паричници на граѓаните. Подобар показател од тоа нема. Кога Мицкоски вели „денес се живее многу подобро отколку пред три години“, не го гледајте „Фич“. Погледнете ја сметката. Ако оценката е иста како во 2024, а кошницата е потешка, лагата е очигледна. Арамија чим ќе зине - лаже. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦУК: Во изминатото деноноќие 11 пожари, само еден е активен, останатите се изгасени08:25По „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17Министерот Тошковски и премиерот Мицкоски во СВР Велес: „Безбеден град“ ставен во функција14:00Димитриеска-Кочоска: Бројките ја покажуваат реалната состојба, резултатите се видливи12:34Двајца загинати и тројца тешко повредени во директен судир15:00