Италија издвојува уште 10 милијарди евра за помош на погодените со коронавирусот, со вкупен пакет од 500 милијарди

Италијанската Влада планира да издвои дополнителни 10 милијарди евра за кредитни гаранции и ликвидност за бизнисите и компаниите погодени од кризата, изјави денеска владин извор за Ројтерс.

Владата во март усвои пакет итни мерки од 25 милијарди евра за да ги ублажи негативните ефекти од епидемијата на коронавирус.

Пакетот вклучува и пет милијарди евра гаранции за банкарски заеми и за ликвидност на компаниите и домаќинствата, што според Министерството за финансии, на крајот би можело да достигне и до 340 милијарди евра.

Третата економија во еврозоната има големи тешкотии во одржувањето на егзистенцијата на компаниите и граѓаните, така што владата планира втор пакет за итни случаи „да ослободи најмалку 500 милијарди евра’ , изјави министерот за економија Роберто Гвалтиери во интервју за Il Fatto Quotidiano на италијанската телевизија..

„Ваквиот потег би барал министрите од Министерството за финансии да издвојат дополнителни 10 милијарди евра за гарантирање на програми, покрај претходните пет милијарди“, изјави извор од владата, кој сакаше да остане неименуван заради чувствителноста, објави Ројтерс.

Министерот за економија оцени дека, за жал, црните предвидувања на Здружението на претприемачи се реални, според кои, како резултат на кризата со коронавирусот, италијанскиот бруто домашен производ (БДП) може да падне дури за шест проценти во текот на годината.

Италија е епицентарот на коронавирусната епидемија во Европа и е прва меѓу западните земји што воведе сеопфатна забрана за движење и прекина на економската активност, откако го потврди присуството на вирусот пред скоро шест недели. Оваа недела Рим објави дека ограничувањата ќе бидат продолжени барем за Велигденските празници кон средината на април.

Јанчев: Се поставуваат сливници и решетки во село Возарци

Во тек е поставување на сливници и решетки во село Возарци, откако претходно беше поставена атмосферска и фекална канализација, објави на социјалните мрежи првиот човек на Општина Кавадарци, Митко Јанчев. 

Во тек е поставување на сливници и решетки во село Возарци, откако претходно беше поставена атмосферска и фекална канализација, беа асфалтирани сите споредни улици како и комплетно целата главна улица.

Инвестиција на Општина Кавадарци во висина од 20.000.000 денари, а изведувач е фирмата Жикол.

За убаво Кавадарци. [🍀], напиша Јанчев на Фејсбук.

„Гответе со Дракче“ - Оброк со варени јајца

Во четврток (25.04.2024) во емисијата гостин ни беше Благоја Грујовски.

Состојки за денешниот рецепт:

4 јајца

1 лажица јаболков оцет

1 лажица крупна сол

100 гр. рендан пармезан

1 коцка путер

малку бибер

неколку парчиња двопек

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Локалните избори во Србија и изборите во Белград ќе се одржат на 2 јуни

Претседателката на српскиот парламент, Ана Брнабиќ, за недела, 2 јуни, распиша локални избори во 66 единици на локалната самоуправа во Србија.

Во своето обраќање во српскиот парламент, Брнабиќ рече дека распишувањето на локалните избори за 2 јуни, кога ќе се одржат и изборите во Белград, е резултат на „успешниот дијалог“ и усвојувањето со двотретинско мнозинство во парламентот на измените и дополнувањата на законот за локални избори.

- Среќна сум што испративме порака од парламентот до сите наши граѓани дека како нивни избрани претставници сме способни да постигнеме договор и покрај сите наши разлики. Ваквиот договор е победа на сите одговорни луѓе, рече претседателката на српскиот парламент.

Веднаш потоа, претседателот на привремената управа на Белград, Александар Шапиќ, за недела, 2 јуни, распиша избори во 17 белградски општини.

Шапиќ рече дека од денеска почнуваат роковите за спроведување на изборните дејствија.

- Им посакувам среќа на сите учесници на изборите и на граѓаните кои покрај претставниците во собранијата на градските општини избираат и свои претставници за Собранието на град Белград, рече Шапиќ.

притисни ентер