Италија бара отштета од Швајцарија за ужасниот пожар во ски-центарот - Канал 5

Италија бара отштета од Швајцарија за ужасниот пожар во ски-центарот

Италијанската влада денес објави дека е регистрирана како тужител во судска постапка за пожарот во швајцарскиот ски-центар Кран-Монтана, во кој загинаа 41 лице, вклучувајќи шест Италијанци.

Италија бара отштета од Швајцарија за ужасниот пожар во ски-центарот

Швајцарија бара од Италија да плати за лекувањето

Овој потег доаѓа по тензиите меѓу двете земји поради трагедијата на новогодишната ноќ и неодамнешните барања на Швајцарија Италија да плати за лекувањето на повредените Италијанци во пожарот. Правната акција е оправдана со „значајните ресурси“ мобилизирани од националната цивилна заштита за да им помогне на италијанските жртви, соопшти канцеларијата на премиерката Џорџија Мелони.

Таа е исто така заснована на „исклучителната одговорност“ на швајцарските локални власти, што „оправдува правна акција против сите одговорни страни“, се вели во соопштението на италијанската влада.

Што направи Швајцарија?

Швајцарските обвинители започнаа кривични истраги против француските сопственици на барот, како и голем број локални функционери, вклучувајќи го и градоначалникот на Кран-Монтана, кој призна дека неговата општина пропуштила неколку годишни безбедносни проверки на објектот.

Италијанскиот амбасадор во Швајцарија нагласи дека Италија ги лекувала повредените швајцарски пациенти во Кран-Монтана во една од своите болници и придонела во спасувачките операции со хеликоптер, без да бара пари.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пентагон објави уште 71 документ за НЛО

Американскиот Пентагон објави шеста серија документи поврзани со неидентификувани летечки објекти (НЛО).

Пентагон објави уште 71 документ за НЛО

Американскиот Пентагон објави шеста серија документи поврзани со неидентификувани летечки објекти (НЛО), вклучувајќи десетици досиеја со детали за воена програма во чии рамки биле нарачани студии за „ворп“ погони – системи за движење со брзина поголема од брзината на светлината – како и за црвоточини и за повреди што истражувачите ги поврзувале со можни средби со непознати летала.

Пентагон објави вкупно 71 документ; 67 од нив беа обезбедени од Министерството за одбрана, додека четири потекнуваат од локални органи за спроведување на законот во Колорадо, пренесува CBS.

Објавениот материјал вклучува 55 PDF-датотеки, 15 видео-датотеки и една аудио-датотека, а документите датираат од периодот меѓу 1952 и 2025 година, според агенцијата Танјуг.

Новообјавените документи за НЛО се однесуваат на тајна американска воена иницијатива позната како „Програма за примена на напредни системи за воздушно-вселенско оружје“ (Advanced Aerospace Weapon System Applications Program), која била формирана од Агенцијата за одбранбено разузнавање (DIA) во 2008 година и била активна до 2012 година.

Иако повеќето референтни документи на одбранбеното разузнавање разгледуваат идеи што граничат со научна фантастика, еден документ претставува високотехничка студија од 38 страници, изработена во 2010 година, во која се анализираат „докази за ненамерни повреди кај човечки набљудувачи, предизвикани од аномални напредни воздушно-вселенски системи“.

Во тој документ, истражувачите наведуваат дека „тројца претходно здрави и активни поединци доживеале аномален (нерегуларен, невообичаен и неконзистентен со нивната област на работа) настан поврзан со воздушно-вселенски системи“, по што развиле низа медицински симптоми, вклучувајќи чувство на топлина на кожата, црвенило и опаѓање на косата.

Кај еден од поединците се појавиле „знаци на радијациона болест“ и, „во текот на неколку години, се развиле знаци на малигна трансформација“.

Во извештајот се наведува дека е „прецизно евидентиран доволен број инциденти/несреќи“ и дека се „собрани медицински податоци што ја поткрепуваат хипотезата дека веќе се распоредени одредени напредни системи“, чиј начин на функционирање останува нејасен за Соединетите Држави.

Повеќето од видеата во објавените документи наликуваат на оние од претходните соопштенија, прикажувајќи нејасни снимки од необјаснети објекти забележани од воени камери; еден необјаснет инцидент од 2022 година прикажува беспилотно летало што се движи со променливи брзини, меѓу 130 и 290 километри на час.

Придружниот извештај за средбата наведува дека операторите биле на мисија на Блискиот Исток кога забележале разни објекти на непознати височини; екипажот пријавил дека објектите имале големина од еден до два метра и „летале спорадично во рамките на целната област“.

Друго видео, снимено над Блискиот Исток, прикажува „шест мали сферични објекти“ кои делувале „агилно“ и често ја менувале насоката на движење.

Четири видеа потекнуваат од локални служби за спроведување на законот во Колорадо, кои доставиле извештаи до канцеларијата на Пентагон; една делумно заматена снимка била направена со камера од мобилен телефон во октомври 2023 година.

„Службеникот што го поднел извештајот го опишал феноменот како ‚тивок‘ и како ‚црвени, сини и зелени трепкачки светла‘“, наведува американската војска во белешките што ја придружуваат една од снимките.

Објавените документи вклучуваат едночасовна аудиоснимка и транскрипт од изјавите дадени во 1952 година од страна на офицерот на Военото воздухопловство, Едвард Рупелт; во нив тој ја објаснува истрагата на службата за инциденти поврзани со НЛО и истакнува дека околу 20 проценти од 800-те пријави за НЛО, истражени од Военото воздухопловство, остануваат мистерија.

На 14 септември, Пентагон објави воведување правен исклучок што ќе им овозможи на сегашните и поранешните вработени – кои претходно биле обврзани со договори за доверливост – да споделуваат информации поврзани со истражувањето на НЛО со владата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Едукативна трибина за превенција од малигни заболувања „Заедно за рано откривање, заедно за живот“

Раното откривање може да спаси живот. Со оваа порака денеска од Драчево започна кампањата „Розев октомври“ посветена на подигнување на свеста за ракот на дојка. 

Едукативна трибина за превенција од малигни заболувања „Заедно за рано откривање, заедно за живот“

Во „Паркот на бранителите“ се одржа едукативна трибина под мотото „Заедно за рано откривање, заедно за живот“, на која лекари, пациенти и граѓани разговараа за превенцијата, навремените прегледи и лекувањето.

Наташа Бабулова, членка на здружението „ХЕМА-ОНКО“, пред присутните ја сподели личната борба со ракот на дојка. Нејзината порака е дека стравот не треба да биде причина за одложување на прегледот, бидејќи токму навременото откривање на болеста може да биде пресудно за понатамошното лекување.

Од Клиниката за радиотерапија и онкологија посочија дека раната дијагноза е еден од најважните фактори во борбата со болестадека навременото јавување кај лекар овозможува болеста да се открие во порана фаза и пациентките навреме да го започнат потребниот третман.

Трибината ја организираа Општина Кисела Вода и здружението „ХЕМА-ОНКО“, а градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска истакна дека целта е преку вакви настани информациите за превенцијата и раната дијагностика да стигнат до што поголем број граѓани.

Денешната трибина во Драчево е почеток на активностите на кампањата која ќе трае до 4-ти октомври и ќе се заокружи со „Розев пикник“ на Школка во Градскиот парк.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

АБА-лигата бара нови судии: Познати услови и рокот за пријавување

Регионалната кошаркарска АБА-лига распиша конкурс за нови судии кои во иднина би можеле да ја делат правдата во регионалното кошаркарско натпреварување.

АБА-лигата бара нови судии: Познати услови и рокот за пријавување

Право на пријавување имаат судии кои имаат најмалку 25 години и пет сезони искуство на највисокото ниво од домашното првенство или на меѓународната сцена.

Од кандидатите се очекува добро познавање на англискиот јазик и соодветна физичка подготвеност, а сите пријавени ќе треба да поминат низ неколку стручни проверки.

Процесот на селекција ќе вклучува тест за правилата на кошарката, анализа на спорни и карактеристични ситуации од натпревари, проверка на познавањето на англискиот јазик, физичко тестирање и интервјуа со кандидатите.

Заинтересираните судии можат да поднесат пријави најдоцна до 21 септември, до 15:00 часот.

Регионалното натпреварување исто така ги објави судиските хонорари за сезоната 2026/27, кратко откако во јавноста се појавија информации дека Здружението на судии на АБА-лигата побарало значително подобрување на материјалната и правната положба на судиите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер