Ако дојде до ескалација на растот на нафтата на светските берзи, владата ќе преземе мерки, вели Божиновска
1Ако дојде до ескалација на растот на нафтата на светските берзи, владата ќе преземе мерки, вели Божиновска
3Мицкоски се сретна со Ландау: Разговаравме за можностите за унапредување на соработката во повеќе области
Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
2Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
ЕвропаИталија разби пиратска мрежа за стриминг вредна 300 милиони евраИталијанската финансиска полиција во петокот објави демонтирање на софистицирана пиратска мрежа за стриминг која им нанесе штета на носителите на права како што се „Sky“, „DAZN“, „Netflix“, „Disney+“ и „Spotify“ проценета на 300 милиони евра.Операцијата откри технолошки напреден систем кој им овозможи на илјадници корисници нелегално да пристапат до заштитена содржина, објави Ројтерс. Како функционирал системот за пиратерија Полицијата „Guardia di Finanza“ соопшти дека операцијата била насочена кон досега невидена технологија изградена околу апликацијата „CINEMAGOAL“. Апликацијата ги поврзувала уредите на корисниците со странски сервери кои нелегално дешифрирале содржина за стриминг. #GdiF #Ravenna: contrasto alla pirateria audiovisiva. Eseguite oltre 100 perquisizioni e sequestri in Italia, Francia e Germania mirati a contrastare l'illecita diffusione di abbonamenti "pirata”. Migliaia i soggetti coinvolti.#Noiconvoi #cittadinoinformato pic.twitter.com/S7Rav5nH3v — Guardia di Finanza (@GDF) May 22, 2026 Виртуелните машини работеле деноноќно на италијанска почва, пресретнувајќи и реемитувајќи кодови за пристап од легитимни претплати на секои три минути. Овие претплати, додаде полицијата, биле регистрирани на фиктивни сопственици на сметки. Овој систем ги заобиколувал безбедносните проверки на платформите за стриминг и не барал поврзување со одредена IP адреса, што ги отежнувало откривањето на корисниците. Годишните претплати се нуделе по цени од 40 до 130 евра. Меѓународна соработка и заплена на сервери Обвинителите од Болоња, во соработка со агенцијата за судска соработка на Европската Унија, Евроџаст, обезбедија заплена на странски сервери на кои беа складирани податоците за дешифрирање и изворниот код на апликацијата. Полицијата соопшти дека паралелни операции биле спроведени и во Франција и Германија. Казни за корисниците „Guardia di Finanza“, исто така, откри употреба на традиционални нелегални уреди за стриминг, познати во Италија како „ pezzotto “. Казни во износ од 154 до 5.000 евра ќе бидат издадени за 1.000 идентификувани корисници на пиратскиот систем. Извор: Индекс.хрТагови: пиратерија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд полноќ нови цени на горивата, дизелот поскап за 5,5 а бензините за 1,5 денари за литар18:25РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 5,50 денари по литар, бензините поевтинуваат16:29Од полноќ нови цени на горивата15:05Мицкоски: Разговарав со државниот секретар на САД, Марко Рубио.08:31Црн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00
Други спортовиБобан Илиоски објави дека потпишал договор со GLORY: Пишувам историја за македонскиот кикбоксМакедонскиот кикбоксер Бобан Илиоски објави дека потпишал договор со GLORY Kickboxing, една од најпознатите светски организации во овој спорт.„Денес со огромна гордост можам да кажам дека го направив еден од најголемите чекори во мојата кариера потпишав договор со „GLORY Kickboxing“. Со ова не го остварувам само мојот сон, туку пишувам историја за македонскиот кикбокс. Ова е голем чекор за мене, но и врата што се отвора за сите млади македонски кикбоксери кои сонуваат еден ден да стигнат до најголемата сцена. Сакам да покажам дека со многу работа, жртва, дисциплина и верба во себе соништата можат да станат реалност. За мене ова е остварување на долгогодишен сон. Зад овој момент стојат безброј тренинзи, откажувања, падови, станувања и моменти во кои морав да продолжам и кога беше најтешко. Ова е огромна работа за мене, но и за моето семејство, кое беше со мене од самиот почеток и веруваше во мене кога можеби никој друг не веруваше. Од срце сакам да им се заблагодарам на сите кои на било каков начин ми помогнале да стигнам до овој момент на моите тренери,пријатели, луѓе кои ме поддржувале, како и на сите што верувале во мене и во мојот сон. Ова е само почеток. Македонијо, време е да се слушне нашето име на најголемата кик бокс сцена во светот🇲🇰 Сонот е остварен ,историјата е започната Јас сум првиот кикбоксер од Македонија што потпиша за GLORY. Посебна благодарност до Мајк Пасениер за дадената прилика, довербата и можноста да бидам дел од оваа голема организација.“- објави Илиоски на Инстаграм. View this post on Instagram A post shared by Бобан Илиоски (@bobancoo) Тагови: Бобан Илиоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАко дојде до ескалација на растот на нафтата на светските берзи, владата ќе преземе мерки, вели БожиновскаДоколку ситуацијата со цените на нафтените деривати ескалира, Владата ќе ги разгледа сите расположливи механизми за ублажување на ценовниот удар врз граѓаните, уверува министерката за енергетика Сања Божиновска. Сепак таа потсетува дека засега единствено останува мерката со намалено ДДВ за дизелот од 18 на 10% и дека Министерството за финансии ги разгледува финансиските импликации што би можело да дојдат од дополнителни мерки. Божиновска посочи и дека во моментов нема нови преговори со ОКТА за дополнителен попуст. -Значи, тоа е виша сила, војна врз која ние не можеме да влијаеме. Минатата недела имавме онлајн вонредна седница на Влада и откако почна сè, уште од март, направивме и акциза и намалување на ДДВ и со ОКТА договоривме попуст. Го намаливме ДДВ-то на 10 проценти. Дискутираме, гледаме и ќе се консултираме на ниво на Влада. Влада имаме во вторник, ќе видиме како понатаму.-Соња Божиновска – министерка за енергетика, рударство и минерални суровини А токму зголемените цени на нафтените деривати, според ССМ, дополнително го притискаат домашниот буџет. Септемвриската минимална синдикална кошница достигна 69.432 денари за четиричлено семејство, а со кирија надминува 84.000 денари. За еден месец е зголемена за 757 денари, а во споредба со септември лани за над 4.300. Од ССМ ја поздравуваат мерката за намалено ДДВ на дизелот, но велат дека ефектот врз семејниот буџет речиси не се чувствува, бидејќи поскапите горива веќе се прелеваат и врз транспортот, вклучително и меѓуградските автобуски билети. Решението го гледаат во што поскоро заседавање на Економско-социјалниот совет и договор за подолгорочни мерки за заштита на животниот стандард. - Да речеме Тетово-Скопје за 50 денари во еден правец се зголемени. Така да 250 денари во еден правец, во двата е 500 денари. Истото е за Куманово, истото е за Велес. Пресметајте доколку некој работи во Скопје од овие градови коишто ете гравитираат околу Скопје, а верувам дека таму се и вработени, исто така ќе видиме дека имаме и многу средношколци, имаме многу студенти коишто исто патуваат и сето тоа го дооптоварува домашниот буџет. Така да мислам дека Економско-социјалниот совет треба што побрзо да седне и да се направи една долгорочна стратегија.-Љупчо Радовски – ССМ Согласно пресметките на ССМ, во месец септември најмногу од домашниот буџет и натаму оди за храна и пијалаци, односно 25.259 денари, потоа следуваат облеката и обувките со речиси 6.800 денари, домувањето, струјата и гасот со над 6.300 денари, како и транспортот со нешто над 5.400 денари. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд полноќ нови цени на горивата, дизелот поскап за 5,5 а бензините за 1,5 денари за литар18:25РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 5,50 денари по литар, бензините поевтинуваат16:29Од полноќ нови цени на горивата15:05Мицкоски: Разговарав со државниот секретар на САД, Марко Рубио.08:31Црн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00
МакедонијаОд полноќ нови цени на горивата, дизелот поскап за 5,5 а бензините за 1,5 денари за литарОд полноќ нови цени на горивата. По само две недели дизелот повторно ќе се продава со цена повисока од 100 денари.Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 5,50 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 5,00 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,835 ден/кг и сега ќе изнесува 50,078 ден/кг. Новите повисоки цени регулаторна ги откри попладнево. Повеќе детали има Игор Манасиевски. Регулаторна непшто подоцна од вообиучаено ги соопшти новите цени. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter